Акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион за 2017 година

Центарот за развој на Пелагонискиот регион денес на 18.08.2016 година во Битола, одржа работилница за подготовка на Акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2017 година.

Целта на работилницата беше да се идентификуваат проектни идеи со регионално значење чија имплементација би значела поцелисходна реализација на целите и приоритетите на Програмата за развој на Пелагонискиот регион. На истата присутни беа претставници од јавниот, невладиниот и бизнис секторот од Пелагонискиот регион.

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНКА ЗА ПЛАНСКИ ДОКУМЕНТ “РЕГИОНАЛЕН ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН”

Одлука за спроведување на стратегиска оценка за плански документ

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката – Погледни

На следниот линк можете да го погледнете формуларот – Погледни

Реконструкција на градскиот плоштад во Крушево

Со реализацијата на проектот градскиот парк и плоштад во Крушево ќе добие целосно нов и современ изглед. Ќе се врати вистинското значење на плоштадот,  на  површина од 765m² ќе се изврши реконструирање и изградба на современ практичен простор за Крушевчани.

Во централниот дел од плоштадот е изградена архитектонско-урбана композиција од градска чешма, фонтана и скали со вкупен габарит од 5,00 х 8,00 метри. Градската чешма и фонтаната се изградени од армирано-бетонски темелни стопи, платна, ѕидови и плочи со МБ30. Висината на чешмата изнесува 3,4 метри.

Во долниот дел на јужната страна поставено е гранитно монолитно корито и чешма за пиење на вода. Извршено е поплочување на просторот во горниот (северниот дел со гранитни штоковани плочки 40х40х5 – 237 м² и гранитни цепени коцки 10х10х5 320м²,  како и уредување на постојното ниско и високо зеленило. Изградена е јавна парковска површина, како комбинација на пешачки патеки и плато поплочени со гранитни елементи со разновидна форма, големина и текстура и зелени површини.

Со проектот реконструирано е и јавното осветлување на целиот опфат во смисла на замена на постојните светилки и поставување на нови на места каде што е потребно. Поставена е нова атмосферска канализација на целата површина на плоштадот.

Со  реализацијата на овој проект покрај осовременување на просторот со елиминирање на создадените бариери од урбана опрема ќе се овозможи слободна флуктуација на граѓаните во сите правци на центарот на Крушево.

16-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

На 18.07.2016 година во Општина Демир Хисар, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во присуство на Градоначалниците од Пелагониските општини и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја одржа својата 16-та седница.

На шеснаесеттата седницата на СРППР на дневен ред беа следните точки:

1.Разгледување и усвојување на записникот од 15-тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион;
2.Предлог Одлука за измена и дополнување на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2016 година- Ребаланс на буџетот на ЦРППР;
3.Предлог Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
4.Предлог Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
5.Информација за меѓународната конференција за бизнис средби со компании од Република Турција;
6.Разно

16-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

На 18.07.2016 година во Општина Демир Хисар, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во присуство на Градоначалниците од Пелагониските општини и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја одржа својата 16-та седница.

На шеснаесеттата седницата на СРППР на дневен ред беа следните точки:

1.Разгледување и усвојување на записникот од 15-тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион;
2.Предлог Одлука за измена и дополнување на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2016 година- Ребаланс на буџетот на ЦРППР;
3.Предлог Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
4.Предлог Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
5.Информација за меѓународната конференција за бизнис средби со компании од Република Турција;
6.Разно

Уредување на плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани

Центарот за развој на Пелагониски плански регион денес на 29.06.2016 во Општина Кривогаштани, одржа прес конференција по повод реализацијата на проектот: Партерно уредување на Плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани”

Со овој проект ќе биде извршено комплетно уредување на плоштадот со површина од 1.386м² околу општинската зграда на Општина Кривогаштани.

Околу целиот објект и сите пристапи кон парцелата ќе бидат изградени пешачки патеки обработени со терастоун плочки во сива боја, пропратени со тревници, ниско и високо зеленило. Патеки се пропратени со урбана опрема и тоа со прави и лачни клупи изработени од метал и дрво, метални корпи за отпад и канделабри за осветлување на целиот плоштад.

На централниот простор оформена е кружна пешачка патека со централно поставена цветна површина во форма на сонце, со цвеќиња во црвена и жолта боја. Низ цветната површина предвидени се пешачки патеки обложени со терастоун плочки во црвена и жолта боја, декоративно обработени да заедно со цветната површина формираат една целина.

Извршено ќе биде уредување на тревни површини со хортикултурно уредување, и ниско и високо зеленило со цветни површини во црвена и жолта боја.Тревните површини ќе бидат опремени со систем за наводнување и прскалки на целата површина која ќе се наводнува.

Во средишниот дел ќе бидат поставени 3 дворни чешми на различни позиции во парцелата. Пред главниот влез ќе се постават 3 метални јарболи со висина од 8-9 м поставени на армирано бетонски темел.

Исто така се реализира и паркинг простор за 27 паркинг места обработен со бехатонки, разделен на три позиции на различни страни на плоштадот.

Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден пешачки простор и мини шеталиште се обезбедува доволен број на паркинг места. Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават центарот на Општина Кривогаштани и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Центарот за развој на Пелагониски плански регион го реализира проектот во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во мерката322 и неговата вкупна вредност изнесува 4.428.966 мкд со ддв

Инфо ден за бизнис секторот во Пелагонија 23.06.2016

Бизнис центарот кој функционира во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Регионалната Стопанска комора од Битола и Фондот за иновации и технолошки развој денеска одржаа информативна средба за микро, малите и средните претпријатија на кој што ги информираа за можностите за финансирање проекти преку овој фонд.

Информативната средба е дел од активностите во Бизнис центарот кој што е формиран минатата година со поддршка на Министерството за локална самоуправа. Овие информативни средби се организират со цел навремено информирање на компаниите од регионот за сите програми и отворени повици каде што може да аплицираат за финансиска поддршка на своите бизниси.

Најновите информации за достапни прогрaми и отворени повици, компаниите можат да ги следат на новата веб-страна на Бизнис Центарот www.investinpelagoniaregion.mk.

Сите компании на кои што им треба поддршка за подготовка на проектни апликации до домашни и меѓународни фондови, можат да се обратат во Бизнис Центарот.

Контакт

Бизнис Центар

Ул.Томаки Димитровски бр.7

7000 Битола

тел. 047/ 232 – 800

моб. 076/260 – 709

веб: www.investinpelagoniaregion.mk

емаил: leader@pelagonijaregion.mk

работно време: понеделник – петок 08:00 – 16:00 часот

 

Потпишан нов Договор на финансирање на Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

На 27-ми мај 2016 година во Скопје свечено беше потпишан новиот Договор за поддршка на Бизнис Центарот во Пелагонискиот регион, помеѓу Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Целта на договорот е поддршка на Бизнис Центарот во насока на  поттикнување на развојот на малите и средни бизниси, зголемување на конкурентноста  помеѓу општините и планските региони и привлекување на нови инвеститори преку олеснување на пристапот до институциите и до услугите во регионот.

Бизнис Центарот ќе работи на обезбедување на информации за постоечките индустриски зони во регионот, слободни локации со нивни карактеристики и поволности кои ги нудат, водич за инветиции со стратешките цели на регионот за развој на одредени сектори, информативни настани за запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој. А во наредниот период, со подршка на Министерството за локална самоуправа  и ГИЗ,  Бизнис Центарот ќе се фокусираа на подготовка на Регионална стратегија за иновации.

На овој свечен настан присуствуваа Министерската за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези, Директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Државниот Секретар на МЛС, како и претставници на ГИЗ, УНДП  и Бизнис Центрите на планските региони.

Интензивно се работи на реконструкција и адаптација на регионалниот зелен пазар во Битола

Проектот за Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола. Фаза 1 – Изградба на плато и канализација и Фаза 2 – Изградба на 6 павиљони, покривање на простор и електрика чиј носител е Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство во ЈП Пазари е во во полн тек.

Реконстуркцијата тече според предвидената работна динамика и работите на терен се одвиваат интензивно. Платото и канализацијата се веќе завршени и интензивно се работи на изведба на  челичната конструкција за 6-те нови павиљони. Истовремено се работи на  поставување на бетонски плочи на платото под павиљоните во вкупна површина 770 м² и поставување на бехатон плочки во вкупна површина од  280м² околу платото.

15-та Седница на СРППР

На 18.05.2016 година во Општина Новаци, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во присуство на Градоначалниците на 9-те Пелагониски општини и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја одржа својата 15-та седница. На дневниот ред на седницата се разгледа и усвои на записникот од 14-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион,

се разгледаа состојбите во реализација на проектите одобрени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу општините од Пелагонискиот регион за аплицирање на нов проект во програма на Јапонска Амбасада. До членовите на Советот беше доставена информација за соработката со Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), информација за меѓународна конференција за активен туризам Adventure Next Balkan во Охрид 10-12 Мај 2016 како и информација за текот на имплементацјата на проектот Интегрирана мрежа за регионален развој на УНДП. Акцентот на 15-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион беше ставен на 5-те ново одобрени проекти од Програмата за регионален развој за 2016 година со вкупна вредност од 21.338.549,00 МКД, кои годинава ќе се реализираат во Пелагонискиот регион. Ново одобрените проекти од БРР за 2016 година се: Подобрување на економските услуги од регионално значење- модернизација на регионален пазар во општина Прилеп, Подобрување на регионалната туристичка понуда- Изградба на универзален простор со придружни содржини за одржување на МФ “Пеце Атанасовски во општина Долнени, Регулирање на коритото на Црна Река и нејзините притоки по течението на општините Демир Хисар, Битола, Новаци и Могила (втора фаза), Изградба на дел од регионален пат Р 2235 во општина Кривогаштани, Осветлување на сообраќајните клучки на регионален пат Р 1308 во општина Ресен во н.м Крани и Претор.