Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) е основан од единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на Пелагонискиот плански регион – Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Могила, Новаци, Кривогаштани, Долнени, и има својство на правно лице.
ЦРППР ја изготвува предлог-програмата за развој на Пелагонискиот плански регион и предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион.
ЦРППР подготвува предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и за подрачјата со специфични развојни потреби, ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот планскиот регион, ги реализира проектите за развој и врши промоција на развојните можности на Пелагонискиот планскиот регион.
ЦРППР обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој, дава стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој и обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој.
Исто така, ЦРППР ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на Пелагонискиот плански развој и спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори.
ЦРППР врши и стручни и административно-технички работи за потребите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Мисија и Визија
Визијата на ЦРППР за 2021-2026 година е – Пелагонискиот регион е конкурентна и посакувана дестинација за живеење и туризам, со перспектива за младите, добра социјална инклузија, чиста животна средина и европска иднина.
Мисијата на ЦРППР за 2021-2026 година е – Рамномерен развој на Пелагонискиот регион кој обезбедува пристоен квалитет на живот и еднакви можности за сите граѓани со валоризација на постоечките потенцијали, зајакнување на капацитетите на човечките ресурси, искористување на обновливи извори на енергија, модернизација на образованието, користење на иновативните технологии, вмрежување и искористување на расположливите фондови.
Организациска поставеност
Вработени
Поранешни Раководители на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион
- Емилиа Ѓероска – 2010 – 2018
- Гого Видимче – 2018-2022