Претставување на програмата WEBSEFF и програмата на АППРМ за поддршка на бизнисите од Пелагонискиот регион

На 28-ми септември 2016 година Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира информативна средба за претставување на финансиски инструменти и фондови за поддршка на бизнисите од Пелагонискиот регион.
На оваа средба беше претставена WEBSEFF програмата под која Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредитни линии за партнер банки во Западен Балкан кои позајмуваат на бизниси и општини кои сакаат да инвестираат во енергетска ефикасност и мали проекти за обновлива енергија, каде инвестициите можат да добијат грант до 10% од износот на кредитот за инвеститорите од приватниот сектор или 15% за општините.
Исто на средбата се претставија Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ каде ја презентираа програмата и проектите за поддршка на приватниот сектор.

Презентација на нацрт верзијата на Регионалната стратегија за иновации за Пелагонискиот регион

На 19-ти септември 2016 година во канцелариите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа презентација на нацрт верзијата на Регионална стратегија за иновации. Изработката на регионалните стратегии за иновации се спроведува во сите плански региони со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РМ и Германското друштво за меѓународна соработка во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија”.
Изработката на регионалната стратегија за иновации има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП, а се изработуваше со вклучување на претставниците од јавниот сектор, приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации, компании итн.) истражувачки и образовни институции и граѓанскиот сектор.
На средбата беше презентирана нацрт верзијата на документот, а фокусот беше ставен на дискусија за стратешките цели, приоритети и мерки за реализација на стратегијата.

Јакнење на капацитетите на НВО и ЛАГ

Центарот за развој на Пелагониски плански регион во рамките на Договорот за соработка со Министерството за локална самоуправа на РМ за 2016 година, на 06.09.2016 година одржа работилница на тема: Генерирање на фондови и спроведување на донаторски процедури, наменета за јакнење на капацитетите на невладиниот сектор и локалните акциони групи од Пелагонискиот регион.
За време на работилницата беа дистрибуирани најновите знаења и практики кон граѓанскиот и невладиниот сектор поврзани со ефикасното управување со средства од национални и меѓународни фондови.
На работилницата присутни беа 15 претставници од невладини организации и претставници на локалните акциони групи во Пелагонискиот регион.
Во рамките на оваа работилница презнетирани и дискутирани беа: постоечките фондови за НВО и ЛАГ, донаторските процедури, матрицата на логичка рамка, алатките за мониторинг и евалуација, правилата за финансиско управување со проекти, и пропратните документи на апликацискиот пакет. Учесниците на работилницта преку практични вежби подготвија матрица на логичка рамка според услови дадени во реален повик за поднесување на проекти.

Реконструкција и адаптација на делови од регионален зелен пазар Битола

Центарот за развој на Пелагониски плански регион денес на 29.08.2016 година одржа прес конференција по повод успешната имплементација на проектот: “Реконструкција и адаптација на делови од регионален зелен пазар во Битола”
Проектот се реализираше во две фази:
Фаза 1 – Изградба на плато на регионален пазар во Битола и изградба на канализација на 6 павиљони во регионалниот пазар во Битола,
Фаза 2 – Изградба на 6 павиљони со вклучена електрична инсталација.
Во рамките на проектот беа реализирани следните активности: Инфраструктурни активности за изградба на плато на површина од 770м² со бетонски противклизни плочки; Набавка и монтирање на бехатон плочки на површина од 280м²; Изградба на нова канализациона мрежа.
Изградба на 6 Павиљони за продажба на овошје и зеленчук со: изработка на метална конструкција со челични профили; набавка и монтажа на кровна покривка од термоизолационен панелен лим; Изработка и монтажа на опшивки од пластифициран и челичен поцинкован лим; Изработка и монтажа на олуци и изработка и монтажа на снегобрани; Покривање на просторот помеѓу 6-те павиљони со изработка на метална подконструкција на просторот помеѓу павиљоните и покривање на просторот со лексан; Изработка на нова електрична инсталација со комплет опрема и светлосни тела.
Реализацијата на проектот овозможи создавање на современ и функционален регионален пазар согласно со современите стандарди. Покривањето на регионалниот пазар во Битола овозможи зголемена заштита на производите од атмосферски влијанија сигурност, заштита на производите и нивниот квалитет и создавање на услови за зголемена фрекфенција на посетители и економска активност во пазарот.
Проектот, придонесува за унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион преку модернизација и подобрена инфраструктура во регионалниот зелен пазар во Битола, што пак додатно придонесува за зголемување на економската активност на пазарот односно поголема френкфенција и промет на стоки и услуги на регионалниот зелен пазар во Битола.
Од реализацијата на проектот директен бенефит имаат граѓаните на четири општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар, со што во Пелагонискиот регион се направи значителен позитивен исчекор кон реализација на регионални инфраструктурни проекти преку директна соработка на повеќе општини.
Носител на проектот:“Реконструкција и адаптација на делови од регионален зелен пазар во Битола”
е Центарот за развој на Пелагониски плански регион, неговата вкупна вредност изнесува 6.138. 237 МКД (со вклучено ДДВ), со кофинансирање од ЈП Пазари: 1.511. 844 МКД, а истиот е Финансиски поддржан од: Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој на РМ.

Отворање на Зоолошката градина во Лерин

Центарот за развој на Пелагонискиот регион во текот на вчерашниот ден присуствуваше на промотивниот настан за отворањето на комплетно реконструираната Зоолошка градина во Лерин, Република Грција, реализирано во рамките на проектот “Зоо Иноватива”.
Со овој проект, за прв пат во изминатите 60 години, координирано, во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин се извршија реконструктивни зафати на два значајни објекти од областа на заштитата на националниот и светскиот биодиверзитет- Зоолошката Градина во Битола и Зоолошката градина во Лерин, со што непосредно се подобрија инфраструктурата и услугите за заштитата на животната средина и одржливото користење на постоечките ресурси во овој регион.
Во рамките на проектот, успешно беше воспоставена прекугранична соработка помеѓу двата региони, согласно регулативите на ЕУ реконструирани беа 8 живеалишта во Зоо Битола, целосно беше реконструирана Зоо Лерин, успешно беа воведени иновативни анимациски содржини во двете градини наменети за жителите на двата региони и беа зајакнати институционалните капацитети на двете Зоолошки Градини.
Успешната реализација на активностите за реконструкција на Зоолошките градини во Битола и Лерин се должи на веќе докажаната успешна соработка и максималната посветеност на проектните партнери од Пелагонија и Лерин, изјави Директорката на ЦРППР, Емилиа Ѓероска за време на промотивниот настан одржан во Лерин.
Проектот Зоо Иноватива воведе современ и иновативен пристап до нови знаења и практики за заштита на животната средина и биодиверзитетот за повеќе од 300.000 жители на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин.
Проектот Зоо Иноватива беше реализиран од Центарот за развој на Пелагонискиот регион во соработка со Општина Лерин и Развојната Агенција Анфло од Грција, Општина Битола и Зоолошката Градина од Битола, Република Македонија.
Реализацијата на проектот беше во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2007-2013, која што е дел од Компонента 2 на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, финансиски поддржан од Европската Унија и Министерството за Локална Самоуправа на РепубликаМакедонија.