Втора седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Втората седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа на 26.02.2026 година во Општина Новаци под водство на Претседателот Стевче Стевановски а во присуство на Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион. Согласно дневниот ред, на седницата се дискутираа и усвојуваа точки кои се однесуваа на развојниот тек на регионот во 2026 година. Презентирани беа отворените повици од Програмата за рманомерен регионален развој за 2026 година на Министерството за локална самоуправа а која се реализира преку Бирото за регионален развој како и повикот за финансирање на Предлог- проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој. Се дискутираше за приоретизација на иницијативи кои се приоритет за регионот и кои би можеле да бидат преточени во апликациски пакети со цел аплицирање на отворените повици доколку истите ги исполнуваат дадените критериуми. Исто така на седницата беа презентирани и дискутирани техничките аспекти на работењето на Центарот и Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Прва Конститутивна Седница на СРППР

На 26.11.2025 година во просториите на општина Битола во присуство на градоначалниците на 9-те Општини на Пелагонискиот регион односно новите членови на Советот се одржа Првата Конститутивна седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На седницата на која претседаваше д-р Тони Коњановски Градоначалник на Општина Битола, градоначалниците едногласно го избраа новиот Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, Градоначалникот на Општина Новаци, г-динот Стевче Стевановски. Стевановски го презема мандатот од досегашниот Претседател на СРППР, Градоначалникот на Општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски, кој зад себе остава успешен мандат со плодна меѓуопштинска соработка. Покрај изборот на претседател Седницата се одвиваше по претходно одобрен дневен ред според кој се усвои годишен финансиски и Акциски план за 2026 година како и усвојување на одлуки за започнување на постапка за избор на претставници на невладиниот и бизнис секторот во рамки на СРППР.