Бизнис центар - Програма за поддршка на малите и средни претпријатија

„Регионалната програма со предлог-акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020)“ е изработена во рамките на проектот на Министерството за локална самоуправа „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“. Во рамките на активностите на формираниот Бизнис центар во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион изготвени се:

Бизнис центар - Водич за инвестиции и збирка на индустристри зони во Пелагонискиот регион

Водичот за инвестиции ги содржи најрелевантните информации за правните процедури поврзани со започнување и водење на бизнис, анализа на макроекономската ситуација, информации за пазарот на трудот, даночните поволности и секако карактеристиките и бизнис потенцијалите на Пелагонискиот регион. Збирката на индустриски зони има цел да го олесни пристапот до информациите на сите домашни и странски инвеститори, едновремено претставувајќи ги конкурентните предности на регионот, постоечките индустриски зони, достапните “greenfield” и “brownfield” локации како и домашните и меѓународни финансиски инструменти за поддршка на бизнис секторот.