Продолжуваат активностите за зајакнување на капацитетите за развој на Пелагонискиот регион. На 25-26 Јануари 2017 година во рамките на проектот Итнегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион се одржа дводневна обука наменета за зајакнување на капацитетите на организациите членки на мрежата. Во рамките на двата работни дена членките имаа можност да се здобијат со повеќе знаење од темите : Управување со проектен циклус, мониторинг и известување, финансиско управување со проекти, фондови достапни за макеоднските институциии и организации, стратешко планирање и македонски и меѓународни нормативни за транспаретно лобирање во локалната самоуправа. Обуката се реализираше во партнерство со Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Бизнис Академија Смилевски од Битола.
Информативен настан – Финансиски инструменти наменети за бизнис секторот во Пелагонискиот регион
На 5 декември 2016 година, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион беше одржан Информативен настан за финансиските инструменти наменети за бизнис секторот.
Информативниот настан беше организиран во заедничка соработка помеѓу ЦРППР, Регионалната Стопанска Комора во Битола и Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион.
На информативниот настан присуствуваа претставниците на бизнис секторот од Пелагонискиот регион, членките на ИМРР, претставници на локалната самоуправа. Од страна на предавачот од Регионалната Стопанска Комора, г-дин Никола Димковски беа презентирани програмите Хоризонт 2020 и МСП интрументот кој е исклучиво наменет за финансирање на проекти за мали и средни компании. Детално беа опфатени и објаснети трите фази при поднесување на проектни апликации во МСП инструментот као и детално беа презентирани темите кои се прироритет за аплицирање во 2017 година.
Од страна на претставниците на ЦРППЕ беа презентирани програмата и услугите кои ги нуди Бизнис Центарот во рамките на ЦРППР за бизсни секторот , како детално беа презентирани активностите кои Интегрираната Мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион ги превзема за подобрување на економскиот развој во Пелагонискиот регион.
Меѓународна конференција Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион и бизнис средби помеѓу претставници од бизнис секторот од Пелагонија и Измир
Од 25 до 27 октомври 2016 година во Пелагонискиот регион, Центарот за развој на Пелагониски плански регион беше домаќин и организатор на меѓународна конференција “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион”.
Меѓународната конференција е дел од заложбите и само еден мал дел од активностите кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа на Р.М. и Програмата на УНДП во Македонија ги реализираше со цел унапредување на економскиот напредок и зајакнување на капацитетите на бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
На конференцијата пред присутните гости од Пелагонискиот регион и гостите од Измир Р. Турција свое обраќање имаа: г-ѓа Луиза Винтон – Постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија, Министерката за локална самоуправа на Република Македонија г-ѓа Ширет Елези, Министерот за странски инвестиции на РМ г-дин Џери Наумов, Претседателот на Советот на Пелагонискиот плански регион, г-дин Ѓоко Стрезовски, економскиот промотор на РМ во Турција г-дин Алеф Сулејман.
На првата сесија од конференцијата презентирани беа можностите за економски развој и соработка во Република Македонија. Претставници од различни нивоа на власта, а пред сè оние од оперативното ниво преку презентации на успешни странски инвестиции ја претставија Македонија како дестинација за инвестирање.
Презентирани беа и можностите за инвестирање во Македонија преку презентација која беше одржана од страна на претставник на Агенцијата за странски инвестиции. Презентацијата за можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион како и Водичот за инвестирање и збирката на индустриски зони во Пелагонискиот регион беше презентиран од страна на Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Бизнис секторот во Пелагонискиот регион беше презентиран од страна на Регионалните Стопански комори во Битола и Прилеп.
Дополнително, проектите кои се подготвени од страна на 9-те општини во Пелагонискиот регион за приватни инвеститори беа севкупно презентирани од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Конференцијата им овозможи на учесниците од Република Македонија да се запознаат со можностите кои ги нудат претставниците од Измир, Република Туција, како и нивните искуствата во бизнис сферата, преку презентацијата од страна на официјалните претставници од Измир, Република Турција.
Втората сесија на меѓународната конференција беше посветена на директните бизнис средби помеѓу претставниците на бизнис компаниите од Пелагонискиот регион и од регионот на Измир. Во рамките на првиот дел од конференцијата претставени беа можностите за инвестирање и на општините Новаци и Кривогаштани и нивните потенцијали и капацитети за соработка. Во вториот дел од програмата на меѓународната конференција ”Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион” и бизнис средби помеѓу претставници од бизнис секторот од Пелагонискиот регион и регионот на Измир. Турската бизнис делегација придружена од претставници од различни сектори од Пелагонискиот регион реализира посета на откупниот центар Apple land во Ресен, посета на ресенскиот Сарај, и присустуваше на презентација на потенцијалите и можностите за инвестирање на општина Ресен. Турата за запознавање со можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион продолжува со посета на општина Прилеп. Во општина Прилеп делегацијата од Измир присуствуваше на презентација за можностите за инвестирање и потенцијалите на Прилеп, и реализираше посета на фабриката Комфи Ангел запознавајќи ги нејзините капацитети и можности.

19-та Седница на Советот за развој на Пелагониски регион
Денес на 24.11.2016 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Советот за развој на Пелагониски плански регион ја одржа својата 19-та седница. На седницата беше усвоена приоритетната листа со регионални проекти за 2017 година, кои ќе се имплементираат во општините од регионот.
Изградба на универзален простор со придружни содржини за одржување на МФ Пеце Атанасовски во Долени
По реализацијата на проектот, Пелагонискиот регион ќе добие современ и функционален простор за промоција и заштита на светското културно наследство. Ќе бидат создадени соодветни услови за одржување на меѓународниот фестивал “Пеце Атанасовски” . Ќе се создадат и услови за подобро квалитативно и квантитативно исполнување на целите и функцијата на фестивалот: промоција, заштита и унапредување на светското културно-историското наследство.
Туристичката понуда на регинот ќе биде значително подобрена а туристичката сезона проширена и во пролетниот дел на годината за најмалку еден месец.
Крајните ефекти ќе ги почуствуваат чинителите на туристичкиот сектор од регионот во форма на зголемен обем на работа и остварени приходи.
Поконкретно, следните активности ќе бидат реализирани:
Изградба на централна бина за презентација на сценски настапи,
Изградба на пристапни патеки до, во и околу централниот дел на комплексот наменет за мултинаменски простор со пратечки содржини;
Изградба на партерни содржини на бината и околу неа.
Изградба на дел од амфитеатар наменет за учесници со околу 50 места за седење;
Изградба на дел од амфитеатар наменет за редовна публика со околу 250 места за
седење;
Изградба на дел од амфитеатар наменет за судии, ВИП гости и новинари со околу
50 места за седење;
Холтикултурно уредување на слободните површини околу градбите од првата фаза со затревнување и засадување на украсни дрва;
Обезбедување на градбите со потребните елктрични инсталации и опрема заедно со осветлување на целокупниот простор со
рефлектори и канделабри;
Изградба на регионален пат во општина Кривогаштани
Во Кривогаштани се работи на изградба на регионалниот пат Р2335. Патот ќе биде изграден во вкупна должина од 208м, ширината на патот ќе биде 7м со патеки од бехатон плочки од двете страни на коловозот и со површина од 796м².
Изградбата на овој регионален пат е дел од една урбана целина во општина Кривогаштани на која Центарот за развој на Пелагониски плански регион заедно со општина Кривогаштани работи во изминатиот период. Целината се започна со подготовката на техничка документација за изградба на паркинг на сточен пазар во Кривогаштани, потоа изградба на паркинг на сточниот пазар во Кривогаштани, изградба на тротоар, партерно уредување на плоштадот околу општинска зграда во Кривогаштани и сега имплементација на проектот за изградба на дел од регионален пат Р2335.Изградбата на овој регионален пат овозможува поврзување со сточниот пазар во Кривогаштани кој е најголемиот сточен пазар во Пелагонискиот регион и на кој транзитираат голем број на товарни возила со останатиот дел од општината и регионот. Преку имплементацијата на овој проект ќе се подобри секојдневното општествено-економско функционирање на најмалку 115.000 жители од микрорегионот Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар-Долнени. Ќе се создадат услови за зголемена пазарна активност на најмалку 300 продавачи и најмалку 2000 купувачи од овој микрорегион, кои на дневна основа ги користат регионалниот зелен и регионалниот сточен пазар во Општина Кривогаштани.
Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион, а истиот е финансиски поддржан од страна на Бирото за регионален развој на Република Македонија, преку Програмата за регионален развој за 2016 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.435.925,15 мкд со ддв.
Покана за јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оценка на животната средина по нацрт регионалниот план за управување со отпад за Пелагониски регион
ЈАВЕН УВИД по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина по Нацрт – Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот регион
Се информира јавноста и сите заинтересирани правни и физички лица од Пелагонискиот регион, (општините Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Прилеп и Долнени) дека во рамките на проектот “Подготовка на документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион” (EuropeAid / 136347 / IH / SER / MK)”, финансиран од Европска Унија преку инструментот за предпристапна помош (ИПА) подготвен е Нацрт Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот плански регион за кој се спроведува постапка за Стратегиска оцена на животната средина, согласно одлуката од Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад бр. 03-192/2 од 29.07.2016.
За таа цел на јавен увид објавуваме:
Нацрт – Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот плански регион во електронска и печатена верзија на македонски јазик.
Правните и физички лица и јавноста може да го достават своето мислење во врска со Извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Соопштението за јавен увид.
Печатените верзии од горенаведените документи може да се разгледаат во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (Меѓуопштински одбор за управување со отпад во Пелагонискиот плански регион), со седиште во Општина Битола и во општинските канцеларии за ЛЕР во секоја општина поединечно. Електронската верзија на Извештаите може да се разгледа на веб страната на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и веб страните на сите општини во Пелагонискиот регион.
Јавниот увид ќе трае секој работен ден од 08:00 до 16:00 година, почнувајќи од 19.10.2016 до 19.11.2016 година.
Лице за контакт: Бојан Бојкоски, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Е-маил: it@pelagonijaregion.mk
Телефон за контакт: 075/357-773
Вашите мислења и сугестии можете да ги доставите на следната е-маил адреса: it@pelagonijaregion.mk или по пат на пишана достава до архивата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште на ул. Томаки Димитровски 7, Битола, како и во архивите на сите општини од Пелагонискиот плански регион.
Дополнително ќе биде објавена информација за местото, датумот и часот на одржување на јавна расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад во Пелагонискиот плански регион.
На следниот линк може да се погледне Нацрт Стратегиска оцена на животната средина за нацрт Регионален план за управување со отпад во Пелагонискиот регион – ПОГЛЕДНИ
Документ за јавен увид – ПОГЛЕДНИ
Регулација и партерно уредување на коритото на р.Шемница.
Денес во општина Могила, Центарот за развој на Пелагониски плански регион одржа прес конференција по повод започнувањето на имплементацијата на проектот: ’’Изведба на втора фаза на регулација и партерно уредување на коритото на р.Шемница, во делот низ населено место Могила’’
Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион а истиот финансиски е поддржан од: Програмата за регионален развој на Министерство за локална самоуправа преку Биро за регионален развој на Република Македонија.
Уреденото корито ќе значи намалување односно точкасто елиминирање на можноста од излевање и поплави на Црна Река и нејзините притоки на квалитетно обработливо земјоделско земјиште. Со изградбата на коритото се придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и забрзување на неговиот севкупен развој, подобро управување со природните ресурси во регионот и намалување на ризикот од излевања на Црна Река и нејзините притоки и појава на поплави на земјоделско земјиште во регионот.