Oдржан третиот состанок на работната група формирана во рамките на проектот “Изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката Градина во Битола”

На 31.10.2011 и 01.11.2011 беше одржан третиот состанок на работната група формирана во рамките на проектот “Изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката Градина во Битола”. Во работната група овојпат беа вклучени и двајца претставници од Европската Асоцијација за Зоолошки Градини и Аквариуми (ЕАЗА) кои дадоа придонес кон инкорпорирањето на модерните европски стандарди во техничката документација за реконструкција на Зоолошката Градина од Битола.

Претставници од ЕАЗА беа г-дин Марјо Хоедермаркер – Директор на Зоолошката Градина од Амерсфорт, Република Холандија и г-ѓа Даворка Маљковиќ – Директор на Зоолошката Градина од Загреб, Република Хрватска. Работната група и експртите од ЕАЗА ја разгледа моменталната состојба во Зоолошката Градина, ги анализираа нејзините потенцијали и ги оценија предвидените живеалишта, нивната разместеност, како и останатата комплементарна инфраструктура која што треба да  биде дел од новиот излгед на Зоолошката Градина. Експертите дадоа свои генерални забелешки, насоки и препораки кои што ќе бидат вградени во техничката документација што наскоро ќе почне да се подготвува. Со тоа, Битолската Зоолошка Градина при идниот процес на реконструкција ќе добие изглед, функционалност и менаџмент кој ги задоволува современите Европски стандарди предвидени со регулативата на Еу за чување на животни во заробеништво, но и со стандардите на денешната Зоо заедница.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион одржа две трибини за учениците од средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров” и за учениците од средното општинско училиште ,,Ристе Ристески – Ричко” во општина Прилеп.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 04.11.2011 (петок) одржа две трибини за учениците од средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров”  и за учениците од средното општинско училиште ,,Ристе Ристески – Ричко” во општина Прилеп.

Трибините беа со цел запознавање на учениците со причините и последниците од настанувањето на пожарите и како поуспешно спречување.Покрај предавањето на двата експерти од ТППЕ Прилеп и Центарот за управување со кризи кои ќе ги презентираат искуства и предизвици во справување со огнени стихии беше прикажан и видео спотот кој беше изработен во рамките на овој проект .

–    Трибината во СОУ ,,Ѓорче Петров” се одржа во 12:30 часот

–    Трибината во СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко” се одржа во 15:00 часот

Проектот се реализира од месец Август до Ноември 2011 година и истиот е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.

Свечено примопредавање на противпожарната и спасувачка опрема на ТППЕ Прилеп

На 08.10.2011 година во Прилеп на Плоштадот Методија Андонов Ченто со почеток во 12 часот се изврши свечено примопредавање на противпожарната и спасувачка опрема на ТППЕ Прилеп.
На свеченото примипредавање пред присутните граѓани се обрати Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаревски, Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион г-ѓа Емилиа Ѓероска,

Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески и командирот  на Територијалната против пожарна единица Прилеп г-дин Станко Колески.
Покрај свеченото примопредавање на опремата беше изведена и показна вежба од страна на ТППЕ Прилеп.

На седница на Советот на општина Битола на дневен ред беше Годишниот извештај за работата на ЦРППР за 2010 година

На 28.09.2011 година на седница на Советот на општина Битола на дневен ред беше Годишниот извештај за работата на ЦРППР за 2010 година и Годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Пелагонискиот регион 2010-2015  за 2010 година. По конструктивната дискусија помеѓу советниците и Раководителката двата извештаи беа усвоени.

Одржaна традиционалната манифестација “Преспански јаболкобер”,во рамките на програмата на манифестација Преспански јаболкобер

На, 27 септември, се одржa традиционалната манифестација “Преспански јаболкобер”,во рамките на програмата на манифестација Преспански јаболкобер, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на плоштадот во Ресен се претстави во свој штанд.

Манифестацијата започна со откинување на првото јаболко во овошниот насад на Агроплод – Ресен, потоа беше отворен новиот  Против Пожарен Дом како и Пуштање во употреба на реновинираните простории во ОУ Славејко Арсов- Подмочани.
На коктелот во Хотел Китка организиран од страна на Градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски беа доделени признанија за посебен допринос за развој и промоција на Општината покрај неколкуте наградени беше и Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилија Ѓероска.

На 21 и 22 септември во Солун, Република Грција ќе се одржи годишната конференција на Програмата за југоисточна Европа под наслов Транснационалната соработка како иструмент за развој во Југоисточна Европа

На 21 и 22 септември во Солун, Република Грција ќе се одржи годишната конференција на Програмата за југоисточна Европа под наслов Транснационалната соработка како иструмент за развој во Југоисточна Европа.

Конференцијата е клучна во однос на транснационалната соработка во Југоисточна Европа и пред себе ги има поставено следните цели:
•    Да ја промовира програмата и да ја зајакни нејзината улога во регионот
•    Да ја прикаже додадената вредност на програмата и досегашните постигнувања
•    Да ги поттикне иновативните предлози за идните стратешки активности за соработка
•    Да креира ефективен дијалог на тема развој на Балканскиот регион
•    Да овозможи вмрежување и рамка за разменана искуства помеѓу различните чинители и др.
Повеќе информации на посочениот линк:
http://www.seeconference2010.net

Oдржана Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион

Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион, на 16.09.2011 година ја одржа Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион кој беше реализиран во текот на јуни 2010-септември 2011 под слоганот “ Градиме Партнерства”.

Проектот се реализираше преку три проектни модули и тоа:
•    Обуки за подготовка на проекти, за донаторски процедури и изнаоѓање на фондови.
•    Обуки за правните и организациските аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП); Развивање на модели и предлози за ЈПП, организирање на редовни настани за ефективна комуникација на општините и бизнис секторот на кои ќе се идентификуваат потенцијални ЈПП.
•    Обуки за бизнис вештини, развивање мрежа за размена на податоци, подготовка на промотивни материјали и веб страна како алатка за поддршка и привлекување на нови домашни и странски инвестиции, подготовка на редовни локални и регионални презентции за биснис можностите во Пелагонискиот регион.
Со проектот се воспостави организиран и структуриран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од деветте општини во регионот и во канцеларијата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, способен да ги координира и поддржи биснис активностите во регионот што беше и генерална цел на проектот.
“Градиме партнерства” беше финансиски поддржан од Бирото за регионален развој како дел од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
Средствата беа обезбедени од буџетот на Република Македонија и општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.
Со активностите на проектот директно или индирекнто беа опфатени околу 350 вработени во општинските администрации и околу 6170 правни субјекти во Пелагонискиот регион

Реализирани активности во рамките на проектот “Градиме Партнерства”:

Обуки:
–     “Подготвување предлог – проекти”
–     “Правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)”
–     “Бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси”
–     “Процесот на идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР”
–     “Развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП”
–     “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни   фондови на ЕУ и програми на заедниците”
–    “Изнаоѓање на фондови”
–    “Донаторски процедури  (фондови на Европска Унија)”
–    Kористење на веб – програмата ,,ПЕЛАГОНИЈА-БИЗНИС”

Работилници:

– “Постапка за доделување на договор за ЈПП” – Битола
– “Постапка за доделување на договор за ЈПП” – Прилеп

Презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион:

Локални презентации:
–    Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Долнени
–    Ресен
–    Могила и Новаци

Регионални презентации:
–    Корча, Република Албанија
–    Лерин, Република Грција
Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион
Оваа алатка беше изработена со цел да им овозможи на потенцијалните инвестиори во Пелагонискиот регион детален преглед на инвестициските потенцијали со кои располага регионот и секоја од деветте општини поединечно.
Водичот за инвестирање содржи информации кои се од клучно значење за успешно почнување и завршување на еден инвестициски циклус. Во него се поместени податоци во врска со деветте индустриски и развојни зони во регионот, како и компаративните развојни предности на секоја од општините во  Пелагонија.
Со цел развојниот потенцијал на регонот да биде претставен пред пошироката инвестициска заедница, Водичот беше преведен на 3 странски јазици: Албански, Англиски и Грчки.

Видео спот за можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион
Во рамките на проектот беше изработен и видео спот кој служи за промоција на инвестициските потенцијали во Пелагонискиот регион. Видео спотот ги содржи сите можности за инвестирање кои стојат на располагање на потенцијалните инвеститори а спаѓаат во рамките на надлежностите на локалните администрации во Пелагонија.

Веб портал  www.pelagonijabiznis.mk
Веб порталот www.pelagonijabiznis.mk  ги содржи сите потребни информации за потенцијалните инвеститори, надградени и надополнети согласно последните реални измени на терен и согласно промените и надополнувањата на законската легислатива која ја регулира оваа област.
Веб порталот, исто така нуди и  алатка за пребарување низ целокупната дата-база со компании од Пелагонискиот регион во која се содржани податоци за бизнис секторот во Пелагонија, а се релевантни за потенцијалните инвеститори.

Резултати кои беа постигнати со проектот:

•    Зајакнати капацитети на релевантите чинители во Пелагонискиот регион во однос на подготовката на проекти, донаторски процедури и изнаоѓање фондови.
•    Зајакнати капацитети на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во Пелагонискиот регион во однос на бизнис вештините.
•    Дизајнирани, печатени и дисеминирани промотивни материјали  за поддршка и привлекување на потенцијални инвестиции.
•    Подготвени и одржани локални и регионални презентации за бизнис можностите во Пелагонискиот регион.
•    Ажурирана база на податоци за бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
•    Воспоставена мрежа за размена на податоци во општините за собирање и подготовка на информации за заинтересирани инвеститори.

На Конференцијата беа пристуни Градоначалниците на Општина Кривогаштани и Долнени, претставници од бизнис секторот, јавните институции, невладиниот сектор. На Конференцијата беа доделени и Благодарници на контакт лицата од 9 општини во Пелагонискиот Регион, кои активно ја поддржуваа имплементација на проектот.

Потпишан Договорoт за едукативна програма за промоција и маркетинг на Зоолошката градина во Битола

Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион и НВО Биосфера од Битола, на 15.09.2011 година го потпишаа Договорoт  за едукативна програма за промоција и маркетинг на Зоолошката градина во Битола. Оваа програма е дел од Проектот “Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на ЗОО Битола”

кој ќе се реализира со средствата добиени од Бирото за Регионален Развој на Република Македонија, во рамките на повикот од 2009 година.
Покрај едукативната програма за промоција и маркетинг на Зоолошката градина, во рамките на проектот формирана е работна група која ќе подготви проектна програма за изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката градина во Битола.

Учество на пленарниот есенски состанок на Собранието на Европски региони (АЕР), односно неговиот Комитет 1

Претставник на Центарот за развој на Пелагонискиот регион учествуваше на пленарниот есенски состанок на Собранието на Европски региони (АЕР), односно неговиот Комитет 1. Состанокот се одржа во градот Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина во периодот  15-16.09.2011 година. На овој состанок учествуваа повеќе од 70 претставници кои претставуваа исто толку европски региони.

На состанокот се разговараше за активностите кои Комитетот 1, односно неговите работни групи ги имаат преземено во изминатитот период и кои актовности (проекти) е планирано да се превземат во иднина.Пелагонискиот регион учествуваше во работата на работната група за енергетска ефикасност и работната група за претприемништво, формирани во рамките на Комитетот 1. На пленарната седница беа разгледани активностите на останатите работни групи односно групата  за регионални аеродроми и групата за рурален развој.Во текот на пленарната седница беа договорени и идните насоки на дејствување на целиот Комитет 1.На маргините на состанокот беше организиран Граѓански форум на кој присуствуваа гости-студенти од Република Српска кои имаа можност да дискутираат со претставниците  од европските региони за европските перспективи на Босна и Херцеговина  како и за предизвиците и проблемите кои сотојат на патот кон исполнување на европската визија на Федерацијата.Вториот ден беше резервиран за полудневна тематска конференција насловена ”Идно ЕУ финансирање – подгтотвеност на регионите за финансиски инженеринг”. На тематската конференција покрај претставниците на европските региони, присутни беа и високи претставници на Владата на Република Српска.

32-ро издание на ‘Браќа Манаки”

Од 15.10.2011 година започнува триесет и второто издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”. Со учество на повеќе од четиристотини странски. и домашни гости од светот на Битола се до 21 Октомври ќе живее во светот на филмот.Фестивалот свечено ќе биде отворен денес со проекција на филмот “Крвта не проштева”.

На годинешното издание на „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани околу 75 филма од разни краишта на светот, во осум програмски селекции.„Во рамките на документарната програма годинава ќе бидат прикажани 11 филмски документарни остварувања“, потврди Евгенија Теодосиевска селектор на документарната секција во официјалната програма на фестивалот.
Во програмата „Нови визии“ која трета година по ред е дел од „Манаки“ публиката во Битола ќе може да проследи 7 европски филмови. Најголем дел од филмовите се од регионот, од Албанија, Турција, Бугарија.Специјален гостин триесет и второто издание на “Браќа Манаки” ќе биде српскиот актер Мики Манојловиќ, кој воедно ќе ја добие и овогодинешната престижна награда “Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност.Во чест на Манојловиќ фестивалот на 21 октомври ќе се затвори со еден од неговите последни филмови “Беса” на режисерот Срѓан Карановиќ, кој исто така ќе биде присутен во Битола.Стручното жири на главната програма ќе биде предводено од Данте Спиноти, добитник на наградата за животно дело на Фестивалот. Останати членови на жирито се Мартин Швајгхофер, директор на Австриската филмска комисија, нашиот писател Гоце Смилевски, Ева Заоралова, филмска критичарка од Чешка и уметнички консултант на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Најџел Волтерс – претседател на Имаго”, Европската асоцијација на кинематографи.