Грант за поставување на противпожарни хидранти

Во јапонската канцеларија за врски на 12.03.2012 година Скопје,  беа потпишани три грант-договори во висина од 183.498 евра. Како еден од корисниците на грантовите за оваа година е Центарот за развој на Пелагониски плански регион а проектот е наменет за поставувањена 140  противпожарни хидранти во Пелагонискиот регион.

Со овие три гранта Јапонија уште еднаш потврди дека ? е искрен пријател на Македонија – и по трагедијата со големиот земјотрес, оваа земја одвојува сила и пари да помогне.

Работилницата на тема: “Намалени трошоци за енергија и зголемен профит”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Фондацијата Регионална Развојна Агенција ПРЕДА во соработка со Локалната канцеларија на Програмата на ЕУ/ЕБОР- WeBSEFF, ја организираа работилницата на тема: Намалени трошоци за енергија и зголемен профит кај бизнисите и комерцијалните објекти.

Оваа работилница се одржа на 7 Март во х. Милениум со почеток во 10:30 часот. На оваа работилници беа присутни 40 претставници на бизнис секторот во Пелагонискиот регион кои беа запознаени со Програмата на ЕУ/ЕБОР  за финансирање на проекти од одржлива енергија на Западен Балкан.

Одржана 14-тата седница на Советот за разво на Пелагонискиот плански регион

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на 28.02.2012 година ја одржа 14-тата седница на која беа усвоени проектите кои ќе бидат поднесени до Бирото за регионален развој на Република Македонија за 2012 година од страна на Пелагонискиот регион.

На седницата покрај проектите кои ќе бидат поднесени до Бирото за регионален развој, членовите на Советот ги разгледаа и усвоиа извештаите за работењето на ЦРППР во 2011 година како и  добиените, аплицираните и имплементираните проекти кои минатата година ЦРППР ги реализира.

Одобрен проект Децентрализирана соработка- културна политика и културна размена – помеѓу Р. Македонија (регионот Пелагонија) и Р. Франција (регионот Долна Нормандија)”

Во рамките на Програмата за остварување на националните интереси во културата за 2012 година, Министерството за култура на Република Македонија на Центарот за развој на Пелагонискиот регион (ЦРППР)”.

му одобри проект насловен “Децентрализирана соработка- културна политика и културна размена – помеѓу Р. Македонија (регионот Пелагонија) и Р. Франција (регионот Долна Нормандија). Проектот ќе биде реализиран во текот на 2012 година и иститот претставува продолжение на веќе превземените активности од страна на ЦРППР во делот на културниот развој и развојните политики на регионот.
Носител на имплементацијата ќе биде Центарот за развој на Пелагонискиот регион, а партнери во проектната реализација ќе бидат Центар за култура – Битола и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Скопје.
Главната цел на проектот е придонес кон вкупниот развој на регионот Пелагонија преку развојот на културата и културната и уметничката понуда.
Специфичните цели на проектот се:
-јакнење на соработката помеѓу културните институции во регионот Пелагонија и културни институции во меѓународни рамки,
– јакнење на капацитетите на културните институции во регионот во поглед на  стратешкото планирање и развојот на нови и конкурентни културни и уметнички производи,
– збогатување на културната понуда во регионот,
-иницирање на трајни партнерства помеѓу културните институции во Пелагонискиот регион и нивни сродни релевантни меѓународни институции, како главна основа за создавање и развој на заеднички проекти кои ќе ја подобрат  презентацијата на Македонската култура во меѓународни рамки.
Проектната реализација предвидува два модули и тоа:
Модул 1 – Културна размена помеѓу регионот Пелагонија и регионот Долна Нормандија.
Модул 2 – Јакнење на капацитетите на носителите на културните политики во Пелагонискиот регион во однос на стратешкото планирање и реализација на нивните развојни планови.

Дедо Мраз во Зоолошката градина во Битола

На 25 декември во Зоолошката Градина во Битола гостуваше Дедо Мраз. Настанот беше најава на почетокот на имплементацијата на Едукативната програма за маркетинг и промоција на Битолската Зоолошка Градина која невладината организација “Биосфера” ја изработи во рамките на проектот “Изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката Градина во Битола”,

финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа на РМ, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион.Целта на настанот беше да се подигне нивото на свесност, не само кај децата, туку и кај нивните родители, за важноста на правилниот третман на животните кои се жители на Зоолошката Градина, како и воспоставување на пријателски однос со целокупниот животински и растителен потенцијал.Во рамките на настанот, децата се дружеа со нивните омилени Дедо Мраз, Баба Мразица и кловнот Зиги, кои на сите деца им поделија по едно новогодишно пакетче и други подароци. За возврат, присутните дечиња им испеаја многу детски песни и им изрецитираа новогодишни стихотворби.На крајот, сите заедно им посакаа Среќна Нова Година и на животните кои се дел од Зоолошката Градина, со тоа укажувајќи им колку тие ги сакаат и се грижат за нив.

Одржана 13-тата седница на Советот за разво на Пелагонискиот плански регион

На 13-тата редовна седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион како една од точките на дневен ред беше и Презентација на моделите за воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Пелагонискиот регион од страна на тимот на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводен од Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.

На оваа седница градоначалниците од Пелагонискиот регион имаа можност да се запознаат со двата модели за воспоставување на систем за интегрирано регионално управување со отпад:

1.Преку конкурентен дијалог и Јавно приватно партнерство и

2.Со поддршка на ИПА инструментот

По водената конструктивна дискусија помеѓу членовите на Советот за развој на Пелагониски регион со претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалниците од Пелагонискиот региона а воедно и членови на Советот за развој на Пелагониски регион донесоа одлука дека Пелагонискиот регион ќе воспостави регионален систем за интегрирано управување со отпад со поддршка на ИПА инструментот.

Избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

На 13-тата редовна Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржана на 15.12.2011 година во општина Битола како една од точките на дневен ред беше и избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

За Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион е повторно реизбран градоначалникот на општина Битола г-дин Владимир Талески. Мандатот на Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион е со времетраење од 2 години.

Обука за стратешко планирање на локално ниво

Центрите за развој на планските региони, меѓу кои и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа организираа Обука за стратешко планирање на локално ниво. Обуката во Битола се одржa на 13.12.2011 година (вторник), во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со почеток во 11:00 часот.

Обуката е намената за вработените од општинските администрации во регионот,  кои работат во делот на стратешко планирање и буџет. Оваа активност е во рамките на мандатот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, односно во насока на давање на континуирана поддршка во развојот на општините-основачи на оваа институција. По завршувањето на обуката се очекува регионалните капацитети во делот на финансискиот менаџмент и стратешкото планирање да бидат зајакнати, со што ќе се придонесе кон остварување на целите и приоритетите на Пелагонискиот регион.

Одржана работилницата на тема: Енергетски ефикасни јавни услуги на локално ниво

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Фондацијата Ново образование за бизнис со поддршка на Факултетот за бизнис економија ја организираа работилницата: Енергетски ефикасни јавни услуги на локално ниво. Работилницата се одржа на 01 и 02 Декември, во Малата сала на Центарот за Култура со почеток од 10:00 до 14:00 часот.

На оваа работилница учествуваат претставници од Основните училишта во Пелагонискиот регион како и претставници на 9-те Општини во Пелагонискиот плански регион.

Одржани трибини во Долнени, Кривогаштани и Прилеп

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  одржа три трибини за учениците  од општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп.Трибините беа со цел запознавање на учениците со причините и последниците од настанувањето на пожарите и како поуспешно спречување.

Покрај предавањето на двата експерти од ТППЕ Прилеп и Центарот за управување со кризи кои  ги презентираа искуства и предизвици во справување со огнени стихии а беше прикажан и видео спотот кој беше изработен во рамките на овој проект .

–    Трибината во општина Долнени  се одржа во 11:00 часот

–    Трибината во општина Кривогаштани се одржа во 12:30 часот

–    Трибината во општина Прилеп се одржа во 14:00 часот

Проектот се реализира од месец Август до Ноември 2011 година и истиот е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.