Информативен ден во Кривогаштани за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 23 Ноември 2012 година одржа информативна средба во Општина Кривогаштани.Целта на средбата беше да се информира населението  за предностите на здружувањето при решавањето на заедничките проблеми и  за тоа како можат проблемите во регионот да се решат во рамките на оваа програма.

Преку кратка презентација им се објасни на присутните за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и Пелагонија ЛЕАДЕР проектот и со конкретни примери од слични проекти им се прикажаа можностите кои ги нуди оваа иницијатива.На средбата се утврдија кои се очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот.

Информативен ден во Ресен за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 16 Ноември 2012 година во големата сала во општина Ресен одржа инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

.Целта на средбата беше да се информира населението  регион за ПеЛАГонја ЛЕАДЕР проектот, за принципите на ЛЕАДЕР пристапот, како почеток на процесот за  дефинирање на приоритетните потребите во ресенските руралните подрачја и да се добијат идеи за можни пилот проекти во иднина.Своја презентација пред присутните имаше проект координаторот г-дин Владимир Величковски, преку која им ја објасни идејата за оваа иницијатива и преку конкретни примери од  ЛЕАДЕР проекти од соседните земји и членките на ЕУ, им ги прикажа можностите кои ги нуди ЛЕАДЕР пристапот.На средбата се дискутираше за очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се детектираа неколку потенцијални проектни идеи кои можат да бидат од големо значење за развојот на  регионот.

Успешно имплементирани првите Регионални културни денови во Пелагонија

По повод христијанскиот празник “Св. Димитрија – Митровден”, во црквата “Св. Никола” во Крушево, хорот “Стив Наумов” од Битола одржа целовечерен концерт на дела со православна тематика. Пред присутните крушевчани, хорот се претстави со композиции од најголемите автори на христијанска музика како што се: Тодор Скаловски, Атанас Бадев и Стеван Мокрањац.

Настапот на хорот “Стив Наумов” воедно беше последниот настан од првата регионална манифестација на која беше славена и презентирана културната продукција на Пелагонискиот регион.

Регионалните културни денови продолжуваат во Битола

Со отворањето на изложбата од ликовната колонија Дрен во Центарот за култура во Битола продолжија регионалните денови на културата во Пелагонија. Изложбата се состои од 20 дела – слики масло на платно- создадени за време на одржувањето на овогодинешната колонија од страна на домашни и интернационални уметници.Изложбата ќе биде отворена за битолската публика до 12.11.2012 година.

Одржување на настан за Проектот за експанзија на мали бизнисина и отпочнување на ЛИДЕР Пелагонија Проектот

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана корпорација на 7 Ноември  2012 година во село Крклино Битола, организираа Конференција на која беше промовиран почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион (ПеЛАГонија ЛЕАДЕР)”.

На Конференцијата зедоа учество претставници од Амбасадата на САД во Република Македонија, Градоначалниците од Пелагонискиот регион, претставници на локалните самоуправи од Пелагонија и од  земјоделскиот и невладиниот сектор. Пред присутните свое обраќање имаа претставникот од Карана Корпорација г-дин Карл Ларкинс, Заменик шеф на мисија г-дин Брајан Ц.Агелер, Заменикот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија г-дин Зоран Коњановски, Градоначалникот на општина Новаци  г-дин Лазар Котески,  Раководителката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска и координаторот на проектот од ЦРППР г-дин Владимир Величковски.Целта на проектот е подобрување на условите за живот , попродуктивно земјоделство, и побогати и поразвиени рурални средини во Пелагонискиот регион.

Регионалните културни денови продолжуваат со имплементација

Во рамките на Регионалните Денови на Културата во Пелагонија во општина Кривогаштани на 03.11.2012 година, за прв пат, беше одиграна детската претстава “Пријателство” во продукција на детскиот театар “Бабец” од Битола.
Претставата имаа можност да ја видат повеќе од 200 дечиња од основните училишта и од претшколските установи  во општината.

Одиграна детската претстава “Пријателство” во Долнени

Регионалните Денови на Културата во Пелагонија продолжуваат со успешна реализација. На 02.11.2012 година, за прв пат во општина Долнени беше одиграна детската претстава “Пријателство” во продукција на детскиот театар “Бабец” од Битола. Претставата имаа можност да ја видат повеќе од 150 дечиња од сите училишта во општината.

Детска театарска претстава во Новаци

Регионалните Денови на Културата во Пелагонија продолжуваат со реализација. На 01.11.2012 година, за прв пат по подолг период во општина Новаци беше одиграна детска претстава “Пријателство” во продукција на детскиот театар “Бабец” од Битола. Претставата имаа можност да ја видат повеќе од 150 дечиња од школска и претшколска возраст од училиштата во општината.

“АнтиУмешност” – театарска претстава во Демир Хисар

На 01.11.2012 година Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп се претстави пред демирхисарската театарска публика со претставата “АнтиУмешност”. Во салата на Домот на културата “Илинден” публиката уживаше во еден и пол часовната претстава која е последното продукциско остварување на младинскиот театар кој работи во склоп на Центарот за клултура од Прилеп.

Прес конференција за одобрен проект за ЗОО

На 30.10.2012 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион се одржа прес конференција преку која медиумите и пошироката јавност во Пелагонија беа информирани за одобрен проект на оваа институција. Меѓудругото, на пресот беа презентирани најважните кредекцијали на одобрениот проект:

Име на проектот: Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин

Акроним: Зоо Иноватива

Главна цел: Придонес кон зајакнувањето на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин

Поднесен во рамките на: Инструмент за претпристапна помош на Европска Унија, Компонента 2 – Прекугранична соработка, Програма Република Грција – Република Македонија, втор повик, приоритена оска 2 – Зајакнување на ресурсите на животната средина, мерка 2.1 Промоција и заштита на животната средина.

Партнери во проектот:

– Центар за развој на Пелагонискиот регион

– Регионална развојна агенција на Лерин

– Општина Битола

– Општина Лерин

– Зоолошка Градина Битола

Времетраење на проектот: 18 месеци

Буџет на проектот: околу 1.170.000 евра

Со проектот ќе бидат реновирани следните живелишта/објекти:

– Фарма

– Лисица/Ракун

– Мечка/Рис

– Тигар

– Мајмуни

– Лав

– Билетара/Портал