Трета успешна работилница во рамките на Пелагонија ЛЕАДЕР проектот

На 21 Јануари 2013 година во Битола,  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  ја организираше третата работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” – Пелагонија ЛЕАДЕР.

На средбата присуствуваа претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од четирите општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.Тема на работилницата беа карактеристиките на ЛЕАДЕР пристапот и  потребните чекори за воведување и спроведување на истиот во Пелагонискиот регион.Учесниците на работилницата преку групна работа успешно го дефинираа капиталот на територијата и ги  определија потенцијалните учесници во Локалните Акциони Групи кои ќе се формираат во идниот период и ќе бидат главни носители на руралниот развој во Пелагонија.Процесот на градење на капацитетите на учесниците во проектот ќе продолжи и понатаму преку организирање на тренинзи во трите микрорегиони на Пелагонија.Активностите на проектот се финансирани преку УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Kарана Корпорација.

РАБОТНА СРЕДБА ВО БИТОЛА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “ВОВЕДУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН”

На 21 Јануари 2013 година во Хотел Милениум во Битола со почеток во 10 часот, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе организира работна средба во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Оваа средба е последна од низата работилници во рамките на проектот организирани  во трите микрорегиони во Пелагонискиот регион. Поканети се претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од регионот. На средбата ќе им се објасни на присутните за карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и ќе се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се идентификува и дефинира  капиталот на територијата, ќе се работи на градење на капацитетите на учесниците кои ќе земат активно учество во процесот и ќе се определуваат можните членови во Локалните Акциони Групи. Проектот:“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”  е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Информативен ден во Прилеп за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, ќе  организира работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 26 Декември  2012 година со почеток во 10 часот во Хотел Кристал Палас во Прилеп.

Поканети на оваа средба ќе бидат претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ресенскиот регион, кои беа учесници на претходните средби и инфо денови организирани во рамките на проектот.На настанот ќе биде им се објасни на присутните за карактеристиките на овој пристап и ќе се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се работи на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата, на градење на капацитетите кои ќе земат активно учество во процесот и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи.Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”  е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.

ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ ОДРЖАНА ВО ПРИЛЕП

На 26 Декември 2012 година во Прилеп се одржа втората работилница во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, организирана од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на малите бизниси.

На средбата подетално се презентираа карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, критериумите за формирање на Локална Акциона Група, како и потребните чекори за воведувањето и спроведувањето на овој пристап во Пелагонискиот регион.Учесниците на работилницата успешно го дефинираа капиталот на територијата во Прилепскиот регион и пристапија кон процесот на идентификување на потенцијалните членови во Локалните Акциони Групи во регионот.

УСПЕШНА РАБОТИЛНИЦА ВО РЕСЕН ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 20 Декември  2012 година во Ресен организира работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.На оваа средба се остварија зацртаните цели, присутните да ги разберат карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и кои се потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион.

На работилницата  исто така се работеше на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи. Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”  е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

 

Информативен ден во Ресен за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

Во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе  организира работилница на 20 Декември  2012 година со почеток во 10 часот во Ресторан “Вито” во Ресен.

Присутни на оваа средба ќе бидат претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ресенскиот регион, кои беа учесници на претходните средби и инфо денови организирани во рамките на проектот.Целта на настанот ќе биде конкретно да им се објаснат на присутните карактеристиките на овој пристап и да се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се работи на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата, на градење на капацитетите и зајакнување на човечките ресурси кои ќе земат активно учество во проектот и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи.Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”  е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.

Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

На 29.11.2012 година се одржа 15-та седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион. На оваа седница гости беа претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и ги презентираа последните измени на законот за управување со отпад.

Исто така на оваа седница беше формиран и Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион, беше донесен годишниот акционен план за 2013, и годишниот финансиски извештај за 2013 година.

Трет работен состанок во рамките на Проектот “ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED”

На 28 Ноември 2012 година, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше одржан 3-от работен состанок во рамките на Проектот “ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидатимплементирани во рамките на овој проект.

На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; општина Битола; општина Прилеп; Регинот на Западна Македонија.

Што ние правиме за мали и средни претпријатија

Во рамките на конференцијата “Што ние правиме за малите и средни претпријатија?” која се одржa од 28-30 Ноември организирана од страна на БСЦ Битола, Центарот за развој на Пелагонискиот  плански регион го презентираше проектот  “Воведување  и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион – ПеЛАГонија ЛЕАДЕР”.

На присутните низ презентација им беа претставени можностите и бенефитите за малите и средни претпријатија преку нивното учество  во проектот.Во голем дел на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот се локалниот економски развој во руралните средини и поддршката на иницијативите за соработка меѓу малите, средните и големите претпријатија. Тоа ќе овозможи создавање канали кои на малите и средни бизниси ќе им овозможат да разменат искуства со  нивните бизнис партнери.Во проектот ќе се вклучат бизнис-лидерите, локалните власти, невладините организации и други здруженија и индивидуи во идентификувањето на пазарните можности за развој, создавање нови работни места и надградувањето на капацитетите на малите и средните претпријатија (МСП).

Информативен ден во Битола за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 26 Ноември 2012 година во канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола одржа инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Присутни на средбата беа претставници од општините во регионот, компании, земјоделци, здруженија на млади, организација на жени, граѓанска асоцијација, федерација на фармери, волонтерска организација, еколошки друштва итн.Преку кратка презентација проект координаторот г-дин Владимир Величковски им ги објасни принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и преку конкретни примери од успешни ЛЕАДЕР проекти им ги прикажа можностите кои ги нуди оваа програма.На средбата се дискутираше за очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со процесот на дефинирање на приоритетните потреби и креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот.