Тренинг во Прилеп во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 28 Февруари 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.

Тренингот кој беше прв од низата тренинзи кои ќе се организираат во наредниот период во Пелагонискиот регион, имаше за цел преку презентираните теми учесниците да добијат информации за добро владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на Локалните Акциони Групи.На тренингот преку работа во групи учесниците ги анализираа заинтересираните страни во нивниот регион и преку вежби работеа на утврдување на моменталната состојба на нивната Локалната акциона група. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Тренинг во Прилеп во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 28 Февруари 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп ќе организира тренинг на тема:

“Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.Целта на тренингот ќе биде да се добијат информации за добро владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на ЛАГ.
На тренингот преку работа во групи учесниците ќе ги анализираат заинтересираните страни во нивниот регион и ќе работат на утврдување на моменталната состојба на нивната Локалната акциона група. “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Прилог на “Al Jezeera Balkans” за потенцијалите на Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион (ЦРППР) учествуваше во снимањето на специјален прилог на телевизијата “Al Jezeera Balkans” посветен на потенцијалите за развој на Пелагонискиот регион. Снимањето на прилогот се случуваше на неколку локации низ регионот и тоа: Општина Прилеп, с. Дихово, Општина Битола, с.Сливница и Општина Ресен.

За време на снимањето на прилогот, беа водени разговори за развојните потенцијали на Пелагонија со: претставник на ЦРППР, понудувач на туристички услуги во рурална средина и со претставник на Општината Ресен.
Прилогот се очекува да биде емитуван на централната информативна програма на телевизијата, на почетокот на март 2013 година.

Одржан прв работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 18.02.2013 година во Велтси Хотел Лерин Р. Грција се одржа првиот работен состанок на проектот:
Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива.На состанокот беа присутни претставници на  сите партнери кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

– Центар за развој на Пелагониски плански регион,
– Регионална развојна Агенција на Лерин АНФЛО ,
– Општина Битола,
– Општина Лерин
– Зоолошка градина Битола.
Во присуство и на градоначалникот на општина Лерин, г-дин Јоанис Васкопулос  беше разгледан и усвоен работниот  план на проектот.
На овој работен состанок беше поднесен и извештај од страна на водечкиот партнер на проектот ЦРППР вклучувајќи ги и сите останати партнери за досегашните успешно завршени активности,  како и предлог временска рамка за наредните работни активности согласно работниот план.

Одржан четвртиот работен состанок во рамките на Проектот “ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”

На ден 18.02.2013 година во Велтси Хотел Лерин Р. Грција се одржа  четвртиот работен состанок на проектот:
“ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На состанокот беа присутни претставници на сите партнери кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

Центар за развој на Пелагонискиот плански регион;
Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО;
Општина Битола;
Општина Прилеп;
Регинот на Западна Македонија.
На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.

Тренинг во Ресен во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 12 Февруари 2013 година во Ресторан Вито во Ресен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.

На тренингот учесниците добија информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за националните документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и формирање на Локалните Акциони Групи како и за постапката за формирање на Локални Акциони Групи кај нас, користејќи го искуството од земјите каде овој процес е најуспешен.Овој тренинг беше наменет за учесниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во Ресенскиот регион, кои учествуваа на минатите средби во рамките на овој проект.Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Тренинг во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 12 Февруари во Ресторан Вито во Ресен ќе организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.По завршените информативни средби и работилници, оваа средба е прва од низата тренинзи кои ќе се одржат во секој од трите микрорегиони на Пелагонија.

Целта на овој тренинг е учесниците да добијат информации за добро владеење и како се мобилизираат локалните заедници,  ке бидат претставени националните документи и документи на ЕК што се однесуваат на територијата и формирањето на  ЛАГ-овите како и постапката за формирање на ЛАГ.Проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се спроведува со финансиска поддршка од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Конференција: “КАКО ДО ПАРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Усаид Проектот за експанзија на мали бизниси организираа Конференција на тема: ”Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”.

На Конференцијата присуствуваа повеќе од 200 претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Пелагонискиот регион, што претставуваше доказ за големиот интерес за финансиската помош која им се нуди, како и за успешноста на оваа конференција.Во првиот дел од конференцијата, во седум пленарни сесии беа претставени различни финансиски инструменти кои се достапни за претпријатијата и организациите во Пелагонискиот регион: ИПА – Прекугранична соработка, ИПА/ИПАРД, Национална Програма за Рурален Развој, Програма за Конкурентност и Иновации – CIP, Инструменти за финансирање од Холандската влада, Поддршка на трансфер на технологии кај малите фирми и кредитирање преку БСЦ Битола и Македонска Банка за Поддршка и Развој. А во вториот дел од настанот во повеќе групи учесниците имаа можност да излезат со конкретни прашања пред експертите, за начинот и процесот на аплицирање, за да се запознаат повеќе со овие финансиски инструменти. Целта на настанот беше да се поттикне растот и развојот на претпријатијата од регионот преку олеснување на процесот за пристап до финансиии, а со тоа да се зголеми интересот за нивно искористување.

Конференција за можности на финансирање

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за Експанзија на мали бизниси на 06 Февруари 2013 година во Хотел Епинал во Битола ќе организира Конференција на тема : “Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”.

Во текот на конференцијата ќе се одржат седум сесии посветени на различните финансиски инструменти како: ИПА – Прекугранична соработка, ИПА/ИПАРД, Национална Програма за Рурален Развој, Програма за Конкурентност и Иновации – CIP, Инструменти за финансирање од Холандската Влада, Поддршка за малите бизниси и Бизнис советодавни услуги – SBS/BAS и Македонска Банка за Поддршка и Развој. На крајот на конференцијата во повеќе групи ќе се дискутираат успешните приказни за пристапување кон презентираните развојни фондови, пречките за пристап до истите, чекорите кои се критични за нивно надминување, како и идеи за проекти кои би можеле да имаат позитивно влијание врз локалниот економски развој во Пелагонија.Поканети да земат учество на Конференцијата се претставници на сите компании од Пелагонискиот регион како и потенцијални претприемачи кои сакаат да дознаат повеќе за финансиската помош достапна за малите и средни претпријатија.
Покрај Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за Експанзија на мали бизниси, во организацијата на настанот учествуваат и Бизнис Стартап Центарот од Битола, Фондацијата Преда Плус од Прилеп и Стопанска комора на Република Македонија со подрачните единици во Битола и Прилеп.

Одржана средбата на Градоначалниците на Општините на Пелагонискиот регион

На 23 јануари 2013 година во Хотел Милениум во Битола, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси спроведуван од Карана Корпорација,  се одржа работен состанок со цел разгледување на можностите за воведување и унапредување на системите за наводнување на земјоделските површини во Пелагонискиот регион.

На средбата беа присутни Градоначалниците од Општините Прилеп, Демир Хисар, Долнени и Кривогаштани, претставници дирекно вклучени во секторот наводнување од Општините Ресен, Прилеп, Кривогаштани, Новаци и Могила, претставници од Поинт Про Консалтинг од Скопје,  претставници од ЈП Стрежево Битола, Директорката  и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Директорката на Јавно Водостопанско Претпријатие од Прилеп и претставници од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси. Во текот на средбата беа споделени проблеми, ставови и мислења од страна на сите засегнати страни во врска со состојбата со наводнувањето и можностите за воведување или проширување на системот за наводнување на секоја општина, на локално или регионално ниво. Добиените информации ќе послужат во понатамошната изработка на физибилити студии за унапредување на системите за наводнување, со поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси. После оваа успешна средба ќе се одржат и други средби со секоја општина одделно, со цел собирање на информации потребни за изработување на физибилити студиите.