Трета обука во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 10 Април 2013 година во Ресторан Вито во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе организира обука на тема: “Вeштини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни“.Целта на обуката е учесниците да се информираат зошто е потребна анализата на заинтересирани страни, да се запознаат со различните алатки за спроведување на анализа и проценка, како и да се здобијат со познавања за успешно вклучување на заинтересираните страни во процесот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Одржан втор тренинг во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот  регион”, на 01 Април 2013 година во Хотел Милениум го одржа вториот тренинг кој беше со тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.

На тренингот присуствуваа претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од четирите општини во Битолскиот микро регион. Целта на тренингот беше учесниците да се запознаат за користа и важноста од мрежите и вмрежувањето за успешен регионален развој, за различните видови на мрежи, како и за улогата менаџментот во вмрежувањето и кои се клучните фактори за успешно вмрежување. Во наредниот период се планирани уште два тренинзи во секој од трите микро – региони на Пелагонија.

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Одржан втор работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 05.04.2013 год. во седиштето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа вториот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

 

На состанокот беа присутни претставници на  сите партнери кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

– Центар за развој на Пелагониски плански регион,

–  Регионална развојна Агенција на Лерин АНФЛО ,

–  Општина Битола,

–  Општина Лерин

–  Зоолошка градина Битола.

За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

5-ти работен состанок на Проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED”

На 5 Април 2013 година, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше одржан 5-от работен состанок во рамките на Проектот: “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.

На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; општина Битола; општина Прилеп; Регинот на Западна Македонија.

Tренинг одржан во Претор во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 27 Март 2013 година во Ресторан Галакси во Претор во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира тренинг на тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.

На тренингот претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Ресенскиот микро регион се информираа за користа од мрежите и од вмрежувањето за успешен регионален развој и за различните видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент.  Во наредниот период се планирани уште два тренинзи во секој од трите микро региони на Пелагонија.

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Одржан втор тренинг во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

на 26 Март 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп одржа тренинг на

тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.

Целта на тренингот беше учесниците да добијат информации за користа од

мрежите и од вмрежувањето за успешен регионален развој, како и за различните

видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент. Овој тренинг е втор

од планираните четири тренинзи кои ќе се одржат во трите микрорегиони во

Пелагонија во наредниот период.

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот

регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали

бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

 

Тренинг во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во пелагонискиот регион ”.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 26 Март 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп ќе организира тренинг на тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.

Целта на тренингот ќе биде да се добијат информации за користа од мрежите и вмрежувањето за успешен регионален развој, како и за различните видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент. Преку работа во групи учесниците ќе имаат можност ја разберат улогата на менаџментот во вмрежувањето и за факторите за успешност во вмрежувањето.

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Обука за зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни во прекуграничните региони на Преспа и Шара

Претставници на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион присуствуваа на обука за зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни во прекуграничните региони на Преспа и Шара од 12 до 14 март 2013 година во Хотел Бистра во Маврово.

Обуката беше организирана од Постојната регионална работна група за рурален развој во Југоисточна Европа во рамките на проектот “Подготовка за имплементација на пристапот за развој заснован на области во Западен Балкан”.

Теми кои беа опфатени на обуката беа пишување на предлог проекти и стратешко планирање. Целта на обуката беше јакнење на капацитетите на Групата на заинтересирани страни составена од претставници на регионалните и локални власти, граѓанско општество и деловниот сектор за подобрување на регионалната соработка во прекуграничните региони на Преспа и Шара за нивен одржлив развој.

Краен резултат на вклучувањето на заинтересираните страни во стратешкото планирање за регионална соработка во прекуграничните региони ќе биде изготвување и спроведување на програми и проекти за поттикнување на економскиот развој, како и воспоставување на платформа за размена на информации, искуства и добри практики за регионалниот рурален развој.

Одржана средба помеѓу Министерот за локална самоуправа и Раководителите на ЦРР

На 07.03.2013 година во просториите на Министерството за локална самоуправа на РМ се одржа средба помеѓу Министерот за локална самоуправа на РМ и Раководителите на Центрите за развој на планските региони во РМ.

Целта на средбата беше да се информира новоназначениот Министер за локална самоуправа на РМ за состојбите во рамномерниот регионален развој на Република Македонија.За време на средбата беа разговарани потенцијалите за унапредување на состојбите во овој сектор но и постоечките предизвици на кои, со заеднички сили на сите засегнати страни, треба да се одговори.Средбата беше позитивно оценета и поздравена од сите присутни. На крајот на истата беше заклучено дека активности од ваков вид треба почесто да се иницираат поради потесна координација на сите вклучени во системот на регионален развој.

Тренинг во Битола во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 04 Март 2013 година во Хотел Милениум во Битола организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.

Со овој тренингот заврши првата серија од низата тренинзи кои ќе се организираат во наредниот период во Пелагонискиот регион, кој имаше за цел учесниците да добијат информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на Локалните Акциони Групи. Во наредниот период следуваат три тренинзи со различни теми во секој од трите микро региони во Пелагонија пред да се пристапи кон процесот на регистрирање на Локалните Акциони Групи. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.