Одржан трет работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 15.05.2013 год. во седиштето на Регионална развојна Агенција на Лерин АНФЛО се одржа третиот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

– За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше

договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

 

Донација во Ресен во рамките на Проектот “FIRESHIELD”

Во рамки на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHISLED” финансиран од инструментот за претрпистапна помош на Европската Унија, програма за прекугранична соработка за Р.Грција –  Р.Македонија 2007- 2013,  Центарот за развој на Пелагониски плански регион изврши донација на ТППЕ Ресен.

Донацијата се состои од 9 најсовремени противпожарни одела за лична заштита на пожарникарите од Општина Ресен. Воедно со оваа активност се одбележа и 20 мај, денот на пожарникарството во Република Македонија. Градоначалникот на Оштина Ресен, во име на Општината, на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, му додели благодарница за потпомагање на работењето на ТППЕ Ресен.

6-ти работен состанок на Проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар – FIRESHIELD

На  ден 15.05.2013, во просториите на Регионалната развојна Агенција на Лерин АНФЛО, беше одржан 6-от работен состанок во рамките на Проектот: “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.

На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; Општина Битола; Општина Прилеп; Регинот на Западна Македонија.

Одржан четвртиот тренинг во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 15  Мај  2013  година во Хотел Кристал Палас во Прилеп се одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”. Овој тренинг беше организиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Целта на оваа средба беше учесниците да се запознаат со терминот анализа на територијата и зошто е потребна анализата во стратешкото планирање. Им беа претставени најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST, кои претставуваат основа при подготвување на стратегија. Резултатите од овие анализи ќе се искористат во наредната фаза од проектот во процесот на подготвување на стратегијата на Локална Акциона Група која ќе се воспостави во Прилепскиот  микро регион.

Проектот се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Одржан четвртиот тренинг во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 13  Мај  2013  година во Хотел Милениум во Битола одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”. На оваа средба учесниците се запознаа со терминот анализа на територијата и зошто е потребна при изготвување на стратешки документи. Им беа претставени најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST, кои претставуваат основа при стратешкото планирање.

Средбата ја посети Амбасадорот на САД во Македонија Г-дин Пол Волерс, претставници од УСАИД Македонија, Директор на Карана Корпорација Г-дин Карл Ларкинс, Директорката на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Г-ѓа Емилиа Ѓероска, претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието и др.

Проектот се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација, кои ја започнаа инцијативата Расти повеќе пченка како прв чекор кон модернизирање на производството на пченка во Македонија. Оваа иницијатива во Пелагонија, УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси ја спроведува во партнертсво со Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Одржана работилница на тема: “Стратешко планирање за Центарот за развој на Пелагониски плански регион”

На 18 и 19 Април 2013 година во Хотел Милениум во Битола се одржа работилница на тема: “Стратешко планирање за Центарот за развој на Пелагониски плански регион”, организирана од Германското друштво за меѓународна соработка во рамките на Програмата за регионален економски развој ГИЗ РЕД.

Учесници на работилницата беа претставници на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и  на ЕЛС од  општините во Пелагонискиот регион. Целта на работилницата беше да се дефинираат приоритетите и целите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2013-2017, да се ревидира мисијата и визијата на ЦРППР како и да се започне со изработка на стратешки нацрт план за работа. Со процесот на стратешко планирање треба да се дефинира развојот на институцијата преку рационално распоредување на ресурсите.

Трет тренинг во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 15 Април 2013 година во Хотел Милениум во Битола се одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни”, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Целта на овој тренинг беше на присутните да им се претстави терминот “заинтересирани страни” и зошто е потребна нивна анализа и проценка. На оваа средба учесниците треба да се запознаат со алатките кои се користат при спроведување на анализа и проценка и да стекнат познавања како да ги мобилизираат и вклучат заинтересираните страни во процесот.Во наредниот период се планирани координативни состаноци во трите микро региони на Пелагонија на кој ќе се дефинираат членовите на Локалните Акциони Групи кои ќе се формираат на таа територија. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Одржан трет тренинг во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 11 Април 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни”.

На тренингот пред присутните се презентирање за терминот заинтересирани страни или актери или засегнати страни и зошто е потребна анализа на заинтересираните страни при изготвување на стратегија или апликација за проект. Преку овие обуки се зајакнуваат капацитетите на учесниците за подготвување на стратегии и имплементирање на проекти како потенцијална Локална Акциона Група. Проектот е финансиран од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Трет тренинг во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 10 Април 2013 година во Ресторан Вито во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, се одржа тренинг  на тема: “Вeштини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни“, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Целта на тренингот беше учесниците да се информираат зошто е потребна анализата на заинтересирани страни, да се запознаат со различните алатки за спроведување на анализа и проценка, како и да се здобијат со познавања за успешно вклучување на заинтересираните страни во процесот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Средба на Министерот за локална самоуправа со Центрите за регионален развој во Битола

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани денеска во  Битола оствари средба со раководителите на осумте Центри за регионален развој кои дејствуваат во исто толку плански региони во Република Македонија.  Координативниот состанок со раководителите на Центрите за регионален развој, потенцира минситерот Хани, е во функција на Националната стратегија за рурален туризам во Република Македонија.

Поддржуваме зајакнување на улогата на регионалните центри во Република Македонија бидејќи претставуваат добар механизам за рамномерен регионален развој. Главното внимание го посветивме на Националната стратегија за рурален туризам и очекуваме Центрите да одиграат клучна улога во реализацијата на сите проекти предвидени со оваа стратегија, истакна министерот за локална самоуправа Тахир Хани. На денешната средба во Битола чиј домаќин беше Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, раководителите на осумте центри за регионален развој со заедничка оценка дека кога заеднички дејствуваат поефикасно ги остваруваат своите цели.  Нашите капацитет се големи и развиени и може да одговорат на тоа што го бара донаторската заедница, како и Владата преку своите министерства. Сите наши активности се во функција на исполнување на мисијата, односно намалување на диспаритетот во регионите во Република Македонија, како и намалување на диспаритетите внатре во секој регион меѓу  општините, истакна Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола

**Веста е превземена од Македонската информативна агенција (МИА)