Одржан 4-ти работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 13.06.2013 год. во седиштето на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа четвртиот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

– Центар за развој на Пелагониски плански регион;

– Регионална Развојна Агенција на Лерин;

– Општина Битола;

– Општина Лерин;

– Зоолошка градина Битола.

За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше

договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

7-ти работен состанок на Проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар – FIRESHIELD

На  ден 13.06.2013, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше одржан 7-от работен состанок во рамките на Проектот: “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.

На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; Општина Битола; Регинот на Западна Македонија.

Регионална презентација во Лерин, Р. Грција

Центарот за развој на Пелагонискиот регион на 06.06.2011  организираше регионална презентација на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион во Лерин, соседна Република Грција. Гости на презентацијата беа  претставници на бизнис секторот од регионот на градот Лерин и неговата поширока околина.

Исто така, гости на презентацијата беа г. Јоанис Воскопулос, Градоначалник на Лерин, г. Лазар Котевски Градоначалник на општина Новаци, г. Славко Велески Градоначалник на општина Могила, г. Абдула Бајрамоски Градоначалник на општина Долнени, г. Арис Аристиду претседател на Стопанската комора во Лерин, и г-ѓа Зета Ризу директор на регионалната развојна агенција АН.ФЛО од Лерин.
Пред присутните гости  беа презентирани деветте индустриски зони во регионот на Пелагонија, нивните карактеристики, намени, цели и предности. Покрај индустриските зони, беа презентирани и компаративните предности и инвестициските потенцијали на секоја од општините во регионот, поточно даночните олеснувања, стимулациите, и поддршката која општинските администрации ја нудат за потенцијалните инвеститори во однос на добивањето на потребната документација и обезбедувањето на сите потребни информации кои се поврзани co инвестицискиот циклус.
По завршувањето на формалната презентација, гостите градоначалници од Пелагонискиот регион и Градоначалникот на Лерин заедно со другите присутни остварија неформален разговор за време на коктелот на кој беше разговарано за можностите за соработка помеѓу двете држави и особено помеѓу двата региони, не само во однос на бизнис соработката туку и при искористувањето на средствата достапни од фондовите на Европската Унија.

Одржан последниот тренинг во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 04 Јуни 2013 година во Ресторан Вито во Ресен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го одржа последниот тренинг од првата фаза од проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”. Тренингот беше со тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”.

На оваа средба на присутните претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од регионот им беше претставен терминот анализа на територијата, зошто е потребна анализата во стратешкото планирање и најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST, кои претставуваат основа при подготвување на стратегија. Целта е резултатите од овие анализи да се искористат во наредната фаза од проектот во процесот на подготвување на стратегијата на Локална Акциона Група која ќе се воспостави во Ресенскиот микро регион. По завршувањето на тренинзите се планирани координативни состаноци на кои ќе се одбираат членовите на Локалните Акциони Групи.

Проектот се финансира од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

„Tуризмот во функција на едукација, култура и вмрежување“

Во рамките на програмската целина за Културни политики од програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“ од  29.05.2013 до 31.05.2013 година, со почеток во 10:00 часот во хотел „Милениум“ во Битола се одржаa работилници на тема: „Tуризмот во функција на едукација и култура и вмрежување“

Овие работилници имаа за цел придонес кон подобрување на функционалноста и дефинирање на идни активности на претходно воспоставената Мрежа за културен развој на Пелагонија, како и да се согледа и развие преку конкретни активности улогата на туризмот во функција на едукацијата и културата. Работилниците се дел од тригодишен циклус кој се организира во Пелагонискиот регион и се наменети за професионална до-едукација на културните чинители од Пелагонискиот регион.

Работилниците се програмски уредени и организирани од страна на Локомотива, Скопје, носител на програмската целина за Културни политики, во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот регион од Битола.

Работен состанок : Регионално управување со отпад

Центарот за развој на Пелагонискиот регион заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија и Кралството Холандија организираа  работен состанок на тема: “Регионално управување со отпад” кој се одржа на 28.05.2013 година во Хотел  Милениум во Битола, со почеток во 10:00 часот.

Целта на состанокот беше да се разменат знаења во врска со регионалното управување со отпад помеѓу регионот Goii и Vershteck од Холандија и Пелагонискиот и Југозападниот регион од Р. Македонија.

На состанокот, од Кралството Холандија присуствуваа гости од локална самоуправа, замениците-градоначалници на Bussum, г-дин Gerard Boekof  и Weesp, г-дин Jean van de Hoeven, како и генералниот директор и директорот за развој и иновации на регионалното комунално претпријатие GAD.

Од Македонија, на состанокот учествуваа претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, Управа за заштита на животна средина, како и Градоначалниците, комуналните инспектори и директорите на јавни комунални претпријатија од општините во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Семинар за Управување на Локални Акциони Групи

Од 19 – 26 Мај претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион учествуваа на семинар за : “Менаџмент на Локални Акциони Групи – Холистички пристап во Регионалниот Рурален развој”, кој се одржа во Илок, во Хрватска. На семинарот учестуваа и претставници од јавни институции и ЛАГ менаџери од Србија, Хрватска, БиХ и Македонија.

Се разговараше за првичните чекори на Локалните Акциони Групи, идни активности, начини на финасирање, размена на позитивни искуства и подготовка на стратегии за ЛАГ. Целта на семинарот беше учесниците да добијат информации за различните аспекти на изработка на регионални стратегии, да стекнат познавања за организација и финансирање на управувањето на ЛАГ, да се развијат соодветни решенија за поддршка и одржливост на развојниот процес во регионот со спроведување на регионални проекти преку ЛАГ и да се подобри можноста за понатамошно вмрежување помеѓу Локални Акциони Групи од земјите од Југоисточна Европа.

Преку теренски посети беа прикажани можностите за подобрување на условите во руралните средини и различните видови на проекти кои можат да се имплементираат преку ЛЕАДЕР мерката. Семинарот беше организиран во рамките на ГИЗ програмата за регионален развој, поддржана со екпертиза од ЛАГ менаџери на најуспешните ЛАГ-ови во Германија.

Отворен ден во рамките на проектoт

Во четвртокот на 23. 05. 2013 година на плоштадот Гоце делчев во Битола, беше одржан отворениот ден во рамки на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. Овој проект  е  финансиран од инструментот за претрпистапна помош на Европската Унија, програма за прекугранична соработка за Р.Грција –  Р.Македонија 2007- 2013.

Гостин на овај настан беше  унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце. Граѓаните на Битола на овој отворен ден имаа можност да присуствуваат на показна вежба од страна на пожарникарите од територијалната против пожарна единица Битола. Исто така на овој настан беа презентирани оделата, хидрантите и инфотаблите добиени во рамки на проектот FIRESHIELD.

Одржан тренинг во Битола во рамките на проектот FIRESHIELD

Во рамки на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD” финансиран во рамките на програма за прекугранична соработка за Р.Грција –  Р.Македонија 2007- 2013, беше одржан тренингот за користење на сателитскиот софтвер за следење на пожари. Tренингот се одржа во просториите на Територијалната противпожарна единица во Битола, на кој беа присутни претставниците на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион.

Овој софтвер ќе овозможи сателитско следење на пожарите во двата прекугранични региони, како и брза детекција на пожарите со детали за насока и податоци за како вид на пожар станува збор.  Покрај локацијата снимkaта што ја обезбедува софтверот дава и податоци за вегетацијата на теренот, брзината на ветрот, типот на пожарот со што стратегијата на делување може однапред да биде испланирана.

Донација во Демир Хисар во рамките на Проектот “FIRESHIELD”

Во рамките на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD” финансиран од инструментот за претрпистапна помош на Европската Унија, програма за прекугранична соработка за Р.Грција –  Р.Македонија 2007- 2013,  Центарот за развој на Пелагониски плански регион изврши донација на ТППЕ Демир Хисар.

Донацијата се состои од 9 најсовремени противпожарни одела за лична заштита на пожарникарите од Општина Демир Хисар. Воедно со оваа активност се одбележа и 20 мај, денот на пожарникарството во Република Македонија.