Обука за советниците за значењето на регионалниот развој во организација на ГИС-РЕД

На ден 04.07.2013 година во Битола се одржа обука во рамки на проектот на ГИС РЕД Македонија за  кој се предвидени мерки за јакнење на капацитетите, обуки на повеќе теми за општинските совети. На втората седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, градоначалниците од 9-те општини го одобрија отпочнување на проектот финансиран од ГИС со кој ќе бидат обезбедени околу 50 000 евра за изработка на техничка документација за големи инфраструктурни проекти за кои понатаму ќе се бара финансиска поддршка за тие проекти да се реализираат.

Првиот чекор е обука на советниците и претседавачите на совети за значењето на регионалниот развој, што значи тој, за легислативата и улогата на општинските совети. Центарот за развој на Пелагониски плански регион има успешна соработка со ГИС која е присутна во Македонија од јануари 2008-ма и е еден од главните партнери кои ја поддржуваат Македонија во спроведување на политиката за регионален развој.

Втор координативен состанок во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 04 јули 2013  година во Хотел Кристал Палас во Прилеп Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот

“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, го организира вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”. На овој состанок членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Прилепскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство. Со овој документ потписниците потврдуваат дека сакаат  да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР, составено од јавен, приватен и граѓански сектор.  На средбата се дискутираше за можниот број на членови и седиштето на партнерството и се ажурираа информациите на учесниците заради издавање на сертификати за поминатата обука.

Втора седница на Советот на Пелагонискиот регион

На 03.07.2013 година се одржа втора седница на Советот на Пелагонискиот плански регион. На ова седница беа разгледани деветте прифатени проекти од Бирото за регионален развој и одобрени од Национален совет кој ке бидат реализирани до декември 2013.

Една од точките беше и продолжувањето на сорбаотката со партнери од Грција, покрај Центарот отсега и самите општини ќе може да аплицираат самостојно за проекти. Исто така претседателот на Советот ја потпиша и одлуката за соработка со ГИС РЕД.

Прв координативен состанок во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 02 Јули  2013  година во Ресторан Вито во Ресен организира состанок за : “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”.

На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Ресенскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, се избра името, се дефинира визијата и се поставија специфичните цели на партнерството.Во наредниот период се планираат уште по два состаноци во трите микро региони во Пелагонија.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Прв координативен состанок во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 27 Јуни 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира координативен состанок за : “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”, во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Учесниците на оваа средба кои се и потенцијални членовите и основачи на Локална Акциона Група од Прилепскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, го дефинираа името и визијата и ги поставија специфичните цели на партнерството. Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период во рамките на проектот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Потпишани договорите за реализација на проекти помеѓу ЦРППР и БРР

На ден 27.06.2013 год. во Скопје, Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази и Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска го потпишаат договорот за реализација на проекти во Пелагонискиот плански регион за  проекти кои беа аплицирани во 2012 година а средства се доделени во 2013 година.

Проекти за кои се доделени средства се следните:

1.Подобрување на сообраќајната поврзаност помегу општините Новаци, Битола и Могила

2.Изградба на регионална мото-крос патека

3. Изработка на проект за инфраструктура – цевковод за водоснабдување на индустриската зона Петилеп- ОпштинаМогила од градскиот водовод на Општина Битола

4.Прва фаза: изградба на јавен паркинг за сточен пазар во Општина Кривогаштани (за потребите на Кривогаштани,Долнени,Прилеп,Крушево и Демир Хисар)

5.Адаптација на објект од историско и културно значење во Пелагонискиот регион – Спомен – простор на Петре М. Андреевски

6.Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион

7.Втора фаза: партерно уредување на регионален природен извор во н.м. Дебреште – општина Долнени

8.Патокази кон подпелистерските села за унапредување и промоција на туристичките потенциали на Општините Битола и Ресен

9.Проект за хортикултурно уредување на црквата св.Ѓорѓи во село Курбиново Општина Ресен

Интервју на г-ѓа Емилиа Ѓероска Директор на Центарот за развој на Пелагониски регион за Битолски весник

Комлетното интервју можете да го погледнете на следните линкови:

Интервју на г-ѓа Емилиа Ѓероска Директор на Центарот за развој на Пелагониски регион за Битолски весник

Превземи дел 1

Превземи дел 2

Показна вежба за користење на противпожани хидрати во рамките на проектот FIRESHIELD

На 25.06.2013 година, во населбата Горно Оризари се одржа заедничката показна вежба за користење на надземните хидранти од страна противпожарните единици во Пелагонискиот регион и регионот на Западна Македонија.

Оваа покажна вежба е во рамките на проектот “ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар-FIRESHIELD’,  во чии рамките се набавени 140 надземни хидранти за Пелагонискиот регион. Проектот “ План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар-FIRESHIELD’ е финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Прв координативен состанок во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 20  Јуни  2013  година во Хотел Милениум во Битола организира состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”.

Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период. На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Битолскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, се дадоа предлози за дефинирање на името и визијата и се поставија неколку специфичните цели на партнерството.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.