Студиско патување во ЗОО Љубљана

Во рамки на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин – Зоо Иноватива”, се одржа дводневно студиско патување во Зоо Љубљана на кое учесници беа волонтерите од Зоо Битола и тимот на проектот Зоо Иноватива. Студиското патување се реализираше помеѓу 7 и 8 окотмври 2013 год.

Персоналот на Зоо Љубљана им посака топло добредојде на 10 те учесници на студиското патување и овозможи продуктивна и едукативен престој.Низ дневните тури, запознавањето со историјата на Зоолошката градина во Љубљана и секојдневните работни задачи, нашите волонтери работеа рака до рака и учеа од волонтерите во Зоо Љубљана како да направат  посодржаен, поквалитетен и поедукативен престој во Зоолошката Градина во Битола.За време на посетата дискутирни и претставени беа и едукативните тури кои успешно се имплементирани во Љубњанската Зоолошка Градина, придобивките од членството во ЕАЗА како и можностите за размена на животински видови помеѓу двете институции.Учесниците на патувањето се стекнаа со нови идеи и знаења што ќе бидат пренесени во работата на Зоолошката градина Битола.

Трет состанок во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 25 септември 2013 година во Ресторан Вито во Ресен се одржа третиот состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)” во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”(Пелагонија ЛЕАДЕР). Состанокот беше организиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.

На средбата присуствуваа претставници од јавен, приватен и граѓански сектор од Ресенскиот микро регион, кои редовно ги посетуваа обуките во рамките на Пелагонија ЛЕАДЕР проектот. Се дискутираа документите кои се потребни за регистрација на Локалната Акциона Група “Партнерство за Преспа 2020”, како здружение според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот.
На крајот на состанокот на сите учесници кои учествуваа на обуките во рамките на првата година од преоктот, им беа доделени “Потврди за успешно завршена обука за воведување на ЛЕАДЕР пристап”.

Одржан 6-ти работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 11.09.2013 год. во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа шестиот работен состанок на проектот: “Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата на проектот:
Центар за развој на Пелагониски плански регион;
Регионална Развојна Агенција на Лерин;
Општина Битола;
Општина Лерин;
Зоолошка градина Битола.
За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

Остварена меѓународна соработка помеѓу Пелагонискиот и Задарскиот регион

Во периодот од 9 – 12 септември 2013 година, беше реализирано студиско патување во Задар, Република Хрватска на кое присуствуваа Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион, а беше организирано од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Целта на патувањето беше претставување на регионот Пелагонија пред локалната власт во градот Задар и Задарската област и размена на искуства за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот преку процесот на формирање на Локални Акциони Групи ЛАГ-ови. За време на студиското патување беа остварени директни средби со Локалните Акциони Групи во Задарскиот регион, ЛАГ Лаура и ЛАГ Бура. На овие средби менаџерите на ЛАГ-овите пред Градоначалниците од Пелагонискиот регион го презентираа процесот на формирање на ЛАГ-ови во Хрватска, ги истакнаа можносите кои се нудат за искористување на различни фондови и кои типови на проекти ќе можат да се имплементираат преку ЛЕАДЕР програмата. Исто така ја потенцираа важноста за поддршка од локалната самоуправа во формирањето на ЛАГ-ови за да се постигне успех на целиот процес.

Делагацијата од Пелагонија имаше можност да оствари средба и со Градоначалникот на град Биоград, г-дин Иван Кнез, кој го претстави градот кој го води, неговите можности за развој, и ги презентираше реализираните и планираните проекти. Исто така, Делегацијата од Пелагонискиот регион имаше можност да се сретне со Градоначалникот на општина Задар, г-дин Божидар Калмета и неговиот тим, со кого разговараше за развојот на Задарската Жупанија во последните години и проблемите со кои оваа жупанија се соочува. Присутните на средбата, истата ја посочија како одлична можност за идна заедничка соработка помеѓу двата региони. За време на студиското патување, Градоначалниците беа примени и од страна на жупанот на Задарската жупанија, г-дин Стипе Зрилиќ и неговиот тим, каде двете страни ги претставија своите региони и можности за развој. На оваа средба присуствуваше и претставничка на Македонската заедница во Задар, г-ѓа Мирјана Мајиќ.
Еден дел од студиското патување беше искористен и за средби со Комората на занаетчии на општина Задар и претставници од успешни компании од регионот за преработка на месо и производство на бели пецива. За време на средбите, беше разговарано за успешни иницијативи од приватниот сектор и поддршката од страна на комората и локалната самоуправа при реализацијата на тие иницијативи.

Со цел да слушнат искуства и мислења на претприемачите, Градоначалниците за време на студиското патување реализираа теренски посети на неколку локални мали и средни претпријатија, кои се и успешни корисници на финансиски средства од ИПАРД програмата во Хрватска. Конкретно, беа реализирани посети на компанијата “Мараска” производител на сокови и познатата задарска ракија од вишна Мараска, земјоделската задруга “Масвин” која одгледува и преработува маслинки, вино и смокви, разгледување на земјоделскиот проект “Баштица” за наводнување на голема земјоделска површина преку систем капка по капка и посета на компанијата “Мари Комерц” која се занимава со преработка на риба.

Потпишување на договор за соработка помеѓу ЦРППР и Карана Корпорација

На 06.09.2013 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола се одржа свечено потпишување на “Договор за соработка” помеѓу институциите Карана Корпорација, имплементатори на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси и Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Со потпишувањето на овој документ помеѓу директорите г-дин Карл Ларкинс и Г-ѓа Емилиа Ѓероска, се означува продолжување на соработката помеѓу двете институции за уште една година и продолжување на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион (Пелагонија ЛЕАДЕР)”. Соработката беше започната во 2012 година со започнувањето на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација, кој ќе се спроведува во Пелагонискиот регион во времетраење од 4 години, во чии рамки се спроведува Пелагонија ЛЕАДЕР проектот од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Одржана 3 та Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион

На ден 21.08.2013 година во Битола се одржа 3тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На оваа Седница, членовите на Советот работеа по следниот дневен ред:

1. Разгледување и усвојување на Записник од втора Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

2. Прифаќање на критериуми за приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)

3. Приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)

4. Усвојување на приоритетна листа на проекти кои ќе се поднесат во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година (БРР 2014)

 5. Измена и дополнување на годишен финансиски план на ЦРППР за 2013 година

6. Потпишување на Договор за воспоставување на меѓуопштински одбор за управување со отпад (РИУО, Министерство за животна средина на РМ)

7. Избор на Претседател на меѓуопштински одбор за управување со отпад

8. Избор на членови на стручна служба на меѓуопштински одбор за управување со отпад

9. Избор на членови во комисија за доделување на финансиска помош за достигнување на стандарди во работењето на угостителски објекти од мал обем (Проект Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион финансиран од БРР 2013)

10. Информација за одобрен проект Воведување и спроведување на ЛЕАДЕР пристап во Пелагонискиот регион (втора фаза) и студиско патување во Задар, Република Хрватска

11. Информација за проекти кои ќе се поднесат во рамките на третиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Одржан 5-ти работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 18.07.2013 год. во седиштето на Регионална развојна Агенција на Лерина –АНФЛО се одржа петтиот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:

– Центар за развој на Пелагониски плански регион;

– Регионална Развојна Агенција на Лерин;

– Општина Битола;

– Општина Лерин;

– Зоолошка градина Битола.

 

За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

Одржана дводневна обука на тема “Заштита на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија – Лерин”

На 16 – 17.07.2013 во хотел Милениум Битола се одржа дводневна обука на тема “Заштита на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија – Лерин” во организација на Општина Битола како партнер во проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – Зоо Иноватива “ во кој водечки партнер е Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Обуката беше наменета за волонтерите од волонтерскиот систем во Зоолошката градина Битола и волонтерите од волонтерскиот систем што ќе биде воспоставен во Зоолошката градина во Лерин. Предавањата на обуката беа одржани од страна на експерт за заштита на животната средина и биодиверзитетот a учесниците на обуката преку интерактивни методи се стекнаа со знаење и практики за зачувување на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин.

Втор координативен состанок во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 16 јули 2013  година во Ресторан Вито во Ресен се одржа вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)” организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.

На состанокот членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Ресенскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство, со што потписниците потврдија дека сакаат  да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР, составено од јавен, приватен и граѓански сектор.  На средбата се дискутираше за можниот број на членови, за седиштето на партнерството и за планот за комуникација помеѓу членовите. До крајот на првата фаза од проектот, ќе се одржи уште еден координативен состанок во секој од трите микро региони на Пелагонија.

Втор координативен состанок во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 05 јули 2013  година во Хотел Милениум во Битола го организира вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”.

На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Битолскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно – приватно партнерство. Со овој документ потписниците потврдуваат дека сакаат  да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР.  На состанокот се дискутираше за можниот број на членови и седиштето на организацијата и се ажурираа информации заради издавање на сертификати на учесниците за поминатата обука.