Одржана петта обука во рамки на проектот Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија

Во Средата на 06.11.2013 година во Општина Могила се одржа петтата обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,

финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион. Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина.Присутните беа поздравени од претставник од ЦРППР  кој им го претстави проектот во кратки црти а понатаму обуката преку практични примери и презентации беше спроведена од страна на експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.

Одржана четвртата обука во рамки на проектот Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија

Во Понеделникот на 05.11.2013 година во Општина Ресен се одржа четвртата обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,

финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Присутните беа поздравени од претставник од ЦРППР  кој им го претстави проектот во кратки црти а понатаму обуката преку практични примери и презентации беше спроведена од страна на експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.

Одржана третата обука во рамки на проектот Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија

Во Понеделникот на 04.11.2013 година во Општина Долнени се одржа третата обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”, финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Присутните беа поздравени и од претставник од ЦРППР а понатаму за обучувањето и едукативната компонента на обуката беа задолжени експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.
Присутните пројавија интерес за темата и преку прашања и отворена дискусија имаа можност да добијат одговори и информации за темата на искористување на биомаса.

Одржана втората обука во рамки на проектот Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија

Во петокот на 01.11.2013 година во Општина Новаци се одржа втората обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,

финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Обуката беше отворена од страна на Градоначалникот на Општина Новаци Г – дин Лазар Котевски, присутните беа поздравени и од претставник од ЦРППР а понатаму за обучувањето и едукативната компонента на обуката беа задолжени експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.

Започнуваат обуките во рамките на проектот : “Подигнување на свеста на населението во руралните средини на Пелагонискиот регион за искористување на биомасата за добивање на енергија”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 31-ви октомври 2013 година започнува со одржување на обуки во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини на Пелагонискиот регион за искористување на биомасата за добивање на енергија”.

Во рамките на овој проект се предвидени 6 обуки: 31 октомври во општина Кривогаштани, 1-ви ноември во општина Новаци, 4-ти ноември во општина Долнени, 5-ти ноември во општина Ресен, 6-ти ноември во општина Могила и 7-ти ноември во општина Битола.Целта на проектот е да се информира населението во руралните средини во регионот за можностите за искористување на биомасата за добивање на енергија од аспект на намалување на трошоците во домаќинствата и зачувување на животната средина. Проектот се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Одржан состанокот на Платформата за соработка на туристичките чинители од Пелагонискиот регион

На ден 24.10.2013 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион се одржа состанок на Платформата за соработка на туристичките чинители од Пелагонискиот регион. На состанокот беа присутни вработени во одделенијата за локален економски развој од Општините во Пелагонискиот регион и вршители на туристичка дејност во Пелагонискиот регион.

Целта на состанокот беше презентација на Формуларот за аплицирање, Упатството за апликантите и Критериумите за евалуација кој се објавени во рамкиот на јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на вршителите на туристичка дејност од мал обем во Пелагонискиот регион наменети за достигнување на стандардите во работењето. Состанокот на Платформата за соработка на туристичките чинители од Пелагонискиот регион беше организиран како дел од проектот “Имплементација на законската регултива за категоризација на туристичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион”.

Одржан седмиот работен состанок на проектот Зоо Иноватива

На ден 24.10.2013 година со почеток во 11:00 ч, во просториите на Регионалната Развојна Агенција на Лерин – АНФЛО беше одржан седмиот работен состанок на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ”Зоо Иноватива”.

Присутни беа претставници од сите 5 партнери на проектот. На работниот состанок се разговараше за напредокот на проектот и за активностите кои се предвидени во идниот период, согласно работниот план на Зоо Иноватива. Сите партнери едногласно го прифатија предлогот за текот на понатамошната имплементација на проектот

Одржана дводневна работилница за проектот Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион

На ден 21.10.2013 година во Битола започна дводневната работилница за имплементација на содржината на Правилникот за категоризација на објекти, каде учество зедоа 30 понудувачи на туристички услуги од Пелагонија и вработени во одделенија за локален економски развој од општините во Пелагонискиот регион.

На првиот ден од работилницата беа претставени целите и планираните активности на проектот ”Имплементација на законската регулатива за категоризација на турстичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион”, законската регулатива за категоризација на објекти, како и прегледот на постоечките состојби во туризмот во Пелагонискиот регион (статистички податоци, потенцијали, предизвици). На вториот ден од работилницата повеќе внимание се посвети на Правилникот за категоризација на туристичко-угостителски објекти од мал обем, пропратните документи потребни за категоризација на угостителските објекти и постапката на вршење на категоризација на угостителски објекти од мал обем. На крајот од работлницата, присутните добија информација за објавениот јавен повик за добивање на финансиска поддршка, со цел достигнување на постоечките стандарди и нивна категоризација. Јавниот повик е објавен во склоп на проектот за “Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион”.

Доделени Потврди за успешно помината обука за воведување на ЛЕАДЕР пристапот

На 17-ти и 18-ти октомври 2013 година во Прилеп и Битола се одржа свечено доделување на Потврди за успешно помината обука за “Воведување на ЛЕАДЕР пристап”. Овие потврди им беа доделени на учесниците кои присуствуваа на обуките во рамките на првата година од проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион ” кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство

со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, на Карана Корпорација. Во наредниот период следуваат активности за регистрирање на три Локални Акциони Групи во Пелагонискиот регион, а со тоа се означува започнување на втората година од проектот.  Во втората година е планирано учесниците да поминат низ процес за подготвување на локални стратегии за рурален развој, обука за проектен менаџмент и едно студиско патување за размена на искуства со Локални Акциони Групи од соседните земји.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2013 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ВРШИТЕЛИ НА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ

Согласно Законот за рамномерен регионален развој на РМ (член 18 член 22 и член 26) и Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за 2013 година, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион врз основа на Договор за реализација на проекти склучен со Министерство за локална самоуправа на РМ – Биро за регионален развој на РМ објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ДАВАТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН НАМЕНЕТИ ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ СТАНДАРДИ ВО РАБОТЕЊЕТО

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиска поддршка на вршители на туристичка дејност во Пелагонискиот регион за достигнување на постоечките стандарди и унапредување на туристичката понуда.
Целосната документација на повикот може да се превземи на подолу наведените линкови:

1.Јавен повик – превземи

2.Критериум за евалуација – превземи

3.Упратство за апликанти – превземи

4.Формулар за аплицирање – превземи