Одржани три работилници за подготвување на стратегии на Локалните Акциони Групи во Пелагонискиот регион

Од 15-ти април до 09-ти мај 2014 година во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот беа одржани вторите работилници за подготовка на стратегии за локален рурален развој на Локалните Акциони Групи. По една работилница беше одржана во Битолскиот, Прилепскиот и Преспанскиот микро регион во Пелагонија.

На овие средби беше презентирана и дообработена SWOT анализата за проценка на територијата на Лаг-овите, беа оценувани силните и слабите страни на територијата на Лаг-овите, како и можностите и ризиците на секоја од териториите на Лаг-овите.
Исто така на оваа работилница беа дефинирани и визијата и мисијата на Лаг-овите. Членовите на Лаг-овите ги утврдија и стратешките цели и приоритети кои ќе бидат дел од нивната стратегија и во иднина ќе послужат за пишување и реализирање на проекти. Во наредниот период ќе следува уште по една работилница за подготовка на стратегии во трите микрорегиони на Пелагонискиот регион.

Учество на Конференција за територијална соработка

Центарот за развој на Пелагонискиот регион учествуваше на првата Конференција за територијална соработка организирана во рамките на грчкото претседателство со Советот на Европа а по повод Денот на Европа.

Целта на Конференцијата беше да се разменат и промовираат искуства од досегашната имплементација на програмите за територијална соработка кои се реализираат низ Европската Унија но и помеѓу земјите-членки и земјите кандидати за членство во ЕУ. За време на Конференцијата беше организирана тркалезна маса на која се говореше за перспективите на идната територијална соработка во рамките на планирачкиот период 2014-2020 година како и потребата од синхронизација на територијалните програми со ЕУ Агендата 2020.На Конференцијата беа споделени конкретни искуства од имплементација на проекти и програми од сите стратешки развојни области на ЕУ како што се: животна средина, економски развој и отворање на нови работни места, иновации и претприемништво и заштита на здравјето на луѓето.

Одржан консултативен состанок за искористување на финансиски средства за развој на рурална инфраструктура

На 06.05.2014 во Општина Битола, се одржа консултативен состанок во организација на  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион а на барање на Светска Банка, Министерство за Финансии на РМ и Делегацијата на Европската Унија во РМ.Темата на состанокот беше искористување на финансиски средства кои претходно беа наменети за финансирање на проекти за развој на рурална инфраструктура  преку 5 тата компонента од ИПА програмата, а кои сега се пренаменети за истата цел но администрирани преку механизми на Светска Банка со крајна цел нивно поефикасно искористување.

Средствата ќе се администрираат преку грант компонента на тековната кредитна линија која се спроведува од Министерство за Финансии на РМ а се финансира од Светска Банка.Целта на состанокот беше поширока консултација со засегнатите страни и потенцијални апликанти околу  утврдувањето на прифатливите проекти за финансирање, критериуми за избор на истите  како и дефинирање на процесот на поднесување на апликации.На состанокот присутни беа претставници на Светска Банка, Делегација на Европска Унија во РМ и Министерство за Финансии на РМ, Раководителката на Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион.

 

Тренинг за заштита на животната средина во прекуграничниот регион Пелагониа/Лерин

На 29 и 30 Април 2014 година, во Лерин, се реализира заеднички тренинг за заштита на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин. На овој заеднички тренинг учествуваат вработените во општинските администрации во секторите на заштитата на животната средина од двата прекугранични региони.

Главната цел на проектот “ Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин” е придонес кон заштитата на животната средина и природните ресурси во прекуграничниот регион.Општинските административци од Пелагониско/ Леринскиот регион имаа можност заеднички да дискутираат за заштитата на животната средина во прекуграничниот регион, да споделат заеднички искуства, како и да иницираат заеднички соработки во иднина во оваа област.Учесниците на тренингот имаа можност да го посетат Центарот за едукација и заштита на животната средина во Веви- Лерин како и Регионалната депонија во Кожани.Овој заеднички тренинг се одржува во рамките на проектот „ЗООИНОВАТИВА“ финансиран од ИПА програмата  за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Реализирана првата обука од портфолиото на услуги на ЦРППР

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион започна со реализација на своето портфолио на услуги. На 24/25 април 2014, ЦРППР спроведе обука за управување со проектен циклус наменета за вработените во Дирекцијата на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во РМ (АПРЗ).

Во рамките на дводневната обука, вработените на АПРЗ имаа можност преку партиципативен пристап да стекнат знаења на сите теми и аспекти поврзани со управувањето со проектен циклус (УПЦ) како што се:
–    Основи и практична примена на УПЦ
–    Донаторски процедури
–    Фази во УПЦ
–    SWOT анализа
–    Дрво на проблеми/дрво на цели
–    Матрица на логичка рамка
–    Подготовка на буџет
–    Мониторинг и евалуација на проекти

По завршувањето на обуката се зајакнаа капацитетите на АПРЗ за управуање, планирање и донесување на одлуки и се придонесе кон зголемување на капацитетот на оваа институција за апсорпција на донаторски средства.

Крајната цел на соработката помеѓу ЦРПП и АПРЗ е придонес кон поразвиено земјделство во Пелагонија како начин за забрзување на економскиот и севкупниот развој на регионот.

Промоција на едукативната боенка во зоолошката градина во Битола

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на 26 април 2014, во Зоолошката Градина во Битола ја промовираше едукативната боенка  која е развиена во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.

На овај настан присуствуваа голем број на дечиња од Пелагонискиот регион, кои имаа можност да се забавуваат и едуцираат во Зоолошката градина во Битола. Боенката е наменета за децата од предучилишна возраст, а примена може да најде и во одделенската настава. Преку боенката, децата ќе имаат можност да научат повеќе за животните, за важноста на заштитата на биолошката разновидност, креирање на позитивни ставови за животните и нивната заштита.

Одбележување на 22 април- денот на планетата земја во зоолошката градина во Битола

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 22 Април, Денот на Планетата Земја го одбележа и со поситетелите во Зоолошката градина Битола.На посетителите кои беа присутни им беше доделена и  промовирана едукативната боенка за животните која е развиена во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.

Боенката е наменета за децата од предучилишна возраст, а примена може да најде и во одделенската настава. Преку боенката, децата ќе имаат можност да научат повеќе за животните, за важноста на заштитата на биолошката разновидност, креирање на позитивни ставови за животните и нивната заштита.

Одбележување на 22 април- денот на планетета земја

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 22 Април, Денот на Планетата Земја го одбележа заедно со најмалите и најискрени љубетели на природата- децата од Јавната општинска установа детска градинка “ Естреја Овадија Мара”- Битола.

Со свечена приредба, беше промовирана едукативната боенка за животните која е развиена во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.Боенката е наменета за децата од предучилишна возраст, а примена може да најде и во одделенската настава. Преку боенката, децата ќе имаат можност да научат повеќе за животните, за важноста на заштитата на биолошката разновидност, креирање на позитивни ставови за животните и нивната заштита.

Тренинг за ЕАЗА (Европска Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми) стандарди и ЕУ правила

На 10 и 11 Април 2014 година, во Битола се одржа дводневниот Тренинг за ЕАЗА (Европска Асосијација на Зоолошки Градини и Аквариуми) стандарди и ЕУ правила наменет за вработените во Зоолошката градина во Битола и Зоолошката градина во Лерин.
Предавачи на овој тренинг беа експерти од Холандија и Грција, кои истовремено се еминтенти членови на ЕАЗА- Европската Асосијација на Зоолошки Градини и Аквариуми.

На петдневната работилница, вработените од Зоолошките градини во Битола и Лерин имаа можност да се запознаат со ЕУ стандардите и правилата со кои функционираат останатите Зоолошки градини членки на ЕАЗА, како и стандардите и регулативите кои треба да се имплементираат во Зоолошката градина во Битола која е потенцијален кандидат за членка во ЕАЗА. Овој дводневен Тренинг се реализира во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.

Регистрирана првата ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА во Пелагонија – ЛАГ ПРЕСПА

Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, финансиски поддржан од Усаид проект за експанзија на мали бизниси, официјално беше регистрирана првата ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА: Здружение за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА ПРЕСПА Ресен, составено од членови од јавен, приватен, и граѓански сектор од Преспанскио микро регион.

Здружение за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА ПРЕСПА Ресен е формирано по принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР Пристапот, според Правилникот за поблиски услови за запишување во евиденција на локална акциона група, постапка за упис, потребна документација и начинот на водење на евиденција; и според Правилникот за содржина и методологија за подготовка на стратегии за локален развој на руралните средини и начинот за нивно одобрување, издадени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во март 2013 година. Во наредниот период ќе се пристапи и кон регистрација на уште два ЛАГ-ови во Пелагонискиот регион за кои ќе се изработи стратегија за локален развој на руралните средини на кои делуваат. Со тоа, ЛАГ-овите ќе бидат подготвени да користат средства за имплементирање на проекти од различни домашни и меѓународни фондови.