Одржани дополнителни обуки за собирачи на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во Општина Демир Хисар

Во рамките на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, спроведуван од Карана Корпорација, во соработка со Општина Демир Хисар и ЈП Македонски Шуми, Центарот за развој на Пелагониски плански регион на ден 05.04.2014 година организираше дополнителни бесплатни обуки за собирачите на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во две населени места во општина Демир Хисар, по барање на локалното население од овој регион.

Целта на овие обуки беше да се понуди конкретна поддршка на засегнатите страни во тој сектор за создавање на нови можности за работа на населението и остварување на дополнителни приходи преку искористување на потенцијалот на регионот, како и за правилно селектирање и собирање на одредени билки и плодови заради нивно подобро распознавање, следливост и одржливост. Дополнителните обуки беа одржани во селата Стругово и Журче, а посетеноста беше многу поголема од очекуваното. Обуката  ја спроведе ПРО БИО консултантска куќа за органско земјоделство и рурален развој од Скопје. Како и претходниот пат на собирачите кои присуствуваа на овие обуки ќе им се доделат Сертификати за одржливо собирање на ароматични и лековити билки, растенија, лишаи, габи и шумски плодови, кој е признат од ЈП Македонски шуми.

Одржана петдневна работилница за менаџмент на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин

Од 31.03.2014 до 04.04.2014 година, во Битола се одржа петдневната работилница на тема “Mенаџмент на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин”.  На оваа 5 дневна работилница учествуваа 10 студенти од Ветеринарниот Факултет од Пелагонискиот регион и 10 студенти од Технолошкиот Факултет од регионот Лерин.

На петдневната работилница, студентите од прекуграничниот регион имаа можност да се запознаат со биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин и заштитените видови во прекуграничниот регион, да го посетат Националниот парк Пелистер, Зоолошката градина во Битола и Ветеринарниот факултет во Битола. Втората 5 дневната работилница на тема “Менаџмент на биодиверзитетот во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин”, ќе се реализира од 7-11 Април 2014 година, во Лерин. Оваа 5 дневна отворена работилница се реализира во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.

Студиско патување во Брисел

Во периодот од 24-27 март, претставници на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, на покана на Делегација на Европска Унија во Република Македонија учествуваа на студиско патување во Брисел, Белгија, на тема Регионално управување со отпад.

Целта на студиското патување беше да се разменат искуства во делот на управувањето со отпад помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија како и да се разгледаат тековните и идните предизвици во воведувањето на регионалниот пристап при третирањето на отпадот согласно директивите на ЕУ и националните законодавства на земјите кандидати за членство во ЕУ.
На студиското патување покрај Република Македонија, свои претставници имаа и Република Албанија, Косово, Република Србија и Босна и Херцеговина.
Покрај теоретскиот дел, за време на престојот во Брисел, учесниците имаа можност да видат и како практично изгледа управувањето со отпадот по европски стандарди, преку посетата на јавно меѓуопштинско претпријатие кое едновремено е собирен центар за отпад, фабрика за производство на компост и кое на местото на старата депонија има изградено колекторска постројка за производство на електрична енергија од сончева светлина.
Согласно законската регулатива во РМ и согласно одлуката на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во Пелагонија, Центарот за развој на Пелагонискиот регион ќе биде регионалниот центар кој ќе биде одговорен за воведувањето и упраувањето со отпадот во Пелагонија.
Знаењата стекнати за време на студиското патување ќе бидат од огромна корист при имплементацијата на овој концепт во Пелагонискиот регион.

Одржани три работилници за подготвување на стратегии на Локалните Акциони Групи во Пелагонискиот регион

Од 12-ти до 17-ти март 2014 година во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот беа одржани 3 работилници за подготовка на стратегии за локален рурален развој на Локалните Акциони Групи. По една работилница беше одржана во Битолскиот, Прилепскиот и Преспанскиот микро регион во Пелагонија.

На овие средби беше презентирана Проценката на локалните потреби и капацитети која беше изработена во првата година од проектот за сите три микро региони, врз база на дисеминираните прашалници доставени до членовите на ЛАГ-овите. Исто така се анализираше  Правилникот за содржината и методологијата за подготовка на стратегии за локален рурален развој, објавен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, што претставува водич при подготовката на стратегиите на ЛАГ-овите. Преку работа во групи на учесниците на овие средби се направи дефинирање на територијата каде делуваат ЛАГ-овите, се изврши мапирање, анализирање и оценување на заинтерсираните страни во регионот. Во наредниот период ќе следуваат уште по две работилници за подготовка на стратегии во трите микрорегиони на Пелагонискиот регион.

Одржан дванаесети работен состанок на проектот ЗОО Иноватива

На ден 13.03.2014 год. во седиштето на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа дванаесеттиот работен состанок на проектот: ”Иновативни едукативни програми за зајакнување на ресурсите на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива”.

На состанокот беа присутни претставници на партнерите кои учествуваат во имплементацијата  на проектот:
–    Центар за развој на Пелагониски плански регион;
–    Регионална Развојна Агенција на Лерин;
–    Општина Битола;
–    Општина Лерин;
–    Зоолошка градина Битола.
За време на состанокот беа разгледани сите активности кои досега беа спроведени од страна на проектните партнери а беше договорен и текот на имлементацијата на следните работни активности според работниот план на проектот ЗОО Иноватива.

Нови проект на Пелагонискиот регион

о буџетски средства оние кои преку програмата одобрена од Националниот совет за рамномерен регионален развој Бирото за регионален развој ги доделува на планските региони,Пелагонискиот ќе имплементира два инфраструктурни регионaлни проекти.

Првиот е за општина Кривогаштани односно паркинг кај сточниот пазар со вкупно средства некаде над 3 милиони денари.Вториот проект за општината Ресен но е од пошироко значење односно осветлување на клучката кај Макази.Ќе бидат поместени 29-30 канделабри и целата таа пропратна инфраструктура по сите европски стандарди.

Емилиа Ѓероска и во наредните четири години ќе го предводи ЦРППР

На својата 5-та седница Советот за развој на Пелагониски регион ја реизбра Емилиа Ѓероска за раководител на ЦРППР. Поддршката за реизбор на раководителот на ЦРППР беше донесена со консезус помеѓу сите градоначалници а доаѓа како награда за постигнатите извонредни резултати во изминатите 4 години, со кој Пелагонискиот регион е на прво место во Р.Македонија по бројот на подготвени и одобрени апликации.

 

Успешно спроведен Караванот за промоција на систем капка по капка на пченка во Пелагонискиот регион

Од 17-ти до 26-ти февруари 2014 година Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, спроведуван од Карана Корпорација, организира Караван за промоција на систем капка по капка на пченка во руралните средини на Пелагонискиот регион. Како партнери во организацијата на промотивниот караван беа Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Федерацијата на фармери на РМ и ЈП Стрежево Битола.

Караванот започна во Општина Могила каде се одржа и неговото официјално отворање, продолжи во Општините Битола, Прилеп и Новаци и заврши во основното училиште во село Кравари. Целта беше да се посетат што повеќе рурални средини во Пелагонискиот регион и да се информираат земјоделците за придобивките од поставување на систем капка по капка на пченка, од страна на зголемување на приносите, намалување на времето за наводнување, подобрување на квалитетот и рационално искористување на водата. На овие средби присуствуваа и земјоделци кај кои преку проектот минатата година беше поставен систем капка по капка на еден хектар пченка, со што тие имаа можност да ги пренесат позитивните искуства до другите присутни.
Иницијативата за одгледување повеќе пченка ќе продолжи со финансиска поддршка од УСАИД Проектот за екпанзија на мали бизниси, каде и оваа година ќе се постават системи капка по капка на пченка кај дел од земјоделците во Пелагонискиот регион.

Oглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот: “Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Иноватива

О Г Л А С

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

обjавува оглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот:

 

“Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во

прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Иноватива”.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани да бидат вклучени во активностите на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно со постапката за избор на Предавач.

Носител на проектот:

Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

 

Партнери на проектот :

– Агенција за развој на Лерин – ”АНФЛО”

– Општина Битола;

– Општина Лерин;

– Зоолошка Градина Битола.

Главна цел на проектот:

Да придонесе во подобрувањето на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин преку креирање и менаџмент на иновативни производи и услуги со цел подигање на општата свест во прекуграничниот регион, за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на животните ресурси.

 

Очекувани резултати од проектот:

– Зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион;

– Имплементирање на едукативни програми;

– Воспоставување и активно функционирање на волонтерски систем во ЗОО – Битола;

– Таргетирање на поширката целна група (приближно 20 000), и информирање за важноста на ресурсите на животната средина преку иновативни едукативни програми.

 

Финансиран од :

Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Грција – Р. Македонија  2007 – 2013 година, (Договор CRIS No: IPA / 2009/ DN021101/CN307-701).

 

Критериуми за избор на Предавач

 

За потребите на горенаведениот проект, потребно е ангажирање на Предавач кој ќе спроведе обуки во времетраење од 5 дена во Битола и 5 дена во Лерин- Грција, на следните теми:

 

• Карактеристики на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин од аспект на биолошката разновидност – бројност и присуство на видови со акцент на видови од значење за одржлив развој на регионот;

• Значењето на заштитата на биолошката разновидност во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – Меѓународни конвенции, институционални мерки за унапредување и учество на јавноста;

• Валоризација на биолошката разновидност во функција на одржлив развој на регионот Пелагонија/Лерин – , меѓународни организации, институции, и улога на развојните регионални агенции и локални граѓанските организации;

• Ризици и предизвици при управување со природните ресурси и животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин; – негативните аспекти и влијание на климатските промени врз биолошката разновидност во регионот Пелагонија/Лерин, реакции при елементарни непогоди и природни катастрофи;

• Пренесување на учесниците на обуката практични вештини и нивна примена во управување со биодиверзитетот и заштитата на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин.

 

Обуките во Битола и во Лерин- Грција, ќе бидат наменети за едукација и обучување на 20 студенти од прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин;  кои  се редовни студенти на факултетите на кои се изучуваат предмети од областа на унапредување и  заштита на животната средина и биодиверзитетот.

 

Обуките ќе се спроведуваат од страна на два предавачи, еден од Македонија и еден од Грција. Предавачот ангажиран од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион треба да биде во постојана координација и соработка со предавачот од истата област ангажиран од страна на проектниот партнер од Лерин – АНФЛО ( Агенција за развој на Лерин)- Грција.

 

Временска рамка и локација за реализација на обуката:

 

Петдневната обука во Битола ќе се одржи во втората половина на месец февруари, а петдневната обука во Лерин- Грција ќе се одржи во првата половина на месец март.

 

Превземените обврски од страна на Предавачите отпочнуваат 5 дена пред спроведувањето на обуките и ќе траат се до успешната реализација на двете обуки.

 

Договорниот орган го задржува правото за промена на временската рамка за одржување на петтдневните обуки во Битола и Лерин- Грција.

 

Очекувана методологија при подготовка и спроведување на обуката :

 

Во процесот на подготовка и спроведување на обуката, ангажираниот Предавач треба да ја користи следната методологија:

 

– Воведно теоретско предавање;

– Употреба на визуелни алатки (Power point презентации, видео презентации и фотографии);

– Студии на случај;

– Дилема игри и табели;

– Употреба на методот на индивидуална работа на поставени задачи;

– Употреба на тимска работа на поставени задачи;

– Поттикнување на учество преку прашања и одговори и дијалошка форма на работа;

–  Координација и соработка со предавачот ангажиран од страна на грчкиот партнер на проектот -АНФЛО

 

Предавачот треба да ги исполнува следните критериуми:

 

1. Задолжително завршено високо образование и стручни квалификации во областа на заштитата и унапредување на животната средина, биолошка разновидност или менаџирање со еколошки ресурси;

 

2. Претходно учество на конференции, одржани обуки или тренинзи (домашни и/или меѓународни) поврзани со темата на проектот;

 

3. Да има работно искуство и познавање поврзано со темата на проектот за што ќе приложи соодветни препораки доколку ги поседува.

 

Секој заинтересиран и квалификуван кандидат може да конкурира за спроведување на обуката.

 

Потребни вештини и способности:

 

Ангажираниот Предавач треба да поседува добри организаторски, комуникациски вештини и способности за јасна презентација на материјалите, да креира позитивна работна атмосфера преку следење на интересот на групата.

 

Јазик на подготвените тренинг материјали:

 

Тренинг материјалите кои ќе бидат потребни за имплементација на гореспоментатите тренинзи треба да бидат подготвени на македонски и на англиски јазик.

Надоместок:

 

Предавачот ќе го добие својот надоместок по реализацијата на обуката, односно до крајот на реализацијата на Проектот.

За петдневната обука во Лерин- Грција, Предавачот покрај надоместокот за реализација на обуката, ќе му биде исплатена и дневница која ќе ги покрие патните трошоци и трошоците за сместување и храна за 5 дена.

Плаќањето ќе биде извршено на трансакционата сметка на Предавачот.

Договорниот орган ќе го исплати и Персоналниот данок за Предавачот.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

 

• ПРИЈАВА- во слободен формат со предложена методологија за реализација на обуката;

• Кратка биографија на македонски или англиски јазик во европски формат (EUROPASS);

• Портфолио за успешно реализирани обуки/ тренинзи, публикации поврзани со истата или слична тема на обуката;

• Препораки за успешна реализација на најмалку 3 активности на иста или слична тема (доколку ги поседува);

• Предлог материјали кои ќе се користат за време на обуката.

Кандидатите ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, врз основа на претходно воспоставени критериуми во Табела за евалуација. Кандидатите ќе бидат оценети со оценка од 1-5 за секој поединечен критериум публикуван во Огласот и Описот на работни задачи.

Кандидатите кои ќе бидат највисоко оценети ќе бидат повикани на интервју.

 

Апликациите треба да бидат доставени во печатена форма на следната адреса.

 

Центар за развој на Пелагониски плански регион

ул. Томаки димитровски бр. 7

7000 Битола

 

или по електронски пат на e-пошта

 

zooprojectbt@gmail.com

 

Краен рок за пријавување е 10 дена од денот на објавување на огласот, односно до 07.03.2014.

 

Огласот и описот на работните задачи можат да се превземат од веб страните:

 

1. pelagonijaregion.mk/portal/

2. http://zoobitola.mk/index.php/en/

3. www.bitola.gov.mk

4. http://vfb.uklo.edu.mk/

Оглас – Превземи

Одржана еднодневна обука за изработка на Правилник за Зоолошката во Лерин

На ден 17.02.2014 година во Општина Лерин Р. Грција се одржа обука за изработка на Правилник за работењето на Зоолошката Градина во Лерин. На обуката беа присутни 5 вработени лица од Зоолошката Градина Лерин и 5 вработени лица од  Зоолошката Градина во Битола.

На еднодневната обука, присутните имаа можност да се запознаат со биодиверзитетот во Леринскиот регион и заштитените видови кои се дел од тој регион, како и да слушнат за правилниот начин на хранење, однесување и заштита на животнитските видови кои се карактеристични во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин.