Завршија серијата работилници за изработка на стратегија во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

Од 11 – 16 јуни 2014 година во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот беа одржани последните 3 работилници за изработка на стратегии за трите Локални Акциони Групи: ЛАГ Преспа, ЛАГ Пелагонија и ЛАГ Агро Лидер.

На последната работилница беа дефинирани индикаторите, мерките и активностите кои произлегуваат од приоритетите и стратешките цели на Локалните Акциони Групи. Членовите на Лаг-овите со својата активност и ангажираност ги дефинираа своите потреби за територијата на секој ЛАГ, а со тоа успешно и продуктивно ја завршија и последната работилница. Како резултат на серијата работилници, кои беа одржани во претходните 4 месеци, за секоја Локална Акциона Група, ќе произлезе по една стратегија, која понатаму ќе биде клучна во работата на секој ЛАГ. Како дел од активностите на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот е и студиското патување во Хрватска, на ЛАГ Фестивалот, каде членовите на Лаг-овите од Пелагонискиот регион ќе имаат можност да споделат позитивни искуства и добри практики со повеќе од 50 Лаг-ови од Хрватска и околните земји. Исто така како последна активност за оваа година на ПеЛАГонија Леадер проектот е и тридневната обука за управување со проектен циклус каде членовите на Локалните Акциони Групи ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења во областа на пишување, менаџмент, имплементација и евалуација на проекти.

Се одржа свечена презентација на физибилити студијата “Анализа на алтернативни бизнис можности за процесирање на јаболка” во Преспанскиот регион

На 9-ти јуни 2014  година со почеток во 12 часот во Хотел Лејк Вју во Отешево се одржа свечена презентација на физибилити студијата: “Анализа на алтернативни бизнис можности за процесирање на јаболка”, организирана од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД.

Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација. Студијата е изработена од Консултантската куќа Поинт Про од Скопје, како пилот проект за Локалната Акциона Група ПРЕСПА, формирана во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот. Пред присутните беа презентирани различните  бизнис модели,  кои се однесуваат на релативно мали локални бизниси за производство на квалитетни, брендирани производи од јаболка за широка потрошувачка и тоа: јаболковиот сок, јаболковото вино, јаболковото вино и оцет комбинирано, јаболковата ракија, јаболковиот чипс и јаболков концентрат.На настанот присуствуваа Градоначалникот на Општина Ресен, Директорката на Центрарот за развој на Пелагонискиот плански регион, претставници од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, претставници од приватниот и јавниот сектор од Преспанскиот регион, фармери и овоштари од Преспанскиот регион и невладини организации. На настанот свечено беше предадено и решението за упис на Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА ПРЕСПА Ресен на претседателот на Здружението.

Учество на Центарот за развој на пелагонискиот регион на конференцијата културен политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици

Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна размена”) се  организира официјална посета на Долна Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема:

Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици.

Конференцијата е организирана во две тематски сесии.
Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата има за цел да ги претстави и дискутира постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо – културен контекст) да  се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на регионално ниво.
Втората сесија има за цел преку студија на случаи, конкретни проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија. Оттаму, излагачите ќе се обратат на публиката во две тематски рамки насловени:
1. Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија.
2. Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија
Конференцијата ќе биде отворена со воведното излагање на: г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател  на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“ и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија.
Конференцијата во Каен е продолжение на конференцијата што се одржа во Скопје (Мултимедијален центар Мала Станица) на 15 септември 2009 година на тема: Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион  Долна Нормандија.
Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”. Вториот тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври.

Гости и учесници на конференцијата од Македонија се: Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола, Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно – правни, управни и имотно – правни работи при Министерство за култура, Горан Петров, Градоначалник на Велес, Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп, Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола, Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп, Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Зоран Илиевски, Директор на СЕГА – Коалиција на младински организации, како и Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова) програмски уредници на конференцијата) и Радмила Станојевска од Локомотива. Настанот медиумски го покрива Телма ТВ (Нина Стефанова и Јане Марковски).

Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Работилница за стратешко планирање за развој на културата во регионот Пелагонија

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион отпочна со реализација на проект за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Една од целите на овој проект е дефинирање на стратешки насоки и активности во културата на регионално ниво.

Во рамките на овој проект во периодот од 04 – 07 април во Битола, ќе биде организирата првата работилница на тема: “Анализа и стратешко планирање за развој на културата во Пелагонија”.
На оваа тридневна работилница за прв пат ќе се пристапи кон стратешко планирање на културниот развој во Пелагонискиот регион, преку подготовка на регионална стратегија за кутурен развој. Учесници на оваа работилница ќе бидат луѓе директно вклучени во културните случувања во регионот, уметници, директори на културни институции и претставници на секторите за култура од локалните самоуправи во Пелагонискиот регион.
Предавачи на работилницата ќе бидат г-ѓа Маријана Цветковиќ од Србија, г. Пјер Шмит, Директор на регионален Центар за Етнологија и Етнографска техника од регионот Долна Нормандија, г-ѓа Цвета Андреева од Бугарија, Билјана Прентовска од Министерство за култура на РМ, и г. Реми Приват- Советник на Вицепремиерот за Европски прашања на РМ.
Во текот на првиот ден учесниците на работилницата ќе ги анализираат состојбите и потребите за културен развој на Пелагонискито регион,и ќе ги дефинираат поимитe: визија, мисија и цели.
На вториот ден од работилницата ќе се дефинира визијата за културен развој на регионот, по претходно утврдена метологија, и ќе се дефинираат долгорочни и краткорочни цели за културен развој на регионот.
Третиот ден е резервиран за изработка на лого, слоган, веб страна и за предавањето на г-ѓа Цвета Андреева на тема: “Извори на финансирање за регионална соработка”, проследено со студии на случаи за интернационални и европски регионални иницијативи.
На четвртиот ден од работилницата г. Реми Приват ќе има своја презентација на тeма: “ Процесот на Европска интеграција и ИПА фондови – можности во културата”. Работниот ден ќе заврши со заклучоци од работилницата и договарање на идни чекори во насока на исполнување на активностите предвидени со овој проект.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија
Лидери на прокетната целина се:
Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје (Македонија) и
CRECET – Centre Régional de Culture Ethnologique et Technique de Basse-Normandie (Регионален центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормадија)
Партнери во реализација на проектните активности од Македонија: Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион, општина Битола и Министерството за локална самоуправа.

Регионална презентација во Корча, Р. Албанија

На 24.05.2011 во хотел Гранд во Корча, соседна Република Албанија, се одржа регионална презентација на можностите за инвестирање во регионот Пелагонија. На презентацијата беа присутни бизнис компании од регионот на Корча и поблиската околина. Презентер на настанот беше г. Лазар Неданоски од Македонски Центар за Меѓународна Соработка. На отоворањето на презентацијата гостите ги поздрави г-ѓа Вилма Петро вработена во општинската администрација на Корча, и г. Рубин Николоски од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.

Во првиот дел на презентацијата беа претставени индустриските зони присутни во регионот, а во вториот дел претставени останатите инвестициски потенцијали со кои располагаат деветте општини  во Пелагонија. Детално беа претставени објектите кои се во сопственост на локалните самоуправи, а кои стојат на располагање на потенцијалните инвеститори. Исто така, беа претствени и туристичките населби кои се планираат во дел од општините во регионот (Битола, Ресен, Крушево, Прилеп). Во текот на презентацијата се разви богата дискусија  помеѓу присутните на настанот. Бизнисмените од Албанија беа најмногу заинтересирани за законската регулатива за инвесирање во хидроенергетски потенцијали, даночните олеснувања за странските инвестори, и генералната политиката на субвенционирање која Република Македонија ја спроведува. На крајот на настанот беа дискутирани развојни идеи кои би можеле да се реализираат со партнери од Р. Македонија.

Прес конференција за реконструкција на зоолошката градина во Битола

На 5 јуни 2014 година (четврток), во Зоолошката Градина во Битола беше одржана прес конференција за реконструкција на Зоолошката Градина во Битола. Реконструкцијата на Зоолошката Градина Битола е финансирана во рамките на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – Зоо Иноватива “

, кој се реализира во рамките на ИПА -Програмата на Европска Унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција. На Прес конференцијата беа присутни и се обратија: заменик министерот за локална самоуправа на Р. Македонија, г-дин Ѓоргија Сајкоски, градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, грчката конзулка, г-а Елени Порихи, заменик градоначалникот на општина Лерин, г-дин Арис Аристоду, Раководителката на ЦРППР, г-а Емилиа Ѓероска и Директоркот на Зоолошката Градина во Битола, г-дин Коста Нешковски. Во рамките на овој проект, предвидена е инвестиција од околу 400.000, 00 евра со кои ќе се реконструираат 6 живеалишта во ЗОО Битола, и тоа: лисица и ракун, мајумуни, мечка, рис и тигар, лав и фарма за домашни животни, како и 2 комплементари објекти: Порта и Билетара.  Живеалиштата ќе бидат израдени согласно со стандардите и препораките на Европската Асоцијација на Зоолошки и Аквариуми- ЕАЗА, во која Зоолошката Градина има статус на кандидат за членство.

Започна реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на регионалната клучка “Макази” на регионалниот пат А – 3 на делницата Битола – Ресен”

Започна реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на регионалната клучка “Макази” на регионалниот пат А – 3 на делницата Битола – Ресен”, на 04.06.2014 во Општина Ресен, отпочнаа првите акивности во рамките на овој проект.

Активностите во рамките не проектот се финансирани од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој на РМ во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година.Клучката Макази е многу фреквентна бидејќи преку неа се одвива сообраќајот од Битола кон населените места кон селото Претор до грчката граница, населените места кон селото Стење до границата со Р. Албанија и према Охрид. Со ова, проектот  покрај регионално, има и меѓународно значење за нормално и непречено одвивање на сообраќајот кон посочените правци.Локацијата на проектот има регионално значење за Пелагонискиот Плански Регион имајќи ја во предвид близината на Преспанското Езеро како единствен голем природен воден ресурс во регионот погоден за туризам, оддалечено 12 км од локацијата на проектот. Проектот има локално значење за општините Ресен и Битола во смисла на надградба и осовременување на меѓуопштинската соработка преку добивање на модерена сообраќајница – една од најважните активности за квалитетна економска размена. Осветлувањето на посочената сообраќајна клучка ќе го зголеми квалитетот и безбедноста на сообраќајот на патниот правец А-3 од Битола кон Ресен и Охрид како и кон граничниот премин кај с. Стење кон Република Албанија, а исто така и кон Р. Грција со најавеното отворање на малограничниот премин Маркова Нога.Во рамките на проектот поставени ќе бидат 30 канделабри со полна снага (250+30W).
Со реализацијата на проектот квалитетот на животот значително ќе се подобри од безбедносен, сообраќаен и естетски аспект. Со урбанизирањето, уредувањето и осветлувањето на сообраќајната клучка ќе се зголемат и естетските вредности на квалитетот на живеење на граѓаните од двете општини Ресен и Битола.
Вкупната инвестиција е во висина од 1.639.295,00 денари.

Донирани 12 пластеници на земјоделци од пелагонискиот регион за производство на пиперка

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација на 26-ти мај официјално предаде 12 пластеници на земјоделци од Пелагонискиот регион, кои директно ќе послужат за зголемување не само на квалитетот, туку и на квантитетот на производството на пиперка во овој регион.

Оваа иницијатива претставува пилот проект во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР Проектот, финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси.На настанот беа потпишани и договори за примопредавање на опремата, која беше навремено предадена и инсталирана кај сите 12 земјоделци. Земјоделците од Прилепскиот регион се задоволни од реализацијата на ваков проект и се надеваат дека во иднина ќе го зголемат и подобрат производството на пиперка на нивните поседи, а со тоа ќе придонесат за подобар пласман на пиперката во регионот и пошироко.Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и во иднина ќе продолжи со реализирање на проекти кои ќе придонесат за унапредување на земјоделското производство , а со тоа и подобрување на квалитетот на живот на жителите во руралните средини.

Започна последната фаза на од изградба на паркингот на сточниот пазар во Општина Кривогаштани

Во средата на 14.05.2014 во Општина Кривогаштани отпочна реализацијата на завршната фаза од изградба на паркингот на сточниот пазар во Општина Кривогаштани.Активностите на овој проект се финансирани од Центарот за развој на Пелагонискиот регион преку

Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој во 2014 година.Со изградбата на паркингот и со изградбата на сточниот пазар ќе се комплетира една функционална целина на овој значаен економско-трговски комплекс во Општина Кривогаштани.  Процесот на изградба на паркингот траеше неколку години. Започна преку изработка на техничка документација, исто така финансирана од ЦРППР преку МЛС и БРР, за откако истата беше комплетирана да се премине кон нејзина реализација.Вкупно, ЦРППР преку Програмата за регионален развој на РМ во сточниот пазар во Кривогаштани има инвестирано повеќе од 4.000.000 денари.Очекуваните резултати од изградбата на паркингот односно целиот комплекс на сточниот пазар се зголемена трговска активност и придонес кон развојот на економијата во микрорегионот Кривогаштани, Крушево и Долнени.

Одржан консултативен состанок за програмирање на ИПА 2 Програмата

На 12.05.2014 во просториите на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа консултативен состанок  за Програмирање на ИПА 2 помеѓу претставници на Делегација на Европска Унија во РМ и претставници на сите релевантни чинители во развојот, креирањето и имплементацијата на политиките за развој туризмот во Пелагонија.

Како релеванти чинители во развојот на туризмот во Пелагонија присутни беа претставници на општините од Пелагонискиот регион, претставници на јавни институции, претставници на бизнис секторот – понудувачи на туристички услуги и посредници како и  претставници на невладиниот сектор.Состанокот беше од консултативен карактер и на истиот пред претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ претставени беа потенцијалите, можностите и потребите за развој и промоција на туризмот во Пелагонискиот регион.Очекуван резултат од состанокот е инкорпорирање на потребите на туристичкиот сектор во Пелагонија во новата ИПА 2 Програма со цел поефикасно искористување на средствата од истата.Позавршувањето на консултативниот состанок,  претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ одржаа средба со Директорката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска и раководителот на секторот за интернационална соработка и имплементација на проекти во ЦРППР г-дин Рубин Николоски.Следна активност во рамките на процесот на програмирање е консултативен состанок кој е најавен за крајот на месец јуни оваа година.Состанокот се реализира во организација на Центарот за развој на Пелагониски плански регион а на барање на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.