Најмладите од Могила и Новаци се забавуваа со танцовиот клуб СТЕП АП од Битола и учениците од ОУ Даме Груев од Битола

На 23.09.2014 и 25.09.2014 во основното училиште во с. Добрушево, Општина Могила и Општина Новаци се одржаа два настани од забавен карактер,  кои се дел од регионалните денови на културата, кои се во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во соработка со 9-те Општини во Пелагонискиот регион.

Пред присутната публика се претставија учениците од ОУ Даме Груев од Битола со дел од театарската претстава Чорбаџи Теодос, како и танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола кои пред присутните изведоа неколку американски и стандардни танци. Регионалните денови на културата свечено започнаа на 22 септември во Општина Битола, а официјално ќе завршат на 30 септември во Општина Долнени.

 

 

Проекција на филмот “Орладно” во Прилеп и Битола како дел од програмата на регионалните денови на културата во Пелагонискиот регион

На 22 и 23 септември во Битола и Прилеп беше проектиран филмот “Орландо”, како дел од програмата на регионалните денови на културата во Пелагонискиот регион. Филмот беше прикажан во Малата сала во Домот на Културата во Битола на 22 Септември, каде што и официјално беа отворени регионалните денови на културата, додека на 23 Септември беше прикажан во кино салата на Домот на Културата во Прилеп.

После проекцијата на филмот присутната публика имаше можност да дискутира со Проф. Д-р Сенка Атанасова на тема феминизам, каде во двата градови се покажа како доста интересен пристап, воведен во проекцијата на одреден филм. Продукцијата од Битола Контра Кадар во изминатите неколку години организира проекција на филмови, со последователна дискусија поврзана со темата на филмот со релевантни гости. Проекцијата на филмот е финансирана од Програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија Франција и Република Македонија како дел од проектот “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” воден од Локомотива Скопје, во соработка со ЦРППР и мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел.

Одржана 6-та седница на Советот за развој на Пелагониски регион

На 23.09.2014 година во просториите на општина Битола се одржа 6-тата седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион. На оваа Седница, членовите на Советот работеа по следниот дневен ред:

1. Отпочнување на соработка со UNDP за воспоставување на мрежа за регионален развој
2. Презентација на постигнатите резултати од соработката со Карана Корпорација
3. Информација за статусот на проектите од Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)
4. Информација за процесот на донесувањето на новата програма за регионален развој на Пелагониски плански регион за периодот 2015-2019
5. Измена и дополнување на годишен финансиски план на ЦРППР за 2014 година
6. Разно

ОДРЖАНИ 2 РАБОТИЛНИЦИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2015-2019 ГОДИНА

На 17.09.2014 и 18.09.2014 во Хотел Милениум во Битола се одржаа првите 2 работилници за изработка на новата Програма за регионален развој на Пелагонискиот регион за наредните 5 години (2015-2019).  На работилниците беа присутни учесници од повеќе сектори кои беа поделени во шест работни групи.

На првата работилница беа присутни учесници од секторите – економија и инвестиции, туризам и култура и образование и социјална заштита, додека на втората работилница беа присутни учесници од секторите: земјоделие и рурален развој, транспорт и животна средина. Во наредниот период се предвидени да се одржат уште 4 работилници, каде ќе бидат дефинирани целите и приоритетите на Програмата, како и мерките и конкретните активности кои понатаму ќе придонесат за развој на регионот. Процесот на изработка на програмата за развој на Пелагонискиот регион 2015-2019 е финансиски поддржана од ГИЗ РЕД.

Посета на Француска Делегација на Пелагонискиот регион во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу регион Долна Нормандија (Франција) и Р. Македонија

Во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Р. Македонија  и  проектот “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија’’  од 16 -18 септември 2014 се реализира  тридневна официјална посета на претставници на областа на заливот Мон Сен Мишел на Пелагонија

Соработката помеѓу овие две територии треба да креира можности за проширување на контактите со цел остварување на идна директна соработка на политичко ниво помеѓу општини од двете територии на теми од заеднички интерес.
Во рамките на оваа посета, организирана од Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион се реализираа средби со  Градоначалници на општини од  Пелагонискиот регион и претставници на институции од областа на културата во Пелагонија.
Целта на посетата беше да се дискутираат полињата на интерес за двете територии и да се дефинираат можните области во рамки на кои од 2015г. ќе се развијат конкретни активности на соработка помеѓу  териториите Долна Нормандија и Пелагонија. Оваа посета ќе се искористи и за подготовка на меморандум на соработка помеѓу Мешаниот синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел и Центарот за развој на Пелагонскиот плански регион
Во придружба на француската делегација беа и претставници на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата Локомотива од Скопје кој во во институционалната рамка од Програмата за децентрализирана соработка  е вклучена како координатор на соработката помеѓу Пелагонискиот регион, претставен преку ЦРППР и облата на заливот Мон Сен Мишел, претставен преку Мешаниот синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел. Делегацијата од Долна Нормандија ја сочинуваа:
– Сандрин Пуле (Sandrine Poulet) – одговорна за туризам, култура и комуникација во мешаниот синдикат на областа на Заливот Мон Сен Мишел,  кој е ставен на располагање на Мрежата за туризам во областа на Заливот Мон Сен Мишел
– Каролин Перие (Caroline Périer) – одговорна за туризам и соработката помеѓу областа на заливот и Р.Македонија
– Катрин Брунод Рин (Catherine Bruneaud-Rhyn) – градоначалник на општината – месна заедница Жене, заменик-претседател на заедницата на заедници Авранш – Мон Сен Мишел. одговорна за туризам, заменик претседател на мешаниот синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел.

Осветлена клучката Макази на регионалниот пат Битола – Ресен

На 04 септември 2014 година се одржа прес конференција на која се презентираа резултатите од реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на сообраќајната клучка Макази на регионалниот пат А3 Битола- Ресен”.На прес конференцијата се обратија директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион г-а Емилиа Ѓероска и градоначалникот на општина Ресен
м-р Ѓоко Стрезовски.

Основна цел на проектот беше изведба на електрична инсталација за осветлување на Клучката кај местото викано „Макази“  на влезот во Ресен од страната на Битола.Во рамките на овој  проектот поставени 30 канделабри. Осветлувањето на посочената сообраќајна клучка ќе го зголеми квалитетот и безбедноста на сообраќајот на патниот правец А-3 од Битола кон Ресен и Охрид како и квалитетот на животот значително ќе се подобри од безбедносен, сообраќаен и естетски аспект. Реализацијата на проектот беше финансиски поддржана од Бирото за регионален развој преку Министерството за локална самоуправа во Р. Македонија.

ЛАГ-ОВИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН ВО СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ХРВАТСКА

Во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот како дел од компонента 3 за Поддршка на соработката помеѓу Лаг-овите на регионално, национално и меѓународно ниво од 03 – 07 јули 2014 година беше реализирано студиското патување во Хрватска за Локалните Акциони Групи од Пелагонија.

Претставници од трите ЛАГ-ови од Пелагонискиот регион ЛАГ ПЕЛАГОНИЈА, ЛАГ АГРО ЛИДЕР И ЛАГ ПРЕСПА присуствуваа на Летниот Фестивал на ЛАГ-ови во Биоград на мору – Хрватска, каде имаа можност да се запознаат со претставници од повеќе од 50 Лагови од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Чешка, Литванија и други. Членовите од ЛАГ-овите имаа ретка можност да разменат позитивни искуства,  да споделат голем број на добри практики и идеи за имплементирање на заеднички проекти.Фестивалот официјално беше отворен на 04 јули со богата музичка програма, а членовите од ЛАГ-овите имаа можност да ги претставуват своите локални и брендирани производи. Посетителите на одделни штандовите добиваа промотивни материјали, а кај дел од нив можеа да вкусат и традиционална храна и пијалоци.Како дел од програмата на Летниот Фестивал на ЛАГ-ови беше презентацијата на “ИПАРД мерката 202” која е нова мерка за користење на средства за ЛАГ-овите и прв пат е отворена за аплицирање во март оваа година во Хрватска. Исто така за претставниците на ЛАГ-овите беше организирано пловење со брод по Пашмански канал, каде имаа можност да се запознат со локалното население и да слушнат за богатата историја на тие места. На крајот на денот членовите на ЛАГ-овите од Пелагонија присуствуваа на презентација на ЛАГ ЛАУРА од Биоград , каде нивните членови им ги доловија почетоците на нивната работа, структурата на ЛАГ-от, реализираните проекти, идните планови итн.

ОТКРИЈ ГО КРУШЕВО

На 27.07.2014 година во рамките на проектот за експанзија на мали бизниси финансиски поддржан од УСАИД Македонија, Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија и општина Крушево ќе организираат настан со наслов ОТРИЈ ГО КРУШЕВО.
 

Со клик на сликата можете да ја погледнете програмата за ОТКРИЈ ГО КРУШЕВО

Отпочнување на втора сезона од иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка”

На 2-ри јули 2014 година со почеток во 10:30 часот во близина на селото Мало Коњари свечено беше отворен вториот циклус од иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка”, имплементиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси. На овој настан присуствуваше висок претставник од Амбасадата на САД во РМ, г-динот Рајан Стонер – Директор на секторите за економија и политика во амбасадата на САД, претставници од УСАИД

На овој настан присуствуваше висок претставник од Амбасадата на САД во РМ, г-динот Рајан Стонер – Директор на секторите за економија и политика во амбасадата на САД, претставници од УСАИД Проектот за екпанзија на мали бизниси, градоначалниците на општините Долнени и Кривогаштани, од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството и земјоделци од регионот.За оваа пригода се организираа посети на парцела на која е поставен систем за наводнување капка по капка за пченка во близина на селото Мало Коњари, и на претставниците на Амбасадата на САД им беше претставена иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка”, каде преку поставување на системи капка по капка на пченка значително се зголемуваат приносите и со тоа и приходите на земјоделците. Оваа иницијатива започна минатата година и досега преку проектот се поставени преку 60 пилот плацеви на еден хектар пченка со ваков систем за наводнување со што се започнува еден нов пристап во наводнувањето на пченка во Пелагонискиот регион. Врз база на резултатите од минатата година и успешноста на проектот, каде на одредени парцели двојно се зголемија приносите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прв пат објави мерка за набавка на системи капка по капка за пченка, на која дел земјоделците од Пелагонискиот регион веќе аплицираа за ваква опрема за повеќе од 50 хектари.
Во продолжение на настанот Делегацијата од УСАИД посети и парцела со пиперки во близина на селото за која беа донирани пластеници во склоп на ЛЕАДЕР проектот, чија имплементација исто така е поддржана од УСАИД. Преку поставување на пластеници на пиперка земјоделците имаат можност да го заштитат своето производство од наворешните влијанија, да ја контролираат влажноста, со што се подобрува квалитетот и се зголемува квантитетот на производството на пиперката.

Тридневна обука на Tема: Регионален маркетинг и брендирање

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Програмата за регионален развој на Германското друштво за интернационална соработка во Македонија од 16 – 18.06.2014 во Битола,  реализираa тридневната обука на тема: Регионален маркетинг и брендирање.

Обуката беше спроведена од страна на германскиот експерт за регионален маркетинг и брендирање г-дин Уве Крапиц и г-ѓа Ана Марушиќ Лисац експерт за сертификација и брендирање  од Р. Хрватска. Истата беше наменета за чинителите на регионалниот развој во Пелагонија односно јавниот, невладиниот и бизнис секторот од Пелагонискиот плански регион. На обуката презентирани беа концептите за регионален маркетинг и брендирање како и последните светски трендови од оваа област, понатаму елаборирани беа инструментите за регионален маркетинг, разните иницијативи и инструменти кои досега се превземени а беа дефинирани и инструменти кои во иднина би можеле да се имплементираат на територијата на Пелагонискиот регион.Предавачите ги запознаа присутните со  европските пракси и трендови од соодветната област преку презентација на успешни брендирани европски региони, односно преку примерите на регионите на Истра – Р. Хрватска и Ноимаркт Р.Германија.  Исто така, на обуката преку партиципативен пристап учесниците работеа на насоки и препораки како нашиот регион да се постави на мапата на препознаените региони во Европа. Постигнати резултати од обуката се стеканти нови знаења на сите присутни учесници, разменети искуства како и стекнати вештини и знаења што можат да се применат при регионалниот маркетинг и брендирање на нашиот регион.