Јавна Презентација на предлог програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2015 – 2019

На 28.11.2014 година во Хотел Милениум Битола, беше презентирана предлог Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2015 – 2019.На настанот присустни беа повеќе од 100 претставници на локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, јавниот, бизнис и невладиниот сектор.

На изработената предлог Програма за развој на Пелагонискиот плански регион и претходеа 6 работилници, кои беа одржани во период од два месеци и на истите учевство зедоа претставниците на локалните самоуправи од Пелагонискиот регион, јавниот сектор, бизнис и невладиниот сектор.На презентацијата поздравни обраќања имаа Заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов, Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески, Раководителката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Регионалниот координатор на ГИЗ РЕД за Пелагонискиот регион г-ѓа Аница Палацо како и претставник од Европската Комисија г-ѓа Мојца Криспер Фигуероа.
За време на презентацијата учесниците  имаа можност да ги искажат своите забелешки и мислења преку заедничка дискусија.
Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион се очекува да биде усвоена во текот на наредните месеци.

ОГЛАС за ангажирање на Специјалист за развој во рамките на Проектот- Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион објавува Oглас за ангажирање на Специјалист за развој за потребите на проектот “Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион”, финасиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации и Министерството за локална самоуправа.

Имплементатор на проектот: Центар за развој на Пелагониски регион Партнери на проектот: Општините во Пелагонискиот регион: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани, Крушево, Долнени.
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА
Проектот е технички и финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Центарот за развој на Пелагонискиот регион ги повикува сите заинтересирани и квалификувани лица да ги достават потребните документи согласно со долунаведените критериумите за избор на Специјалист за развој:
1.    Завршено високо образование,
2.    Претходно работно искуство на проекти,

Заинтересираните кандидати треба да достават:
1.    Копија од диплома за завршено високо образование,
2.    Мотивационо писмо,
3.    CV во европски формат ,
4.    Препораки за работно искуство на проекти доколку ги поседува.
Специјалистот за развој ќе биде ангажиран во периодот од Декември 2014 до Септември 2015 година и истото ќе биде ангажирано со договор за повремени и времени работи (на проект).
Плата нето: 6.291,00 денари
Работни часови во неделата: 20, Работно време од 09:00-13:00, Работни денови од понеделник до петок.
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го задржува правото да повика определен број на кандидати кои се пријавиле на огласот, на интервју.
Кандидатите своите документи треба да ги достават во печатена форма на следната адреса:
Центар за развој на Пелагониски регион
Ул. Томаки Димитровски, бр.7,
7000 Битола, Република Македонија
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА ОГЛАСОТ Е 5 РАБОТНИ ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ односно до 02.12.2014 година
КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРАШАЊА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ( info@pelagonijaregion.mk) ПОВРЗАНИ СО ОГЛАСОТ Е 2 ДЕНА ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕТО НА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ.

Опис на работни задачи – Превземи
Оглас – Превземи

Резултати од пилот проектот за зголемување на квалитетот и квантитетот на производството на пиперки во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во изминатите неколку месеци имплементираше пилот проект за зголемување на квалитетот и квантитетот на производството на пиперки во Пелагонискиот регион преку поставување на систем капка по капка на пет пилот плацеви по два декари со пиперки.

Целта на оваа иницијативе беше да се покажат бенефитите од модернизацијата на производството на пиперки преку користење  современ начин на наводнување, со систем капка по капка. Земјоделците кои беа вклучени во овој пилот проект изразија големо задоволство од поставената опрема, преку која придобивките биле повеќе. Од една страна се зголемил квантитетот на произведените пиперки во просек од 30-40%  со тоа што имало повеќе принос и наместо досегашните 3-4 берби, оствариле 5 и од друга страна се подобрил и квалитетот на пиперката со тоа што имало поголем дел кои се прва класа и помалку заболувања кај пиперката под овој систем капка по капка. Преку проектот беа покриени 10 декари со систем, а дел од земјоделците инвестираа сами и ја зголемија површината по систем капка по капка со уште 15 декари. Сите зејоделци кои го користат системот или ги увиделе бенефитите од него, планираат да инвестираат во поставување на ваков систем за наводнување на што поголеми површини, од сопствени средства или користејќи го националните програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

ОГЛАС за ангажирање на Специјалист за развој во рамките на Проектот- Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион објавува Oглас за ангажирање на Специјалист за развој за потребите на проектот “Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион”, финасиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации и Министерството за локална самоуправа.

Имплементатор на проектот: Центар за развој на Пелагониски регион Партнери на проектот:
Општините во Пелагонискиот регион: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани, Крушево, Долнени,
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА
Проектот е технички и финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Центарот за развој на Пелагонискиот регион ги повикува сите заинтересирани и квалификувани лица да ги достават потребните документи согласно со долунаведените критериумите за избор на Специјалист за развој:
1.    Завршено високо образование,
2.    Претходно работно искуство на проекти,

Заинтересираните кандидати треба да достават:
1.    Копија од диплома за завршено високо образование,
2.    Мотивационо писмо,
3.    CV во европски формат ,
4.    Препораки за работно искуство на проекти доколку ги поседува.
Специјалистот за развој ќе биде ангажиран во периодот од Ноември 2014 до Септември 2015 година и истото ќе биде ангажирано со договор за повремени и времени работи (на проект).
Плата нето: 6.291,00 денари
Работни часови во неделата: 20, Работно време од 09:00-13:00, Работни денови од понеделник до петок.
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го задржува правото да повика определен број на кандидати кои се пријавиле на огласот, на интервју.
Кандидатите своите документи треба да ги достават во печатена форма на следната адреса:
Центар за развој на Пелагониски регион
Ул. Томаки Димитровски, бр.7,
7000 Битола, Република Македонија
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА ОГЛАСОТ Е 5 РАБОТНИ ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ односно до 17.11.2014 година
КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРАШАЊА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ( info@pelagonijaregion.mk) ПОВРЗАНИ СО ОГЛАСОТ Е 2 ДЕНА ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕТО НА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ.

Опис на работни задачи – Превземи

Оглас – Превземи

Презентирана играта Happy ZOO Game во Основнто училиште Блаже Конески од Прилеп во рамките на Проектот Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија – Лерин – З

Продолжува презентацијата на едукатвната игра Happy ZOO Game во рамките на проектот Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија – Лерин – ЗОО Иноватива. На 04.11 2014 Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја презентираше Happy ZOO Game пред учениците на Основното учичиште Блаже Конески од Прилеп,

која најмладите може да ја играат на Facebook апликацијата и на своите андроид паметни телефони. Презентацијата на  играта е  дел од серијалот на презентации на оваа едукативно забавна алатка заедно со презентацијата на едукативната боенка за најмладите која освен промотивен има и едукативен карактер. Дечињата при боењето ќе можат да се запознаат со главните карактеристики на животните од ЗОО Битола а кои се опфатени во боенката со слика и текстуален опис на македонски и англиски јазик. Дополнително на оваа презентација, презентирани и доделени беа и обележувачи на книги со логото на проектот ЗОО Иноватива и линковите кои водат до играта и мобилната апликација.

Воспоставена Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот плански регион

Денес на 14.10.2014 во хотел Кристал Палас во Прилеп се одржа промотивниот настан по повод потпишувањето на договорот од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Министерството за локална самоуправа и УНДП за воспоставување на Заедничко Работно Тело – Интегрирана Мрежа за регионален развој на Пелагонија .

Основната цел на Заедничкото Работно Тело- Интегрираната мрежа за Регионален Развој на Пелагонискиот плански регион е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија ( бизнис, јавен и невладин) преку воспоставување и администрирање на формално тело за соработка. Интегрираната мрежа за регионален развој на Пелагонија ги вклучува сите девет општини од Пелагонискиот плански регион (Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Ресен, Новаци,  Крушево,Долнени, Кривогаштани и Могила). Директни корисници на проектот се економските оператори од регионот, регионални стопански комори, занаетчиски комори, невладините организации од регионот, Општините од регионот и нивните администрации особено секторите за локален економски развој. Воспоставувањето на Интегрираната мрежа за регионален развој е финансиски поддржано од страна на Програмата за локален развој на УНДП и Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија. Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општините од регионот.

Одржана обука за Управување со проектен циклус во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 02.10.2014 до 04.10.2014 година во хотел Молика во Битола организираше обука за Управување со проектен циклус во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот, финансиски подржан од УСАИД Македонија, на која учество зедоа 24 членови од Локалните Акциони Групи Пелагонија, Преспа и Агро Лидер.

На обуката им беа презентирани сите фази во делот на анализа, подготовка, имплементација, мониторинг и евалуација на проекти. Членовите на ЛАГ-овите на обуката континуирано го работеа целиот процес на изработка на проектна апликација со што се добија три готови предлог проекти. На крајот од обуката учесниците на ЛАГ-овите ги презентираа своите предлог проекти и ја искажаа својата благодарност за целокупната организација на обуката за Управување со проектен циклус.

Забавно музичка порграма за најмладите од Општините Кривогаштани и Долнени во рамките на Регионалните денови на Културата во Пелагонискиот регион

На 29 септември 2014 година во општинската сала на општина Кривогаштани се одржа настан наменет за најмладите на кој истите имаа можност да се забавуваат со програмата на драмската секција на Основното училиште Даме Груев од Битола преку изведба на претставата Чорбаџи Теодос и музичкиот настап на дечињата од Интернационалниот детски музички фестивал Тра ла ла.

Регионалните денови на културата во Пелагониски плански регион во Општина Долнени се одржаа на 30.09.2014 година во општинската сала со програма за најмладите од Општина Долнени. Програмата  се состоеше исто така од драмата Чорбаџи Теодос во изведба на драмската секција од Основното училиште Даме Груев од Битола и музички настап на дечињата од Интернационалниот детски музички фестивал  Тра ла ла. На овој начин културните манифестиции во рамките на Регионалните  денови на културата во Пелагонија овозможија дечињата од двете општини да се дел од културно забавниот живот на најмалдите во нашиот регион.

Проекција на филм и дискусија со дебатно кино во Демир Хисар и музички настап во Ресен во рамки на Регионалните денови на Културата во Пелагонија

Во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија на 24.09.2014 во Општина Демир Хисар се реализира проекција на филмот “Орландо” од Вирџинија Волф во режија на Сали Потер и дискусија со Ирена Цветковиќ во партнерство со Локомотива од Скопје и Контра кадар Дебатно кино од Битола.

Во општина Ресен пак на 24.09.2014 година во Кавалино кафе се одржа настапот на Филип Хаче кој ги  изведе своите музички нумери пред ресенската публика.

Изложби на ЗУР Македонски ракотворби и Здружението на жени Цвет од Крушево во рамките на Регионалните денови на Културата во Пелагонија

Во рамките на регионалните денови на Културата во Пелагонија се одржаа изложби на ракотворби на ракотворците од здруженијата ЗУР Македонски ракотвроби од Битола и Здружението на жени ЦВЕТ од Крушево.На 23.09.2014 во Центарот за Култура Марко Цепенков во Прилеп се одржа изложба на ЗУР Македонски ракотворби од Битола.

Ракотворците од ова здружение имаа можност своите ракотврби да ги претстават пред граѓаните на Општина Прилеп а воедно и да го одбележат десеттиот роденден од своето постоење. Додека пак граѓаните на Битола имаа можност да ги видат ракотворбите во изработка на жените од Здружението на жени ЦВЕТ од Крушево кои со своја изложба се претставија на 26.09.2014 година во Центарот за Култура Битола.На изложбата на  здружението на жени ЦВЕТ од Крушево гости им беа колегите членови на Здружението ЗУР Македонски ракотворби од Битола. На овој начин ракотворството  како вид на културен израз се доближи до граѓаните на Пелагонија а воедно и се разменија искуства, контакти и се воспостави основа за понатамошна соработка.