Регионални денови на културата во Пелагонија 2015 – Општина Демир Хисар

На 21.10.2015 во Домот на културата во Општина Демир Хисар, повеќе од 250 дечиња од сите населени места на Општина Демир Хисар имаа можност да ја проследат претставата “Вреќа полна желби” на детскиот театар Бабец од Битола. За време на претставата преку интерактивен пристап, забавувајќи се и пеејќи детската публика од Општина Демир Хисар имаше можност да проследи дел од култураната понуда за деца од нашиот регион.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат во понеделник на 28.10.2015 во Општините Долнени и Крушево, со детска претстава на детскиот театар Бабец за дечињата од Општина Долнени и Станд ап комедија за крушевската публика.

Регионални денови на културата во Пелагонија 2015 – Општина Ресен

На 20.10 2015 во кино салата во Ресен, ресенската публика имаше можност да ја проследи претставата “Катастрофа”во изведба на Интимен Театар од Битола.  Љубителите на културата од Ресен присуствуваа на претстава од жанрот комедија преку која проследија дел од културната понуда на Пелагонискиот регион.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат во понеделник на 28.10.2015 во Општините Долнени и Крушево, со детска претстава на детскиот театар Бабец за дечињата од Општина Долнени и Станд ап комедија за крушевската публика.

 

Регионални денови на културата во Пелагонија 2015 – Општина Могила

Регионалните денови на културата во Општина Могила. Денес  во општинската сала повеќе од 200 дечиња од сите населени места на Општина Могила имаа можност да ја проследат претставата “Вреќа полна желби” на детскиот театар Бабец од Битола. За време на претставата преку интерактивен пристап, забавувајќи се и пеејќи детската публика од Општина Могила имаше можност да проследи дел од култураната понуда за деца од нашиот регион.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат во Ресен на 20.10.2015, Вторник во 19:00 часот во Кино салата со претставата Катастрофа на Интимен театар, додека пак во среда на 21.10.2015 во 10:30 часот, претставата Вреќа полна желби ќе биде изведена  пред детската публика од Демир Хисар.

Регионални денови на културата во Прилеп

На 16.10.2015 во Кинот Мис Стон во Прилеп со перформансот Sur Le Vif на театарската асоцијација Лолита Еспин Анадон од Долна Нормандија, третите по ред Регионални денови на културата во Пелагонија беа отворени за прилепската публика. Публика присуствуваше на едно часовен перформанс  на модерен танц и израз преку движење и имаше можност да се запознае со еден вид на уметнички израз кој е многу популарен во модерната француска уметност.

На обострано задоволство за љубителите на француската култура и францускиот јазик од Прилеп, по завршувањето на перформансот публиката имаше можност за интеракција со изведувачите на француски јазик.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот : Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

 

 

Отворени Регионалните денови на културата во Пелагонија 2015

На 15.10.2015 во новата сцена на Центарот за култура Битола со перформансот Sur Le Vif на театарската асоцијација Лолита Еспин Анадон од Долна Нормандија, беа отворени третите по ред Регионални денови на културата во Пелагонија. Битолската публика присуствуваше на едно часовен перформанс  на модерен танц и израз преку движење и имаше можност да се запознае со еден вид на уметнички израз кој е многу популарен во модерната француска уметност.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот : Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Промовирани резултатите на грантовата шема за поддршка на трети страни

На 14 октомври во Скопје во присуство на Заменик Премиерот за економски прашања на РМ, г-дин Владимир Пешевски, Министерот за локална самоуправа на РМ г-дин Лирим Шабани, претставници на Делегацијата на ЕУ во РМ  и Германското друштво за интернационалната соработка (ГИЗ), Градоначалници и Раководители на Центрите за регионален развој во РМ, беа промовирани резултатите од Грантовата шема за поддршка на трети страни.

Во рамките на оваа Грантова шема со вкупно 300.000 евра во сите 8 региони беа поддржани вкупно 10 проекти од кои 8 имаа регионален карактер а два беа меѓурегионални. Вкупната вредност на подготвените проекти изнесува околу 38 милиони евра. Проектите поддржани во рамките на шемата беа од областа на туризмот и животната средина.

За време на настанот, ЦРППР ги претстави проектните резултати изработени во рамките на шемата, односно Студијата за развој на Пелагонискиот регион, визуелниот идентитет на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам и научените лекции од студиското патување во регионот Венето, Италија.

Исто така, настанот беше искористен и за разгледување и дискусија околу можните извори на финансирање на подготвените инвестициско технички решенија.

Регионални денови на културaта во Пелагонија 2015

На 15 октомври (четврток) со почеток од 19:00 часот во Центарот за култура Битола ќе  се отвори третото издание на Регионалните денови на културата во Пелагонија. Честа свечено да ја отворат манифестацијата ќе ја имаат гостинките од театарската асоцијација “Compagnie Lolita Espin Anadon кои доаѓаат од регионот Долна Нормандија а кои пред битолската публика ќе го презентираат перформансот Sur Le Vif.

 

Регионалните денови на културата ќе го опфатат целиот Пелагониски регион. Од 15 до 30 октомври во 9 општини ќе се реализираат културни настани од современата културна уметност но и настани кои ја негуваат традицијата и театарската уметност.

 

“Compagnie Lolita Espin Anadon ќе се претстават и пред прилепската публика со перформансот Sur Le Vif во Киното Мис Стон на 16 Октомври.

Во Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани и Могила фокусот ќе биде ставен на детската публика, и дечињата од овие општини ќе ја проследат претставата Вреќа полна желби на театарот Бабец. Ресенската и Крушевската публика, ќе имаат можност да поминат хумористична вечер со театарска уметност и комедија на Интимен театар во Ресен и станд ап настап на Никола Тодоровски во Крушево.   Француската алијанса за љубителите на уметноста и француската кутура во Битола на 29 октомри ќе приреди изложба на тема: Читај и забавувај се – Lire en fête. КУД Илинден ќе настапи во Општина Новаци заедно со КУД Новаци.

Регионалните денови на културата во Пелагонија се програмски уредени и координирани од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион.

 

Манифестацијата се реализира во рамките на проектот Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Свечено отворен Бизнис центарот во Пелагонискиот регион

На 8-ми откомври 2015 година во 11 часот во Хотел Милениум во Битола се одржа Свечено отворање на Бизнис Центарот во Пелагонискиот регион. На овој настан свое обраќање имаа Заменик министерот за локална самоуправа на РМ, г-дин Љупчо Пренџов,

Претседателот на Советот на Пелагонискиот регион  и воедно градоначалник на Општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезовски, заменик претседателката на регионалната стопанска комора во Битола г-ѓа Олгица Стојчевска и раководителката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска. Бизнис Центарот започнува со работа со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РМ, во рамките на проектот за проширување на функциите на центрите за развој во насока на спроведување на активности и услуги за поддршка на бизнис секторот  во регионот.  Во рамките на овој проект,  ќе се организираат низа информативни средби, каде што ќе се  презентираат на различни финансиски инструменти, (фондови и програми) на кој што можат да аплицираат компаниите од регионот за одредена финансиска поддршка. Преку проектот ќе биде изработен Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион, каде ќе бидат наведени сите предности за инвестирање во овој регион,  сите индустриски технолошки и економски зони во регионот со мапи и карактеристики на нивните површини, како и сите предности и олеснувања кои ги нудат овие зони.
Ќе биде изработена Програма за работа на Бизнис центарот со годишен акциски план каде ќе бидат наведени активностите и задолженијата на овој бизнис центар во однос на поддршка на приватниот сектор во регионот. И исто ќе биде изработен веб портал investinpelagonijaregion, во кој ќе има регистар на компании од регионот, каде секоја компанија ќе може бесплатно да се регистрира во порталот, со свои контакти и дејност преку која сите домашни и странски компании ќе можат полесно да добијат пристап и контакт до нови потенцијални бизнис партнери, а исто така преку Бизнис Центарот ќе бидат постојано информирани за сите нови случувања од бизнис сферата и за сите отворени повици, програми и фондови преку кои ќе можат да се финансираат.
На средбата се презентираше Порфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот регион и своја презентација имаа претставници од Македонска банка за поддршка на развојот.

 

 

Одржана 11-та седница на СРППР

На 31.08.2015 година, во просториите на општина Ресен се одржа 11-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Според усвоениот дневен ред, членовите на Советот за развој на Пелагонија усвоија Акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион во 2016 година и дополнета приоритетна листа за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година.

Понатаму, за време на Седницата Градоначалниците ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2015 година како и препораките за управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам.

ЦРППР во реализација на 10 нови капитални проекти одобрени во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион започнува со имплементација на 10 нови инфраструктурни проекти одобрени во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Проектите се од витално значење за Општините во кои се работат затоа што овозможуваат постоење на нови објекти со нова намена и нудат нови услуги кои досега не биле достапни,а се од директен бенефит за населението кое живее во руралните средини.

Реализацијата на проектите ќе овозможи адаптација на Дом за деца и млади во с. Кравари, опремување на Младински културен центар во с. Новаци, уредување и опремување на Дом на култура – отворена сцена во с.Могила, реконструкција на Дом на култура во с.Ропотово, изградба и реконструкција на Плоштад со шеталиште и зелена површина во Ресен, реконструкција на шеталиште во Демир Хисар, реконструкција на Плоштад, рекреативни и зелени површини во населено место Коњари, реконструкција и уредување на градски парк – Плоштад во Крушево и партерно уредување на Плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани.

Исто така во рамките на оваа програма е одобрен и проектот за уредување на излетничкото место Сапунчица во атарот на с. Ниже Поле, кој е од регионален карактер, преку кој ќе се овозможи темелна реконструкција и комплетно реновирање со нова опрема на објектот Бачило, како и уредување на дворниот простор и дополнување со урбана опрема. Овај проект опфаќа и осветлување на скијачкиот центар Ниже Поле со што ќе се овозможат услови и за ноќно скијање.

Вкупниот износ на 10-те одобрени проекти е 1 милион евра.