Дводневна работилница за креација и промоција на туристички производи од Пелагонија

На 09 и 10 декември 2015 година во Битола, Центарот за развој на Пелагониски плански регион организира дводневна работилница за креација и промоција на туристички производи.

Работилницата претставува заеднички процес на креација и промоција на туристички производи а е наменета чинителите за развој и унапредување на културното наследство и туризмот од сите 9 општини од Пелагонискиот регион.

На настанот учествуваа претставници на 9-те општини од Пелагонија, претставници на културните институции, локално население, бизнис секторот и невладниниот сектор како и претсавници од партнерската организација од Мон сен Мишел Долна Нормандија

На работилницата гостите од Долна Нормандија го изнесоа своето искуство и постигнувања на темата, додавајќи и добри практики од областа на развојот на туризмот од Мон сен Мишел.

Со оваа работилница се унапреди процесот на размена помеѓу релевантните чинители за развој на оваа област. Во текот на процесот преку интерактивен пристап се дефинираа конкретни туристички производи кои понатаму би можеле да се развијат и промовираат пред потенцијалните домашни но и странски туристи.

Работилницата за креација и промоција на туристички производи се реализира во рамките на проектот Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет, поддржан од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Центарот за развој на Пелагониски плански регион започна со имплементација на проектот: Уредување на излетничко место “Сапунџица“ , во с.Ниже Поле, Битола

Центарот за развој на Пелагониски плански регион започна со имплементација на проектот: Уредување на излетничко место “Сапунџица“ , во с.Ниже Поле, Битола. Овој проект е еден од 10-те нови проекти кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Со проектот за уредување на излетничкото место Сапунчица во атарот на с. Ниже Поле, се овозможува осветлување на скијачкиот центар Ниже Поле со што се овозможуваат услови за ноќно скијање, темелна реконструкција и комплетно реновирање со нова опрема на објектот Бачило и уредување и дополнување на дворниот простор со урбана опрема.

Проектот е од регионално значење за жителите од Пелагонискиот регион.

 

Нови регионални проекти во реализација на Центарот за развој на Пелагониски плански регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион со Бирото за рамномерен регионален развој на РМ (БРР) потпиша договори за реализација на два нови регионални проекти. Со вкупна финансиска помош од околу 4.600.000 МКД обезбедени од буџетот на РМ преку Програмата за рамномерен регионален развој и околу 1.500.000 МКД обезбедени од ЈП Пазари Битола преку реализација на две фази ќе биде комплетно завршена реконструкцијата на зелениот пазар во Битола.

 

Со проектните активности ќе бидат изградени 6 нови продажни павиљони, ќе се покрие просторот над нив а ќе бидат изградени плато, електричен и канализационен систем.

По реализацијата на проектите, околу 3.000 жители на регионот кои егзистираат од продажба на земјоделски производи на зелениот пазар и повеќе од 115.000 граѓани на Битола и соседните општини Демир Хисар, Новаци и Могила ќе добијат осовремен и функционален простор односно поефикасна и зголемена трговија со регионалните земјоделски производи. Од реализацијата на проектот директен бенефит ќе имаат граѓаните на четири општини со што уште еднаш во Пелагонискиот регион ќе се направи значителен исчекор кон реализација на регионални инфраструктурни проекти преку директна соработка на повеќе општини.

Информативен настан за презентација на законите во организација на ЦРППР

Центарот за развој на Пелагонискиот регион во организација со Министерството за Локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски денес го организираше Информативниот настан на тема: Презентација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Информативниот настан е во рамките на проектот “Воспоставување на интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион” технички и финансиски помогнат од Министерството за Локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП. На настанот присуствуваа претставници од локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, од секторите за урбанизам, комунални работи и градежни инспекции.

Информативна средба во Битола за презентирање на програмите Хоризонт 2020 и Косме

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот ”Проширување на функциите на центрите за развој на плански региони во насока на спроведување на активности / услуги за поддршка на приватниот сектор” финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на РМ, на 13-ти ноември 2015 година организира информативна средба за приватниот сектор од регионот за презентирање на програмите Хоризонт 2020 и Косме.

Целта на оваа средба беше да се претстават можностите за финансирање  на бизнисите преку користење на финансиски средства од овие програми.

Средбата беше организирана во соработка со претставници од Регионалната стопанска комора од Битола, каде заедно со претставници од ЦРППР ги презентираа своите познавања за програмите, со што уште еднаш потврдија дека поседуваат капацитет и човечки ресурси за имплементирање  на проекти и консултантска поддршка за аплицирање на проекти во програмите Хоризонт 2020 и Косме.

На средбата исто беше презентирано и Порфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, достапно за приватниот, граѓанскиот и јавниот сектор.  Во таа насока ЦРППР е подготвен да дава услуги за општо информирање преку постоечките веб портали и директни средби со заинтересираните страни за различните можности за финансирање, поддршка за подготовка на предлог проекти до национални и меѓународни фондови, услуги за спроведување на обуки, изработка на анализи, организирање на кампањи и промотивни настани и др.

Оглас за ангажирање експерти

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

 

ДОГОВОРЕН ОРГАН

Центар за развој на Пелагониски плански регион

 

ЗА ПРОЕКТОТ

“Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се спроведува во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија

 

НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Центар за развој на Пелагониски плански регион

 

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

Мешан Синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел – Долна Нормандија

 

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

• Развој на регионален идентитет за жителите од Пелагонија

• Развој на најзначајните елементи од идентитетот и најзначајното наследство

• Развивање на чувството на припадност и гордост на локалното население

• Креација на односи помеѓу локалното население, локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор

• Зајакнување на капацитетите на локалното население за локалната историја и локалното наледство

• Промоција на вредноста на наследството, и неговата улога во привлечноста на територијата и прашањата околу зачувањето на наледството

 

ЦЕЛНА ГРУПА

Жителите на Пелагонискиот регион и жителите на Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија (Франција)

 

ФИНАНСИРАН ОД:

Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонијa

 

ДЕТАЛЕН ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ

За потребите на горенаведениот проект потребно е ангажирање на еден експерт кој треба да спроведе дводневна рабтилница на која ќе се дефинират и развијат конкретни туристички производи од Пелагонија кои понатаму ќе би се промовирале како конкретни производи пред потенцијалните домашни и странски посетители.

 

Дводневната работилница во Битола е наменета за чинителите одговорни за развој и промоција на културното наследство и туризмот во Пелагонискиот регион (Мрежа за развој на културата во Пелагонискиот регион, претставници на локална самоуправа од 9-те општини од Пелагонискиот плански регион, претставници од француските партнери во проектот, претставници на културните институции, локалното население, бизнис секторот и невладиниот сектор).

 

За време на работилницата, француските партнери ќе го изнесат своето искуство и постигнувања на темата на работилницата како и примери за добри практики во Мон Сен Мишел кои треба да бидат земени во предвид при креирањето на резултатите на работилницата. Со тоа, преку оваа работилница ќе се придонесе кон унапредување на процесот на размена на знаења и искуства помеѓу чинителите на развојот на соодветната област.

 

ЛОКАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦАТА

Битола, Р. Македонија

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА ЕКСПЕРТОТ

За успешна реализација на работилницата, ангажираниот експерт ќе ги изврши следните работни задачи:

1. Подготовка на материјали за работилницата

2. Извршување на работилницата

3. Евалуација на работилницата и подготовка на финален извештај за работилницата

 

МЕТОДОЛОГИЈА НА РАБОТА

Во текот на спроведувањето на работилницата, ангажираниот експерт ќе ја користи следната методологија:

 

• Интерактивна групна работа

• Користење на современи ИТ алатки за презентација

• Користење на печатени работни материјали

• Иницирање на отворени дискусии

• Користење на прашалник

• Евалуација

 

 

 

ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА

Помеѓу 7 и 12 декември 2015 година

 

ЈАЗИК НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Македонски јазик. Договорниот орган ќе обезбеди консекутивен превод на француски јазик за активно вклучување на француските партнери во текот на работилницата.

 

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА АНГАЖИРАНИОТ ЕКСПЕРТ

1. Завршено високо образование

2. Познавање на правната регулатива во делот на туризмот

3. Познавање на локалните, регионалните и националните стратешки документи повзани со развојот на туристичкиот сектор

4. Познавање на современите трендови во креирањето на конкурентен туристички производ

5. Работно искуство од најмалку 5 години и познавања поврзани со темата на обуката

6. Искуство во изработка на стратегии за развој на авантуристички туризам и производи од авантуристички туризам

 

ДОКУМЕНТИ КОИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВАТ

1. Кратка биографија во европски формат (EUROPASS)

2. Портфолио за успешно реализирани најмалку 3 активности на иста или слична тема

3. Предлог- методологија што ќе се користи при реализацијата на обуката

 

НАДОМЕСТОК

Експертот ќе добие надоместок во висина од бруто износ од 12.000 МКД по реализацијата на работилницата.

 

АДРЕСА ЗА ДОСТАВА НА АПЛИКАЦИИТЕ (доставени во печатена форма)

Центар за развој на Пелагониски плански регион

Ул.”Томаки Димитровски” бр. 7

7000 Битола

P. Македониja

 

или на електронската пошта

info@pelagonijaregion.mk

jasmina@pelagonijaregion.mk

 

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 5 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Регионални денови на културата во Пелагонија – Изложба на Француска Алијанса Битола

На 29.10.2015 во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија во НУУБ Климент Охридски се реализира изложба во организација на Француската Алијанса од Битола. Темата на изложбата беше ”Lire en fete – читај и забавувај се” во чест на прослава на месецот на книгата кој се празнува во Франција.  На изложбата беа изложени дела на дечиња кои го изучуваат францускиот јазик и ја запознаваат француската култура во Алијансата и во основните училишта во Битола.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден и КУД Новаци во Новаци на 30.10.2015.

Регионални денови на културата во Пелагонија – Општина Кривогаштани

На 29.10.2015 во општинската сала на ОпштинаКривогаштани,  дечиња од целата општина Кривогаштани имаа можност да ја проследат претставата “Вреќа полна желби” на детскиот театар Бабец од Битола.  Детската публика од Општина Кривогаштани преку овој настан имаше можност да проследи дел од култураната понуда за деца од нашиот регион.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат   во Битола со изложбата ”Lire en fete – читај и забавувај се” на Француската Алијанса на 29.10.2015 a Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден и КУД Новаци во Новаци на 30.10.2015.

Регионални денови на културата во Пелагонија – Општина Крушево

На 28.10.2015 година, публиката од Општина Крушво имаше можност да присуствуа на еден поинаков културен настап во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија и преку станд ап комедијата на Никола Тодоровски да проследи дел од модерниот хумористичен културен израз.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат  и во наредните денови и тоа, во Општина Кривогаштани ќе гостува театарот Бабец а во Битола ќе се отвори изложба на Француската Алијанса на 29.10.2015. Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден во Новаци на 30.10.2015.

Регионални денови на културата во Пелагонија 2015 – Општина Долнени

На 28.10.2015 во општинската сала на Општина Долнени,  дечиња од сите населени места на Општина Долнени имаа можност да ја проследат претставата “Вреќа полна желби” на детскиот театар Бабец од Битола.  Детската публика од Општина Долнени  преку овој настан наменет за оваа публика, имаше можност да проследи дел од култураната понуда за деца од нашиот регион.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Регионалните денови на културата продолжуваат  и во наредните денови и тоа, во Крушево на 28.10.2015 со станд ап комедија, во Општина Кривогаштани ќе гостува театарот Бабец а во Битола ќе се отвори изложба на Француската Алијанса на 29.10.2015. Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден во Новаци на 30.10.2015.