Потпишан договорот за реализација на проекти во Пелагонискиот плански регион за проекти кои беа аплицирани во 2010 година а средства се доделени во 2011 година

На ден 10.05.2011 год. во Скопје, Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази и Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска го потпишаат договорот за реализација на проекти во Пелагонискиот плански регион за  проекти кои беа аплицирани во 2010 година а средства се доделени во 2011 година.

Проекти за кои се доделени средства се следните:

1.Изработка на техничка документација за изградба на пат од населено место;
Заположани, Oпштина Долнени до населено место Славеј,Oпштина Крушевo;
2.Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на зоолошката градина во Битола;
3.Изработка на техничка документација за изградба напаркинг за сточен пазар во Кривогаштани;
4.Изработка на студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба планина (општина Битола и општина Ресен);
5.Набавка на опрема за ТППЕ Прилепм (го покрива регионот на Прилеп, Кривогаштани и Долнени) и опрема за волонтерските единици;
6.Втора фаза за изградба на хлорна станица во с. Дебриште.

Одржана првата локална презентација во општина Демир Хисар на која беа презентирани индустриските зони кои се наоѓаат во овие 4 (четири) општини

Во општина о.Демир Хисар на ден 09.05.2011 год. со почеток во 10 часот беше одржана првата локална презентација на која беа презентирани индустриските зони кои се наоѓаат во овие 4 (четири) општини,

како и можностите за инвестирање, даночните олеснувања кои ги добиваат потенцијалните инвеститори како и техничката и стручната помош што ја нудат општините. На оваа Локална презентација присутните ги поздравија  Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Градоначалникот на општина Демир Хисар г-дин Тони Анѓелески и  Градоначалникот на општина Долнени г-дин Абдула Бајрамоски.

Одржaна работилница за промоција и презентација на Законот за управување со отпад од пакување

Во рамките на проектот „Пакување без загадување 2“ на 29.04.2011 година во хотел „Кристал Палас“ во Прилеп се одржa работилница за промоција и презентација на Законот за управување со отпад од пакување, наменета за бизнис секторот од Пелагонискиот регион.На работилницата присуствуваа претставници од бизнис секторот од општините на Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Кривогаштани и Долнени.

Во првиот дел на оваа работилница презентација на своите искуства со спроведени проекти од областа на заштитата на животната средина имаа г. Златко Ристески – директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп за функционирањето на системот за собирање на смет (PET) пластика и г.Александар Тиквешански за поддржаните проекти од областа на животната средина од страна на мисијата на УСАИД во Македонија.
Во вториот дел на работилницата, Законот за управување со отпад од пакување го промовираа г-ѓа Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерство за животна средина и просторно планирање и Ленче Ќурчиева од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Целта на оваа работилница беше да се зајакнат капацитетите на компаниите од Пелагонискиот регион за подоготовка на обрасците кои ќе бидат обврска на компаниите согласно измените на Законот за управување со отпад од пакување.
Спроведувањето на проектот се реализираше со финансиска поддршка на мисијата на УСАИД во Македонија.

Раководителот на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска заедно со Претседателот на УО на Федерација на фармерите на Македонија г-дин Андрија Секуловски, потпишаа Меморандум за соработка

На 27.04.2011 година, раководителот на Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион г-ѓа Емилиа Ѓероска заедно со Претседателот на УО на Федерација на фармерите на Македонија г-дин Андрија Секуловски, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот се темели на искажаниот интерес на двете страни за заедничка соработка и унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор како и приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми и во согласност со принципите на одржливиот развој во насока на рамномерен регионален развој и реализација на проекти. ЦРППР и ФФРН заедно со своите ресурси и кадри ќе придонесат за понатамошен развој на Пелагонискиот регион.

Одржaна седмата обука на тема „ Донаторски процедури“

Во рамките на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“, на 27 и 28  април 2011 година,  во Битола се одржa седмата обука на тема „ Донаторски процедури“.
Обуката беше наменета за преставниците на одделенијата за локален економски развој, правните сектори на општините  и вработените кои учествуваат во подготовката и имплементацијата на проeкти финансирани од претпристапните фондови на Европската унија и други билатерални донатори.

Експертите предавачи на оваа обука, г. Фатмир Битиќи и г-ѓа Даниела Стојанова, беа ангажирани во соработка со Македонски
Центар за Меѓународна соработка од Скопје. На првиот ден од обуката беа елаборирани Правилата за подготовка на буџет, форматот и пријавата за предлог проектите и Упатството за подготовка на повик. На вториот ден од обуката беа разгледувани и објаснувани правилата за поддоговори за услуги, поддоговорите за стоки и поддоговорите за работи.Во текот на вториот ден беше елабориран и целиот ПРАГ документ кој што е од особено значење при имплемемтирањето на проекти финансирани од Европската унија. Резултатите од оваа обука се зајакнати капацитети на Општините во регионот по однос на административните процедури при подготовка и имплементација на развојни проекти.

Одржана обуката за користење на софтверот ,,Пелагонија – бизнис”

Во рамките на проектот  „Градиме партнерства“  се одржа обуката за користење на софтверот ,,Пелагонија – бизнис”. Оваа  веб базирана апликација е изработена за потребите на оделенијата за локален економски развој за општините во Пелагонискиот регион. Оваа програма има за цел да  им помогне на вработение во одделенијата за локален економски развој за подобро и попрецизно отсликување на состојбите за компаниите кои се наоѓаат во  општините.

На оваа обука, обучувачите Љупчо Петровски и Дејан Димоски   трансферира знаење за тоа како програмата правилно да се користи и кои се предносите од користењето на ваков вид на софтвер. Целна група на оваа обука беа вработение од одделенијата за локален економски развој на Пелагонискиот регион.

Одржана работилница за промоција и презентација на Законот за управување со отпад од пакување

Во рамките на проектот „Пакување без загадување 2“ на 15.04.2011 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во хотел „Милениум“ во Битола ќе се одржи работилница за промоција и презентација на Законот за управување со отпад од пакување, наменета за бизнис секторот од Пелагонискиот регион.

На работилницата ќе присуствуваат претставници од бизнис секторот од општините на Битола, Могила, Новаци, и Ресен.
Во првиот дел на оваа работилница презентација на своите искуства со спроведени проекти од областа на рециклирањето на отпад ќе имаат г. Зоран Соклевски – технички директор на ЈКП “Комуналец” Битола за функционирањето на системот  за собирање на смет – хартија и г. Златко Ристески – директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп за функционирањето на системот за собирање на смет (PET) пластика.
Во вториот дел на работилницата, Законот за управување со отпад од пакување ќе го промовира г-ѓа Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерство за животна средина и просторно планирање и Ленче Ќурчиева од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Целта на оваа работилница е да се зајакнат капацитетите на компаниите од Пелагонискиот регион за подоготовка на обрасците кои ќе бидат обврска на компаниите според измените на Законот за управување со отпад од пакување.
Спроведувањето на проектот се рализира со финансиска поддршка на мисијата на УСАИД во Македонија.

Седмата по ред обука од „Градиме партнерства“ ќе се одржжи во Битола во периодот 13-14 април

Седмата по ред обука од „Градиме партнерства“ ќе се одржжи во Битола во периодот 13-14 април, 2011 година и ќе биде наменета за претставниците од локалните самоуправи од Пелагониските општини.

На оваа обука, обучувачите Тања Хафнер Адеми и Даниела Стојанова ангажирани од МЦМС ќе трансферираат знаење за тоа начините како општините да дојдат до фондови за аплицирање на своите предлог-прокети, користејќи презентации, а ќе иницираат и практична. Целната група ќе се  стекне со познавања за тоа како се мобилизирааат сите расположливи ресурпси и кои се можни нивни извори.
Во текот на вториот ден ќе се презентираат детално Инструментот за претпристапна помош на Европската унија, Програмите на заедницата и Инструментот за демократија и човекови права на Европската унија.
Очекувани резултати од оваа обука се зајакнати капацитети на општините во Пелагонискиот регион при изнаоѓањето на фондови за аплицирање на нивните предлог-проекти.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион отпочна со реализација на проект за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион отпочна со реализација на проект за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Една од целите на овој проект е дефинирање на стратешки насоки и активности во културата на регионално ниво.

Во рамките на овој проект во периодот од 04 – 07 април во Битола, ќе биде организирата првата работилница на тема: “Анализа и стратешко планирање за развој на културата во Пелагонија”.
На оваа тридневна работилница за прв пат ќе се пристапи кон стратешко планирање на културниот развој во Пелагонискиот регион, преку подготовка на регионална стратегија за кутурен развој. Учесници на оваа работилница ќе бидат луѓе директно вклучени во културните случувања во регионот, уметници, директори на културни институции и претставници на секторите за култура од локалните самоуправи во Пелагонискиот регион.
Предавачи на работилницата ќе бидат г-ѓа Маријана Цветковиќ од Србија, г. Пјер Шмит, Директор на регионален Центар за Етнологија и Етнографска техника од регионот Долна Нормандија, г-ѓа Цвета Андреева од Бугарија, Билјана Прентовска од Министерство за култура на РМ, и г. Реми Приват- Советник на Вицепремиерот за Европски прашања на РМ.
Во текот на првиот ден учесниците на работилницата ќе ги анализираат состојбите и потребите за културен развој на Пелагонискито регион,и ќе ги дефинираат поимитe: визија, мисија и цели.
На вториот ден од работилницата ќе се дефинира визијата за културен развој на регионот, по претходно утврдена метологија, и ќе се дефинираат долгорочни и краткорочни цели за културен развој на регионот.
Третиот ден е резервиран за изработка на лого, слоган, веб страна и за предавањето на г-ѓа Цвета Андреева на тема: “Извори на финансирање за регионална соработка”, проследено со студии на случаи за интернационални и европски регионални иницијативи.
На четвртиот ден од работилницата г. Реми Приват ќе има своја презентација на тeма: “ Процесот на Европска интеграција и ИПА фондови – можности во културата”. Работниот ден ќе заврши со заклучоци од работилницата и договарање на идни чекори во насока на исполнување на активностите предвидени со овој проект.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија
Лидери на прокетната целина се:
Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје (Македонија) и
CRECET – Centre Régional de Culture Ethnologique et Technique de Basse-Normandie (Регионален центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормадија)
Партнери во реализација на проектните активности од Македонија: Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион, општина Битола и Министерството за локална самоуправа.

Шесттата по ред обука од проектот „Градиме партнерства“ на тема “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапните фондови на ЕУ и програмите на заедницата”

Шесттата по ред обука од проектот „Градиме партнерства“ на тема “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапните фондови на ЕУ и програмите на заедницата” се одржа во Битола во периодот 16-18 март, 2011 година. Обуката беше наменета за претставниците од локалните самоуправи од општините во Пелагонискиот регион. Предавачи на оваа обука беа експертите г.Јуриј Кобал и г. Марио Вељковиќ.

Нив ги обезбеди Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка. На првиот ден од обуката претставниците од локалните самоуправи се запознаа со методите на стратешко планирање во ЕУ, принципот Intelligent regions, и SWOT анализата. На вториот ден беше изработена мапа на сите stakeholders и донесувачи на одлуки во регионот, и пристапот на Логичка рамка. Исто така, со работа во групи беа подготвени апликации за предлог проекти. На третиот ден од обуката подготвените предлог проекти беа евалуирани и технички анализирани. За времетраењето на обуката имаше активна и партиципативна работна атмосфера, беа поставувани многу прашања, имаше многу продуктивни дискусии, солидни презентации на работите во групи и целосно сериозен однос кон обуката. Очекувани резултати од обуката се надградени капацитети на локалните самоуправи при подготовка на апликации за предлог проекти финансирани од претпристапните фондови на ЕУ и програмите на заедницата.