Skip to content

Продолжува унапредувањето на патната инфраструктура и наградба на капацитетите за одржување на истата во Пелагонискиот регион

ДАТУМ

мај 22, 2026

Категории

,

Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Амет Имери денес го потпишаа договорот за финансирање на 2 нови проекти со кои се зајакнуваат капацитетите за одржување и модернизација на патната ифраструктура во регионот.
  Вкупна вредност на проектите изнесува околу 11.000.000 денари средства наменети за реконструкција, на патни правци со атмосферска канализација и тротоари во Општините Могила и Кривогаштани како и набавка на механизација за одржување на комунална инфраструктура за општина Крушево.
Со реализацијата на овие проекти ќе се поврзат различните делови од овие населени места со главните улици, обезбедувајќи подобра пристапност до главните регионални патишта и подобрена поврзаност во рамки на Пелагонискиот регион.
Проектите се одобрени во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на 🇲🇰Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy