Skip to content

Промотивен настан на проектот: “Заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари” FIREFLY

ДАТУМ

јуни 5, 2026

Категории

,

На 04.06.2026 се одржа првиот промотивен настан на проектот: “Заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари” FIREFLY чија главна цел е да се придонесе во превенција и ефективно управување со шумските пожари придонес во заштитата на природната средина и зајакнување на здравите екосистеми.
📢Настанот беше посветен на промоција и презентација на проектните активности, постигнатите резултати и идните насоки на соработка во областа на противпожарна заштита.
На истиот се обратија Заменик министерот за локална самоуправа г-дин Ерџан Селими, Заменик Директор на Дирекција за заштита и спасување
г-дин Кашмир Салиу, Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Стевче Стевановски, Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Командирот на Територијална противпожарна единица Битола г-дин Христијан Тодоровски.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира Проектот FIREFLY во рамките на INTERREG IPA Програмата за прекугранична соработка со Република Грција и со финансиска поддршка од страна на 🇲🇰Министерството за локална самоуправа.
Една од најзначајните проектни активности е набавката на противпожарна опрема – противпожарно возило со цистерна за вода и противпожарно возило за интервенции на тешко достапни терени чија вредност изнесува околу💸 180.000 евра со што значително ќе се придонесе кон зајакнување и унапредување на капацитетите на системот за противпожарна и цивилна заштита на Пелагонискиот регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy