Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Амет Имери денес го потпишаа договорот за финансирање на 2 нови проекти со кои се зајакнуваат капацитетите за одржување и модернизација на патната ифраструктура во регионот.
Вкупна вредност на проектите изнесува околу 11.000.000 денари средства наменети за реконструкција, на патни правци со атмосферска канализација и тротоари во Општините Могила и Кривогаштани како и набавка на механизација за одржување на комунална инфраструктура за општина Крушево.
Со реализацијата на овие проекти ќе се поврзат различните делови од овие населени места со главните улици, обезбедувајќи подобра пристапност до главните регионални патишта и подобрена поврзаност во рамки на Пелагонискиот регион.
Проектите се одобрени во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на
Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.

No comment yet, add your voice below!