Skip to content

Одржана втора седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

ДАТУМ

февруари 27, 2026

 

Втората седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа на 26.02.2026 година во Општина Новаци под водство на Претседателот Стевче Стевановски а во присуство на Градоначалниците на општините од Пелагонискиот регион. Согласно дневниот ред, на седницата се дискутираа и усвојуваа точки кои се однесуваа на развојниот тек на регионот во 2026 година.
Презентирани беа отворените повици од Програмата за рманомерен регионален развој за 2026 година на Министерството за локална самоуправа а која се реализира преку Бирото за регионален развој како и повикот за финансирање на Предлог- проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој.
Се дискутираше за приоретизација на иницијативи кои се приоритет за регионот и кои би можеле да бидат преточени во апликациски пакети со цел аплицирање на отворените повици доколку истите ги исполнуваат дадените критериуми.
Исто така на седницата беа презентирани и дискутирани техничките аспекти на работењето на Центарот и Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy