На 04.06.2026 се одржа првиот промотивен настан на проектот: “Заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари” FIREFLY чија главна цел е да се придонесе во превенција и ефективно управување со шумските пожари придонес во заштитата на природната средина и зајакнување на здравите екосистеми.
На истиот се обратија Заменик министерот за локална самоуправа г-дин Ерџан Селими, Заменик Директор на Дирекција за заштита и спасување
г-дин Кашмир Салиу, Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Стевче Стевановски, Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Командирот на Територијална противпожарна единица Битола г-дин Христијан Тодоровски.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира Проектот FIREFLY во рамките на INTERREG IPA Програмата за прекугранична соработка со Република Грција и со финансиска поддршка од страна на
Министерството за локална самоуправа.
Една од најзначајните проектни активности е набавката на противпожарна опрема – противпожарно возило со цистерна за вода и противпожарно возило за интервенции на тешко достапни терени чија вредност изнесува околу
180.000 евра со што значително ќе се придонесе кон зајакнување и унапредување на капацитетите на системот за противпожарна и цивилна заштита на Пелагонискиот регион.

No comment yet, add your voice below!