Денес во Битолa, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, партнерите од проектот ”Заедничка прекугранична иновативна заштита и превенција од шумски пожари” FIREFLY го одржаа на Вториот координативен состанок за напредокот на проектот, означувајќи уште една важна пресвртница во спроведувањето на оваа стратешка прекугранична иницијатива.
Состанокот послужи за преглед на досегашниот напредок, проценка на спроведувањето на планираните активности и координирање на следните фази од реализацијата на проектот. Партнерите разменија искуства, разговараа за клучните достигнувања и предизвици и ја потврдија својата заедничка посветеност за подобрување на соработката во областа на спречувањето и управувањето со шумски пожари.
Проектот FIREFLY кој се спроведува во рамки на ИНТЕРЕГ Програмата за прекугранична соработка со Грција, е посветен на зајакнување на отпорноста на прекуграничните региони кон растечката закана од шумски пожари. Преку иновативни пристапи, подобрена подготвеност, градење капацитети и подобрена институционална соработка, проектот има за цел да придонесе за ефикасно спречување и управување со шумски пожари, истовремено заштитувајќи го биодиверзитетот, заштитувајќи ги природните ресурси и поттикнувајќи здрави и одржливи екосистеми.

No comment yet, add your voice below!