Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион (ИМРР на ППР) е иницијатива предводена од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 9-те општини од Пелагонискиот плански регион како и од регионалните стопански и занаетчиски коморите, ЛАГ-овите, како и претставници на универзитетот и граѓанскиот сектор во Пелагонија.
Интегрираната мрежа за регионален развој на Пелагонискиот плански регион е формално воспоставена на почетокот на 2015 година со поддршка обезбедена од страна на Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје.
ИМРР на ППР е формирана врз основа на одлуките за воспоставување на меѓуопштинска соработка донесени од страна на сите девет општини во регионот.
Формирањето на ИМРР на ППР е во согласност со целите и активностите на петгодишната Програма за развој на Пелагонискиот плански регион и тригодишниот Акциски план за имплементација на Националната стратегија за рамномерен регионален развој.
ЦЕЛ НА ИНТЕГРИРАНАТА МРЕЖА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
– Подобрување на соработката помеѓу приватниот, јавниот и невладиниот сектор во регионот и зајакнување на кооординацијата помеѓу овие сектори во имплементирањето на активности наменети за развој на регионот;
–подобрување на економијата на регионот;
– Зајакнување на нејзините конкурентски вредности,
Делокругот на ИМРР на ППР согласно со изработената Програма за работа е во следните 3 приоритети:
Економско опкружување- Зајакнување на економското окружување и состојбата со пазарот на трудот во Пелагонискиот плански регион.
Социјално опкружување-Градење на капацитети за развој и испорака на услуги во делот на социјалното опкружување на регионот
Животна средина- Унапредување на условите за заштита на животната средина.
Проектот е технички и финансиски поддржан од страна на Минситерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Времетраење на проектот- Септември 2014-
Износ на проектот- 40.000,00$