Skip to content

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ПЕЛАГОНИЈА

ДАТУМ

април 8, 2019

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион текот на месец февруари 2019 год одржа 3 регионални форуми. Целта на форумите беше идентификација на проектни идеи за Грантовата шема финансирана во рамки на проектот ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”. Овој проект финансиски е поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC).

Согласно насоките од грантовата шема области на интервенција во рамки на кои учесниците на форумите можеа да предлагаат проектни идеи беа: туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија. Имено на овие регионални форуми учесници беа претставници од јавниот, невладиниот и бизнис секторот кои преку партиципативен и транспарентен процес на работа предложија и избраа  3 регионални предлог идеи. Избраните идеи беа разработени во проектни концепти и пратени на евалуација до донаторот.  Во моментот е во тек фазата на евалуација во која ќе се избере еден регионален проект во износ од околу 80.000 евра. Проектот треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот и да одговара на потребите на регионот.

Со реализацијата на проектот ќе се придонесе кон одржлив, рамномерен и инклузивен регионален развој на регионот, што всушност ќе претставува и краен резултат на серијата регионални форуми.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy