Skip to content

5 Нови регионални проекти во Пелагонискиот регион

ДАТУМ

јули 11, 2018

Категории

Во понеделникот на 09.07.2018 Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, потпишаа договори за реализација на нови регионални проекти во Пелагонискиот регион.
ЦРППР ќе реализира уште 5 нови проекти со вкупна вредност од 23.268.492 мкд. Проектите се финансирани во рамките на Програмата рамномерен регионален развој за 2018 година финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој на РМ. Согласно Одлуката за приоритетна листа на проекти на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион Центарот за развој на Пелагониски плански регион во 2018 година ќе ги имплементира следните проекти:

  1. Заштита на животната средина и туристичките потенцијали во Пелагонискиот плански регион преку набавка на возила за собирање на комунален отпад(Општините Крушево, Демир Хисар);
  2. Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Општините Битола, Прилеп, Ресен);
  3. Подобрување на регионалните услуги преку опремување на простории во административна зграда во с.Ропотово Општина Долнени;
  4. Подобрување на регионалната поврзаност во Пелагонискиот регион преку реконструкција на општински пат од Пашино Рувци до регионален пат Р 2339 (Општина Кривогаштани)
  5.  Регулирање на коритото на Црна Река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир Хисар (четврта фаза).

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy