Skip to content

ЈАВЕН УВИД по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина по Нацрт – Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот регион

ДАТУМ

октомври 19, 2016

Категории

Се информира јавноста и сите заинтересирани правни и физички лица од Пелагонискиот регион, (општините Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Прилеп и Долнени) дека во рамките на проектот “Подготовка на документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски плански регион” (EuropeAid / 136347 / IH / SER / MK)”, финансиран од Европска Унија преку инструментот за предпристапна помош (ИПА) подготвен е Нацрт Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот плански регион за кој се спроведува постапка за Стратегиска оцена на животната средина, согласно одлуката од Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад бр. 03-192/2 од 29.07.2016.

За таа цел на јавен увид објавуваме:
Нацрт – Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот плански регион во електронска и печатена верзија на македонски јазик.
Правните и физички лица и јавноста може да го достават своето мислење во врска со Извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Соопштението за јавен увид.

Печатените верзии од горенаведените документи може да се разгледаат во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (Меѓуопштински одбор за управување со отпад во Пелагонискиот плански регион), со седиште во Општина Битола и во општинските канцеларии за ЛЕР во секоја општина поединечно. Електронската верзија на Извештаите може да се разгледа на веб страната на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и веб страните на сите општини во Пелагонискиот регион.

Јавниот увид ќе трае секој работен ден од 08:00 до 16:00 година, почнувајќи од 19.10.2016 до 19.11.2016 година.

Лице за контакт: Бојан Бојкоски, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Е-маил: it@pelagonijaregion.mk
Телефон за контакт: 075/357-773

Вашите мислења и сугестии можете да ги доставите на следната е-маил адреса: it@pelagonijaregion.mk или по пат на пишана достава до архивата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште на ул. Томаки Димитровски 7, Битола, како и во архивите на сите општини од Пелагонискиот плански регион.

Дополнително ќе биде објавена информација за местото, датумот и часот на одржување на јавна расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад во Пелагонискиот плански регион.

На следниот линк може да се погледне Нацрт Стратегиска оцена на животната средина за нацрт Регионален план за управување со отпад во Пелагонискиот регион – ПОГЛЕДНИ

Документ за јавен увид – ПОГЛЕДНИ

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy