Skip to content

ОЈУ Зоолошка Градина Битола обjавува оглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот: “Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Ин

ДАТУМ

февруари 3, 2014

Категории

ОЈУ Зоолошка Градина Битола обjавува оглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот:
“Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Иноватива”.

ОЈУ Зоолошка Градина Битола ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани  да  бидат  вклучени  во  реализацијата  на  активностите    на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно постапката за избор на Предавач за еднодневната обука во Битола.

Носител на проектот:
Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

Партнери на проектот :
–    Агенција за развој на Лерин – ”АНФЛО”

–    Општина Битола;

–    Општина Лерин;

–    Зоолошка Градина Битола.

Главна цел на проектот:
Да  придонесе  во  подобрувањето на  природните  ресурси  во  прекуграничниот регион    Пелагонија/Лерин    преку    креирање    и    менаџмент    на    иновативни
производи и услуги со цел подигање на општата свест во прекуграничниот регион, за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на животните ресурси.

Очекувани резултати од проектот:
–    Зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион;
–    Имплементирање на едукативни програми;
–    Воспоставување и активно функционирање на волонтерски систем во ЗОО Битола;
–    Таргетирање    на    пошироката    целна    група    (приближно    20    000),    и информирање  за   важноста  на   ресурсите  на   животната  средина  преку
иновативни едукативни програми.
– Градење на институционални капацитети за заштита на животната средина и заштитата на биодиверзитетот.
– Изградба на модерна инфраструктура во Зоолошката градина според EAZA
стандарди,

–    Зголемување    на    свеста    за    заштита    на    природните    ресурси    во прекуграничниот регион преку широка, иновативна, дигитална, медиумска кампања.

Финансиран од :
Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Грција – Р. Македонија
2007 – 2013 година, (Договор CRIS No: IPA / 2009/ DN021101/CN307-701).

За потребите на горенаведениот проект, потребно е ангажирање на Предавач кој ќе спроведе обука во времетраење од 1 ден во Битола, на следнa темa:

•     Изработка на Правилник за работа на Зоолошка Градина Битола (сет од интерни процедури за работата на ЗОО Битола.

Еднодневната обука ќе биде за изработување на Правилник за работењето на Зоолошката Градина Битола, односно изработка на сет од интерни процедури за работата на ЗОО Битола на која учество ќе земат 5 вработени во Зоо Битола и 5 вработени во Зоолошката Градина Лерин- Република Грција.

Временска рамка и локација за реализција на обуката:

Еднодневната обука ќе се одржи во месец февруари во Битола.

Превземените обврски од страна на Предавачот отпочнуваат 5 дена пред спроведувањето на еднодневната обука и ќе траат се до крајот на реализацијата на истата.

Договорниот орган го задржува правото за промена на временската рамка за одржувањето на еднодневната обука во Битола.

Очекувана методологија за реализација на обуката

Во текот на спроведувањето на обуката, ангажираниот експерт се обврзува да ја користи следната методологија:

Презентирање на наставните програми преку Power Point; Користење на печатени работни материјали;
Интерактивна групна работа; Иницирање на отворена дискусија; Користење на прашалник;
Евалуација;

Предавачот треба да ги исполнува следните критериуми:

1. Задолжително завршено високо образование и стручни квалификации во областа на заштитата и унапредување на животната средина, биолошка разновидност или менаџирање со еколошки ресурси и биологија.

2. Претходно учество на конференции; одржани обуки или тренинзи (домашни и/или меѓународни) поврзани со темата на проектот;

3. Да  има  работно искуство и  познавање поврзано  со  темата  на  обуката најмалку 5  години за  што  ќе  приложи соодветни препораки доколку  ги поседува.

4. Познавање на ЕАЗА стандарди и искуство со работа со диви животни ќе се смета за предност.

Сите заинтересирани и квалификувани кандидати може да конкурираат за спроведување на обуката.

Потребни ресурси:

Ангажираниот  Предавач  потребно  е  да  поседува  одлични  комуникациски  и презентерски способности.

Јазик на подготвените тренинг материјали:

Тренинг материјалите кои ќе бидат потребни за реализацијата  на еднодневната обука треба да бидат подготвени на македонски и англиски јазик.

Надоместок:

Предавачот ќе го добие својот надоместок по реализацијата на обуката, односно до крајот на реализацијата на Проектот.
Плаќањето ќе биде извршено на трансакционата сметка на Предавачот. Договорниот орган ќе го исплати и Персоналниот данок на Предавачот.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

•     ПРИЈАВА- во слободен формат со предложена методологија за реализација на обуката;
•     Кратка биографија на македонски или англиски јазик во европски формат
(EUROPASS);
•     Портфолио    за    успешно    реализирани    обуки/    тренинзи,    публикации поврзани со истата или слична тема на обуката;
•     Препораки за успешна реализација на најмалку 3 активности на иста или слична тема (доколку ги поседува);
•     Предлог материјали кои ќе се користат за време на обуката.

Апликациите треба да бидат доставени во печатена форма на следната адреса.

Зоолошка Градина Битола ул. Тумбе Кафе бб.

или по електронски пат на e-пошта

coordinator@zoobitola.mk

Краен рок за пријавување е 7 дена од денот на објавување на огласот. Огласот и описот на работните задачи можат да се превземат од веб страните:
1.  www.zoobitola.mk
2.  www.pelagonijaregion.mk
3.  www.bitola.gov.mk

Оглас и опис на работни задачи – Превземи

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy