Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 01 Април 2013 година во Хотел Милениум го одржа вториот тренинг кој беше со тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.
На тренингот присуствуваа претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од четирите општини во Битолскиот микро регион. Целта на тренингот беше учесниците да се запознаат за користа и важноста од мрежите и вмрежувањето за успешен регионален развој, за различните видови на мрежи, како и за улогата менаџментот во вмрежувањето и кои се клучните фактори за успешно вмрежување. Во наредниот период се планирани уште два тренинзи во секој од трите микро – региони на Пелагонија.
“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!