Skip to content

Македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

ДАТУМ

мај 23, 2010

Категории

Конституиран во 1956 година, Македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ континуирано е домаќин на најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Оваа година МТФ се одржува од 5 – 10 Јуни, а беше отворен јубилејно, по 45-ти пат, со претставата „Тупаница полна со љубов“ и со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Ратка Чоревска, Мите Грозданов и Чедо Христов. Фестивалот свечено беше отворен од страна на заменик-министерот за култура на Р. Македонија, Драган Недељковиќ, а пред публиката се обратија директорот на фестивалот, Петар Темелковски и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото отворање му претходеше отворање на изложбата на академскиот вајар Жарко Башески во ликовната галерија и изложбата на слики од ликовната колонија Де Ниро од Битола.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма и е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија и Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy