Skip to content

Формализирана структурата за регионален развој на Пелагонискиот плански регион кој го сочинуваат општините Ресен, Битола, Новаци, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево, Долнени и Прилеп обединети во слоганот: „Европска визија за Пелагонија

ДАТУМ

мај 14, 2010

Категории

Со свечената промоција на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се формализира структурата за регионален развој на Пелагонискиот плански регион кој го сочинуваат општините Ресен, Битола, Новаци, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево, Долнени и Прилеп обединети во слоганот: „Европска визија за Пелагонија“ …

На свеченото отворање на 14.05.2010 година во хотел „Милениум“ во Битола присуствуваа заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање г-ѓа Соња Лепиткова, државниот секретар во Секретарјатот за евроски прашања Јован Андоновски, Претседателот на Совет за развој на Пелагонискиот плански регион и Градоначалник на Општина Битола Владимир Талески и градоначалниците на другите општини од регионот, Конзули, преставници на здруженијата на граѓани, бројни гости и пријатели на Пелагонискиот плански регион.

Свечената церемонија беше поделена на свечен и работен дел. Во свечениот дел заменик министерот за локалан самоправа Фарук Фератовски им се обрати на присутните истакнувајќи дека минатата година Владата на Република Македонија овозможи средства од над 1,29 проценти од Бруто домашниот производ за регионален развој.

Овој Центар треба да биде ефикасен инструмент за реализација на заедничките или проектите што ќе добијат приоритет – рече г-дин  Фератовски прогласуваќи го центарот за отворен.

Во работниот дел односно инфо сесијата, г-ѓа Офелија Каљошевска- Раководител на секторот за координација на странска помош, ја презентираше странската финансиска поддршка во Република Македонија објаснувајќи го значењето на аплицирањето со проекти, кои се нивните позитвни и негативни страни и исто така како да се внимава кон пристапт за аплицирање за да не бидат одбиени истите.

Втората и третата презентација на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција и Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ги оддржа г-ица Мартина Антич Раководител на одделение за ИПА при Министерство за локална самоуправа.

Прв раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е г-ѓа Емилиа Ѓероска.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy