Од 9 – 15 мај во Словенија и Хрватска во организација на ГТЗ РЕД се реализира студиското патување за размена на искуства во регионалниот развој во земја членка на Европската Унија и земја со кандидатски статус. На студиското патување беа посетени повеќе организации и институции кои на учесниците од планските региони и општините им ги пренесоа своите искуства …
Студиското патување се организира во рамките на активностите за јакнење на капацитетот на единицита на локалната самоуправа во делот на локален економски развој и Центрите за развој на планските региони во Република Македонија. Нешад Аземовски како претставник на Пелагонискиот плански регион оствари непосредна комуникација и соработка со претставниците на градот Риека и развојната агенција од овој град „Порин“ како и со претставниците на Агенцијата за регионален развој на Нотрањско – крашката регија во Словенија.
No comment yet, add your voice below!