Skip to content

Промоција на проектот за реновирање на ЗАВОДОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА – ОТЕШЕВО

ДАТУМ

октомври 10, 2024

Категории

 

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион успешно го имплементираше проектот за реновирање на ЗАВОДОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА – ОТЕШЕВО со поддршка на 🇨🇭Владата на Швајцарија, 🇲🇰Министерството за локална самоуправа и Општина Ресен.
Оваа установа според својата функционалност и начин на делување во своето подрачје, има нe само регионално, туку и национално значење, затоа што во неа доаѓаат пациенти од целата држава и странство. Покрај придонес кон подобрување на здравствените услуги за граѓаните на овој регион и пошироко со проектот се придонесува и кон отворање на можноста за развој на таканаречениот здравствен туризам за кој овој дел од регионот има предиспозиции. Дополнителна вредност на овој проект што истиот е резултат на серијата на регионални форуми на заедницата кои што Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги спроведе како алатка за приоретизација на регионални проблеми и потреби и преку кои дирекно се пренесува гласот на граѓаните од сите наши општини.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман го посетија Заводот, со цел на лице место да се уверат во напредокот и процесот на спроведување на мерките за подобрување на условите во установата. Домаќини и соговорници им беа директорот на Заводот, Благоја Китановски, градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy