Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион успешно го имплементираше проектот: Подобрување на условите за живот на маргинализираните и ранливите категории жители во Пелагонискиот регион преку обезбедување на инфраструктурни и технички услови за нивна социјална инклузија со кој се изгради нов детски парк во Ресен. Паркот се наоѓа во централното градско подрачје во Ресен и содржи лизгалки, двојни нишалки, клацкалки и пропратни елементи како и заштитна подлога од гумирани плочки за заштита при пад. Проектот е финансиски поддржан во рамките на Програма за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа која што се спроведува преку Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!