Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави ново мултифункционално комунално возило – камион со плуг за чистење на снег и распрскувач за песок и сол за потребите на Општина Крушево. Возилото е набавено во рамките на проектот: ”Зајакнување на техничките капацитети на јавните комунални претпријатија во регионот за зимско чистење и одржување на патната инфраструктура” финансиски поддржан од ПРОГРАМАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 2022 на Министерството за локална самоуправа, која се реализира преку Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!