Центарот за развој на Пелагонсикиот плански регион започнува со реализација на нова серија на регионални форуми по однос на две програми:
– Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ (“Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, кој што е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка )
– Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на МЛС/БРР.
Целта на форумите е заеднички со партиципативен пристап да се дефинираат и селектираат најрелевантните проектни идеи и да се работи на нивно процесирање до реализација.
Сите идеи и предлози се добредојдени.
За таа цел Ве покануваме со вашите идеи да бидете активен дел од форумите и заедно да работиме на изнаоѓање на решенија за потребите кои што не засегаат сите нас како граѓани и како регион.
Поради почитување на КОВИД-19 протоколите Ве молиме да го потврдите Вашето учество на работилницата најдоцна до петок 11.03.2022 година на следната адреса: info@pelagonijaregion.mk
Првата форумска сесија ќе се одржи во Вторник 15.03.2022 со почеток од 11:00 часот во Хотел Милениум Битола
No comment yet, add your voice below!