Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот.
Во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на МЗШВ во руралните средини на Пелагониските општини ќе имплементира проекти со вкупна вредност од 4 372 678 денари.
Целта на проектите е да се олесни пристапот до обработливите површини, како и да се зголеми и олесни производството на земјоделски производи.
No comment yet, add your voice below!