Skip to content

Набавен е функционален комплет на механизација (товарно возило, плуг и соларка) за зимско одржување

ДАТУМ

април 20, 2021

Категории

Набавен е функционален комплет на механизација (товарно возило, плуг и соларка) за зимско одржување на сите видови на патна инфраструктура на територијата на општина Демир Хисар
По барање на Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави ново возило за потребите на Јавното претпријатие на самата Општина.
Бенефит од проектот ќе имаат околу 30.000 жители на Пелагонискиот регион. Покрај физичкото чистење на снегот, набавената механизација ќе вклучи и специјална опрема (соларка) за еколошко справување со можната појава на мраз и голомразица на патиштата.
Механизацијата ќе се користи за непречено одвивање на патниот сообраќајот во зимски услови, навремено пристигнување на учениците и вработените до училиштата и работните места, навремен дотур на стоки до населените места и генерално побезбедно одвивање на целокупниот сообраќај во регионот.
Набавената опрема за општина Демир Хисар ќе овозможи:
Намалување на трошоците за зимско одржување на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион
Зголемена безбедност на патиштата во зимски услови во Пелагонискиот регион
Зголемена проодност на патиштата во Пелагонискиот регион
Возилото е набавено во рамките на Програмата за рамномерен регионален која Министерството за локална самоуправа ја спроведува преку Бирото за регионален развој и со сопствено кофинансирање на Општина Демир Хисар.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy