Продолжуваат активностите за зајакнување на капацитетите за развој на Пелагонискиот регион. На 25-26 Јануари 2017 година во рамките на проектот Итнегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион се одржа дводневна обука наменета за зајакнување на капацитетите на организациите членки на мрежата. Во рамките на двата работни дена членките имаа можност да се здобијат со повеќе знаење од темите : Управување со проектен циклус, мониторинг и известување, финансиско управување со проекти, фондови достапни за макеоднските институциии и организации, стратешко планирање и македонски и меѓународни нормативни за транспаретно лобирање во локалната самоуправа. Обуката се реализираше во партнерство со Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Бизнис Академија Смилевски од Битола.
No comment yet, add your voice below!