На 5 декември 2016 година, во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион беше одржан Информативен настан за финансиските инструменти наменети за бизнис секторот.
Информативниот настан беше организиран во заедничка соработка помеѓу ЦРППР, Регионалната Стопанска Комора во Битола и Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион.
На информативниот настан присуствуваа претставниците на бизнис секторот од Пелагонискиот регион, членките на ИМРР, претставници на локалната самоуправа. Од страна на предавачот од Регионалната Стопанска Комора, г-дин Никола Димковски беа презентирани програмите Хоризонт 2020 и МСП интрументот кој е исклучиво наменет за финансирање на проекти за мали и средни компании. Детално беа опфатени и објаснети трите фази при поднесување на проектни апликации во МСП инструментот као и детално беа презентирани темите кои се прироритет за аплицирање во 2017 година.
Од страна на претставниците на ЦРППЕ беа презентирани програмата и услугите кои ги нуди Бизнис Центарот во рамките на ЦРППР за бизсни секторот , како детално беа презентирани активностите кои Интегрираната Мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион ги превзема за подобрување на економскиот развој во Пелагонискиот регион.
No comment yet, add your voice below!