Во Кривогаштани се работи на изградба на регионалниот пат Р2335. Патот ќе биде изграден во вкупна должина од 208м, ширината на патот ќе биде 7м со патеки од бехатон плочки од двете страни на коловозот и со површина од 796м².
Изградбата на овој регионален пат е дел од една урбана целина во општина Кривогаштани на која Центарот за развој на Пелагониски плански регион заедно со општина Кривогаштани работи во изминатиот период. Целината се започна со подготовката на техничка документација за изградба на паркинг на сточен пазар во Кривогаштани, потоа изградба на паркинг на сточниот пазар во Кривогаштани, изградба на тротоар, партерно уредување на плоштадот околу општинска зграда во Кривогаштани и сега имплементација на проектот за изградба на дел од регионален пат Р2335.Изградбата на овој регионален пат овозможува поврзување со сточниот пазар во Кривогаштани кој е најголемиот сточен пазар во Пелагонискиот регион и на кој транзитираат голем број на товарни возила со останатиот дел од општината и регионот. Преку имплементацијата на овој проект ќе се подобри секојдневното општествено-економско функционирање на најмалку 115.000 жители од микрорегионот Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар-Долнени. Ќе се создадат услови за зголемена пазарна активност на најмалку 300 продавачи и најмалку 2000 купувачи од овој микрорегион, кои на дневна основа ги користат регионалниот зелен и регионалниот сточен пазар во Општина Кривогаштани.
Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион, а истиот е финансиски поддржан од страна на Бирото за регионален развој на Република Македонија, преку Програмата за регионален развој за 2016 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.435.925,15 мкд со ддв.
No comment yet, add your voice below!