Денес во општина Могила, Центарот за развој на Пелагониски плански регион одржа прес конференција по повод започнувањето на имплементацијата на проектот: ’’Изведба на втора фаза на регулација и партерно уредување на коритото на р.Шемница, во делот низ населено место Могила’’
Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион а истиот финансиски е поддржан од: Програмата за регионален развој на Министерство за локална самоуправа преку Биро за регионален развој на Република Македонија.
Уреденото корито ќе значи намалување односно точкасто елиминирање на можноста од излевање и поплави на Црна Река и нејзините притоки на квалитетно обработливо земјоделско земјиште. Со изградбата на коритото се придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и забрзување на неговиот севкупен развој, подобро управување со природните ресурси во регионот и намалување на ризикот од излевања на Црна Река и нејзините притоки и појава на поплави на земјоделско земјиште во регионот.
No comment yet, add your voice below!